Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Македонија
17.10.2011, 18:41

Светот доаѓа на поклонение во Света Гора

Новинарот на „Утрински весник“ престојуваше во ова, по многу нешта, единствено место на земјата. На Света Гора не само што е забрането да стапне нога на жена туку и животните мора да бидат од машки пол

Киро Кипроски



Света Гора - Света Гора е држава во држава. Единствено место на светот каде што живеат само калуѓери и животински свет од машки пол, а дозволена е посета, исто така, само на машкиот пол. На Света Гора е невозможно размножување на животинскиот свет.

Највпечатливи мисли што ја отсликуваат реалноста во ова место има напишано еден мудрец: „Царство без круна, држава без војска, земја без жени, богатство без пари, мудрост без училишта, кујна без месо, молитва без престанок, врската со небесата без прекин, пеење за Христос без замор, смрт без жалење - тоа е Света Гора“.

„Утрински весник“ беше на самото место. Во десетдневниот престој разговаравме со монаси од повеќе манастири, со игумени, но и со посетители од разни држави на светот. Ноќевавме во манастирски конаци. Бевме пречекани со голема љубов, на заедничка трпеза јадевме со монасите и тоа секојдневно по два оброка, без месо, но затоа беа обилни и вкусни, со многу витамини и минерали, овошје и зеленчук. За да видиме што повеќе, да посетиме поголем број манастири, времето рационално го користевме. Пропешачивме стотина километри по тесни патеки низ планинските беспаќа, по карпи и камења по кои минувале монасите низ вековите и уште толку минавме со брод, со комбе и со автобус. Реалноста ги потврди мудрите мисли на старецот.

За да се престојува на Света Гора потребно е да се добие виза (диамонтирион) од Одделението на поклоници на Света Гора во Солун. Претходно, еден од 20-те манастири треба писмено да прифати да биде ваш домаќин и да ви испрати покана за престој. Ние оваа процедура ја завршивме без проблеми благодарение на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј.

Голема беше возбудата да се посети Света Гора. Да се поклониш на светците, да се помолиш за здравје, да бидеш во простор на беспрекорен мир, духовно да се напојуваш на местото на кое секое камче, секоја педа земја, се' е свето и чудесно. Неповторливо е чувството, оти никаде на светот не може да се сретне толку многу светост на едно место. Многу мудрости слушнавме од старци што го минуваат животот во црна мантија, каде монашката ќелија е нивниот дом и свет, храм за секојдневни неколку часовни молитиви и активно учество на богослужбата и на литургијата.

За десетте дена минати на Света Гора имавме променливо време. Првите денови беа убави. Сончевите зраци блескаа од куполите на манастирите, а морските води ги заплискуваа темелите на манастирите. Прекрасна глетка која одмора и те прави среќен. Но, расположение владееше и во деновите исполнети со дожд. Ниту дождот, ниту, пак, ветрот не не' спречија да посетиме се' што сме планирале.

Мајката Божја, како што велеше еден од групата, ни дава сила да истраеме и да ги пребродиме сите тешкотии и маки. Всушност, иако бевме натоварени со по триесеттина килограми, се движевме лесно и не почувствуваме мака да не можеме да го продолжиме движењето. Повторно два дена сонце со високи температури, за на крајот од престојот полуостровот да го зафати невреме. Почнаа да дуваат силни ветрови, да врне дожд, а температурата се спушти дури до 5. Целзусов степен. Кога ноќевавме во манастирот „Григоријат“, монасите го запалија парното греење и ни беше попријатно.

Посебно доживување беше утрото во пристаништето Уранополис пред да тргнеме со брод за Света Гора. Во собата во која спиевме (за што плативме по 8 евра за кревет), око не затворив. Постојано во мислата ми беше како ќе биде. Не дочекавме будилникот да не' разбуди, низ калдрмисаната улица слушаме тропоти на чевли и на стапови. Глувата ноќ беше нарушена од неколкуте стотина гости. Од сите куќи излегуваат само мажи, по сокачињата кои како поточиња се влеваат во главната улица тие низ ноќта итаа кон канцеларијата за ја земат визата. Во ноќта пред тргнување на бродот се вршат и последните подготовки. Продавниците, кафулињата, рестораните се отворени, тоа е можност да се спечали некое евро, а гостите да се снабдат со плус ранец, блуза, виндјакна, стап...

Пред бродот има долга редица на патници. На самиот влез, пак, од нозе се врши пасошка контрола. Бродот е преполн со патници од сите страни на светот. Разговорите се водат на англиски, руски, германски, на грчки, српски, бугарски, романски, грузиски... Се склопуваат нови пријателства. Кај сите патници се чувствува задоволство, радост што ќе ја посетат Света Гора. Меѓу патниците има и монаси и свештеници од повеќе православни држави што тргнале на поклонение.

На палубата на бродот разговарав со 60-годишниот Христо Андрополус. Неговите родители биле родени во село Битуше, Леринско, а тој во Мелбрун, Австралија. Дел од својот одмор ги минал во Охрид, Битола, Скопје и во други места во Македонија, ги посетил роднините. На Света Гора ќе престојува само еден ден, сака да ја почувствува светоста, да посети еден манастир и да го почувствува монашкиот живот.

