Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Судиските грешки ја уништуваат играта

Недосудениот гол на Лампард и голот од офсајд на Тевез фрлија црна дамка на Мундијалот

Наум Котевски

„Топката за еден метар ја помина линијата. Тоа е неверојатно! Тоа беше најважниот момент на мечот и да беше признат голот на Лампард, можеше да биде поинаку“, викаше на цел глас Фабио Капело по дебаклот со Германија, без да сака, како што кажа, да ја намали вредноста на победата на „панцирите“.

Го слушнаа тој разочаран глас на Италијанецот и Лампард и Марадона па унисоно со позаглушувачка фреквенција од вувузелите поентираа: „Аман воведете ја еднаш веќе таа технологија“.

Kратко време по раката на Тиери Анри и кражбата на Ирците во одлучувачкиот квалификациски меч со Франција, јавноста повторно се замарува со судиите како главен фудбалски фактор, а не со самата игра. Ако таа манипулација со јавноста смислено ни ја смести ФИФА џентлменски и симнуваме капа и признаваме дека и' успеало да не насамари.

Додека го чекаме одговорот на Сеп Блатер ќе ја вртиме лентата со тажниот епилог на двете осминафиналиња на најголемата можна сцена со две кардинални грешки. Непризнат гол на Франк Лампард за 2:2 во поразот на Англија од Германија (1:4) и офсајд на Тевез за водство во победата на Аргентина над Мексико (3:1).

Може слободно да кажеме дека тоа беа ситуации видливи со голо око и од „магливото прозорче“ на „Аполо 13“! Но, таа наша луцидна игра со зборови држи само кога удобно сме сместени во домашнит�� фотелји и онака лефтерно бистрими за бистрите очи на судиите Росети и Ларионда и нивните помошници. Многу пообјективно би било да ја употребиме веќе излитената фраза дека и судиите се луѓе. И се.

Фудбалот како игра сега е далеку подинамичен и човечкиот фактор ја губи силата за тотална контрола врз играта. Несфатливо е зошто ФИФА не сака да признае дека живееме во 21 век и складно со таа вистина треба да се прилагодат правилата на фудбалската игра. Впрочем и по мечот Франција - Ирска кажавме дека првото нејзино правило вели дела победувањето нема вредност ако не е чесно. Оттаму чуди зошто оваа институција не реагира на елиминирање на неправдата, ако веќе технологијата го овозможува тоа. Не држат веќе тезите на Блатер дека така фудбалот би загубил од својата динамичност, примамливост, природност. Од инсталирањето на „соколовото око“ во другите спортови (како тенисот, хокејот) видовме дека со правилно воведен систем (секој ќе знае кога и зошто може да се употреби снимката) би се губело на време како една обична измена. Така не се нарушува динамиката, како што сега е нарушена довербата. Обвинувањето дека ФИФА на овој начин и натаму сака да ја држи контролата врз играта е тешко и без доказ. Од канцеларијата на Блатер велат дека не смеело да се пушти снимка од офсајдот на Тевез на екранот на стадионот.

И овојпат лошите судиски одлуки не ставија во ситуација некого да жалиме, а некого не. Ако за Мексико може да кажеме дека е жално што беше елиминиран, поради својата храбра и добра игра во сите натпревари, а не поради лошата игра на Аргентина (напротив и „гаучосите“ брилјираа), за Англија дури може како објективни гледачи и да ни биде мило. Дојдоа Англичаните како „златна генерација“ со уште позлатен селектор. Плус Италијанец кој требаше со својата рационалност, знаење, искуство да го истера духот од 1966, кога Англичаните ја освоија единствената светска титула. Но, ништо од пустата желба да се докаже дека фудбалот е англиска измислица. Тој дух остана да лебди. Како што останаа одамна залепените „епитети“: самобендисани, самозаљубени, самозадоволни. Извикани ѕвезди без покритие. Тоа се коментарите и на објективната англиска јавност, која тажи, ама не сече вени. А, дефитивно нема ни за кого. Тоа сигурно не би го направила за „златната генерација“ на која, ете, и Капело не и се погоди. Се сменија многу селектори, домашни и странски ама крајот е ист. Секогаш Англичаните одат на Мундијал со голема амбиција со изјави од типот дека и „среброто нема да не' задоволи“. Така беше и сега. Но, на теренот веќе видена трагедија. Затоа и самите Англичани не чувствуваат болка.

Големиот љубовник Тери никогаш не бил помал. Жално беше да се гледа како величенствениот дефанзивец на Челзи во тандем со Апсон Германците го играат како на плејстејшн. Бери и Милнер дефинитивно немаат блескава репрезентативна иднина. Ама, затоа Хески има жална пензија (иако има пари).

Ниту најголемите Руни, Лампард и Џерар не беа на нивото. Сигурно и Капело долго ќе размислува што правеше и што требаше поинаку да направи со Руни. Го гушеа ли Хески и Дефо? Му требаше ли воздух како во Манчестер Ј? Додека размислува Дон Фабио, Бекенбауер ќе продолжи да го зафркава: „Ти кажав ли дека го враќаш англискиот фудбал дваесет години назад!“.

Конечно, голманската позиција ја отсликува жалната вистина за англискиот фудбал. Дека со ангажирањето на многу странци дополнително се губи силата. Во најдобрите англиски клубови бранат Алмунија, Чех, Рејна, Ван дер Сар...., а на англискиот гол, Џејмс (со своите 39 години се уплаши од ударот на Милер) и Роберт Грин („зелен“ прв гол од кој се тргна на лошо).

На другата страна Германија. Веќе кажавме уште во фазата по групи дека тоа е спој на директност, рационалност, ефективност, едноставност. Збир на одлични фудбалери, кои се ѕвезди во своите клубови, ама не се планетарни. Никогаш го немале тој селебрити статус на Тери, Лампард, Роналдо... Таа поголема приземност и отсутност од холивудските филмови ги прави и покомпактни од Англичаните.

Тие секогаш ја знаат целта, а и патот до неа. Победничка навика, победнички менталитет и голема верба во себе, но темелена на објективен континуиран квалитет. И со Кедира, Озил и Боатенг, Германија пак е Германија. Тоа го признаа и Капело, Џерар и Лампард. Беа едногласни во оценката дека биле надиграни од тим кој е совршен во завршницата. А тоа е еден од главните предуслови за успех! А и предуслов да гледаме извонредно четврт-финале в сабота со феноменалната Аргентина.


#
Статијата е прочитана 1885 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 29.06.2010 00:10:33
Fudbalot mora da se modernizira. Krajno vreme e za voveduvanje na tehnoloski pomagala, bedejki ova veke lici na cirkus. Bese napravena ekspertska rekonstrukcija na golot na Lampart, vo koja glavnata uloga ja imase poranesniot svajcarski sudija Urs Mayer. Topkata bece celo 40 cm zad gol linijata. Agolot, visinata (1,80m) i dalecinata (36,3m) na liniskiot sudija se tolku nepovolni, sto e voopsto nemozno da se vidi kade tocno udira topkata, duri i da miruva na mestoto kade sto udri taa. Zatoa FIFA mora dobro da razmisli za voveduvanje na dopolnitelni pomagala (chip, gol-liniski sudija ili video snimka), koi od vcera dobivaat se pogolema podrska od strana na strucnata javnost.
Од: Uko
Датум: 29.06.2010 08:42:22
seto ova me asocira na filmot "svedok". Se doeka bese edinstven- svedokot bese izlozen na opasnost da iscezne i se da si prodolzi po staro, No koga brojot na svedoci se zgolemi bese iluzorno da se krie zlocinot. Isto i so Tavez, sudiskoto ubeduvanje vazese se do momentot koga cela publika ne stana svedok na greskata.. Duri i samiot sudija. Sto ponatamu da se krie. Zalni bea sudiite koi samo poradi Fifa, ja potisnaa vistinata.
Од: Stefan
Датум: 29.06.2010 11:41:52
Како што рече демократ не можеме да ги кривиме судиите кои тоа го виделе од голема далечина и под многу остар агол. Апсолутно не се виновни судиите за грешката.
Од: intelekt
Датум: 29.06.2010 13:25:55
navistina necesno!toj doticen "sudija" mora da se kazni!sramno!
Од: BOGDAN IVANOV
Датум: 29.06.2010 13:52:04
Neverojatno i nenamerno(mecot go imav tipuvano-x; 0-2 i gol posle 29 minuta) no i da sakav nemase taka da se "sluci" a se "sluci " tokmu Anglicanite(koi imaat najsilen glas vo fudbalskata vlada) da bidat pogodeni od nereseniot problem za koj (kako sto kazav pred mundijalot)imam mnogu ednostavno i eftino resenie bez upotreba na tehnika. Sto se odnesuva do vtorata situacija, cist propust na sudiite. Ne veruvam deka mediumite bi bile zainteresirani ili hrabri da go slusnat mojot predlog.

Најди! во Утрински
Спорт
Шпанците чекаат да проработи Торес
Понижени од Германците, ограбени од судиите
Марадона како татко со играчите
Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
„Вилијам Хил“ го призна голот на Лампард
Иниеста
Вебер среќен што спаси жива глава во Валенсија
Белгиската пресметка на Вимблдон за Клајстерс