Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter
Скопје

Бесплатни слободни за студенти

Градот да плаќа за слободните карти на редовните студенти запишани на сите државни и приватни универзитети во Скопје, е иницијатива на Либерално-демократската младина ЛиДеМ и советничката група на ЛДП во Советот на Скопје. Бесплатниот превоз во јавниот градски сообраќај, според иницијативата, треба да важи од октомври до крајот на јуни, односно за периодот додека се одвива наставната година, од понеделник до сабота. Бесплатниот превоз би важел на сите градски линии на кои сообраќа Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. За слободните карти, Градот Скопје би требало да го субвенционира ЈСП со дополнителни 6 милиони денари за една наставна година. ЛДП предлага парите за оваа учебна година да се обезбедат со првиот нареден ребаланс на градскиот буџет. ЛДП образложува дека бесплатниот превоз за студентите го иницира поради влошената економска состојба, повеќегодишната рецесија и намалениот студентски стандард. (С.Н.)


#
Статијата е прочитан�� 966 пати.

Испрати коментар

Од: Georgina
Датум: 03.09.2010 09:36:51
Konecno nekoj da se seti na mladite na idninata na ovaa drzava,Ovaa vlas pobitno i e minatoto od idninata.Sekoja cest na LDP znaat da zastanat na stranata na graganite

Најди! во Утрински
Скопје
ДУП „Стара железничка“ не смее да ја наруши работата на Музејот
Камен-темелник за нова зграда на Општина Бутел
Огромен интерес за становите за млади
Нов конкурс за управна зграда






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma