Еден загинат во судир на „Партизанска“
Педесет и осумгодишниот скопјанец К.Е. (58) загина во сообраќајна несреќа што завчера се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Според МВР, околу 21,45 часот дошло до судир меѓу „сеат толедо“, управувано од К.Е. и „даеву ланос“, управувано од А.Ш. (29) од Скопје, по што возачот на „сеат“ се здобил со тешки повреди на кои им подлегнал во болница. (Г.А.) |