02.09.2010, 15:25 Огромен интерес за становите за млади
Со електронска распределба денеска ќе се доделат шеесетина станови за млади брачни парови што ги изгради Јавното станбено претпријатие во Ново Лисиче. Министерот Миле Јанакиески вчера информираше дека 210 млади брачни двојки доставиле апликации за становите што се продаваат по повластени цени. Државата ќе распредели 56 стана од вториот оглас на Министерството за транспорт и четири од првиот.
„Има голем интерес, односно 3,5 апликанти за еден стан. Очекувам сите што заслужуваат да добијат стан. Во иднина продолжуваме да ја реализираме Програмата за изградба на станови“, изјави вчера Јанакиески и најави дека на локацијата на постојните општински бараки на Бутел идната година ќе се гради најголемата зграда со социјални станови, со вкупно 350 стана. (Дс.Т.) |