По нешто повеќе од половина час пловење почнавме да ги здогледуваме манастирските пристаништа. Бродот застанува на пристаништето Јованица, од каде пешки за еден час се стигнува во манастирот „Хиландар“. На секои десеттина минути бродот застануваше, како приградски автобус, едни слегуваа, други се качуваа. Капетанот најавува дека ќе застане на пристаништето Арсане и да се подготват патниците што ќе одат за манастирот Зограф. Потоа, од самиот брег пред нас се издигнаа конаците на манастирот „Дохијар“, на „Ксенофонт“, на „Пантелејмон“.

По час и половина бродот вплови во централното светогорско пристаниште Дафни. Од тука со комбиња и автобуси по макадамски пат (мали делници беа бетонирани) патниците се превезуваа до светогорската престолнина Креја, или до некој манастир, скит или монашка ќелија. Натаму бродот продолжува кон пристаништата на Симонопетра, Григоријат, скитот на Света Ана, манастирот „Св. Павле“, а попладнето повторно се враќа по истата маршрута и ги собира оние што сакаат да се превезат до друго пристаниште.

Света Гора се простира на површина од 400 квадратни километри. Полуостровот Атос е последното од трите најмали полуострови и се протега на југ во продолжение на полуостровот Халкидики. Од западна страна е Сингитскиот залив, а од јужна Егејското море. Полуостровот Атос е долг 40 километри, широчината се движи меѓу 8 и 16 километри, а врвот Атос, по кој полуостровот го има добиено името, е висок 2.033 метри. Масовно се посетува на 6 август на Преображение. За да се стигне до овој врв се поаѓа од Лаврата посветена на свети Атанасија, а се користи и планинарската патека од скитот најсвета Ана.

Големо градилиште

Само што почнавме да се приближуваме кон брегот на кој како бисер се нанижани манастирите, меѓу високите кули и конаци здогледавме и кранови што ја нарушуваат глетката. Во сите манастири речиси неколку години се одвиваат интензивни градежни работи. Се градат нови манастирски конаци, се обновуваат напуштени цркви, се осовременуваат манастирските објекти, а дотраените покриви се заменуваат со автентични камени плочки. Сепак, во два манастира времето застанало во 19 век. Манастирот „Ставроникита“ се' уште нема електрична енергија. Кога ќе се стемни конаците, трпезаријата и другите простории се осветлуваат со газиени ламби. Овде ја минав најубавата ноќ. Тука од сите страни зрачеше духовност, мир и спокојство. Без струја е и манастирот „Констамонити“. (К.К.)





Статијата е прочитана 2467 пати.

Испрати коментар



Вевчанските стари градби ќе станат национални добра
Наградено интегрираното образование во Прељубиште
Бројки
Продолжува агонијата на А2
Акцелераторите зрачат, па не зрачат
Нови штрајкови во Грција
Субвенциите се најголемата пералница на пари



Realist, 18.10.2011 01:16:08
Cudno samo mazi,ami neli Gospod propovedase da ziveat mazi i zeni,kade se kalugerkite na koj ostrov,dali se posetuvaat ,kolku cesto,e more novinarce napravi podobra reportaza sledniot pat.
Ljubotan-Trade Name, 18.10.2011 03:38:59
,,За да се престојува на Света Гора потребно е да се добие виза (диамонтирион) од Одделението на поклоници на Света Гора во Солун.Претходно, еден од 20-те манастири треба писмено да прифати да биде ваш домаќин и да ви испрати покана за престој. Ние оваа процедура ја завршивме без проблеми благодарение на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј,I mojata famolija bese, i ja poseti Sveta Gora,Sepak mojata Familija bese Gostin iPrifatena od Srpskiot Manastir Hilendar,a Vasata Poseta;Od Koj Manastir,e prifatena ne ni kaza!Za edno vakvoo patesestvie statiava e siromasna,ova treba da izleguva vo nastavci! A za; Denovite na Kiril Pejcinovic vo Hilendar ne ni spomenuvas!A,prva Zenska noga na Hilendar e stapnata od Zenata na Car Dusan Elena i e Edina,sto gi posetila site manastiri, a sestra na Bugarskiot CarJovan-Ivan Aleksandar!1374 godine So mazot Dusan i sinot stapnale vo Sveta Gora.Carica Elena pogrebena e vo Manastirot Matejce kraj Kumanovo! Kipro promuckaj, pa pisi!
mira, 18.10.2011 09:51:21
e da bev masko pes ke trgnev tamu lubovta bozja ja ima tamu i cistota na srceto sveta goro majko mila ke go spasis narodot od lucifer
vlado, 18.10.2011 09:57:39
do Ljubotan....Druze sekoj znae da kritikuva, no samo strucnjak znae da fali..
K. Veleski, 18.10.2011 10:31:52
Dobro bi bilo i crkvite da organiziraat nekogas i poseta.
Natasha, 18.10.2011 12:14:28
Zoshto na zenite da ne im e dozvoleno da ja posetat Sveta Gora? Pa i nie sme luge
nekoj, 18.10.2011 13:47:25
Ne smeele zeni... Ima li kraj na religiskite gluposti... Pa uste zeni so isplaknat mozok go prifakjaat ova, da bidat smetani za nepodobni da stapnat nekade... Napred - kon 12 vek!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Облачно

Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |