Број 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор

Ексминистерот се враќа веднаш во Македонија со владиниот авион, Тарчуловски ќе биде во некој европски затвор

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Хаг - Ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, се враќа со чист образ во Македонија, откако Хашкиот трибунал вчера донесе одлука дека не е виновен за воените злосторства извршени во селото Љуботен во август 2001 година. Владата вчера ги остави отворени 24 часа аеродромите и најави дека ќе го испрати службениот авион за да го врати Бошкоски што е можно побргу во Македонија.

Со тоа заврши сагата на ексминистерот, но продолжи агонијата на неговиот подреден Јохан Тарчуловски, кој, според Хаг, дејствувал по наредба, но директно учествувал во дела кои можат да се квалификуваат како воени злосторства, па ќе мора да издржи затворска казна од 12 години во некоја од европските држави. Времето поминато во притворот во Шевенинген влегува во рамките на оваа затворска казна.

Одлуката за Тарчуловски го расипа расположението меѓу Македонците дојдени во

Хашкиот трибунал, а министрите и претставници на владата во еден момент заплакаа. Најтешко, сепак, и' беше на неговата сопруга Соња Тарчуловска, која растревожена и расплакана го напушти експресно Хашкиот трибунал.

И во Хаг се потврди тезата дека пониските службеници најчесто ја плаќаат цената, бидејќи, според објаснувањето на судијата Кевин Паркер, очигледно е дека Тарчуловски дејствувал по нечија наредба од висока функција, но немало докази кој или кои лица стојат зад неа.

Тарчуловски е обвинет за планирање и учество во убиство на тројца етнички Албанци од Љуботен, за кршење на законите за војување, за безобѕирно уништување куќи и за сурово постапување со жители во селото.

По изрекувањето на пресудата, Бошкоски и Тарчуловски бледо и вознемирено се поздравија во судницата, бидејќи пресудата ги раздели на двете страни на правдата по три години заедничка правна битка да ги оправдаат однесувањата за време на воената криза во Македонија. Тарчуловски во судницата дојде со црвено-жолта вратоврска како знамето на Македонија, но асоцијацијата беше дека остана единствениот што треба да го потврди несоодветното однесување на македонските безбедносни служби за време на воената криза и единствениот кој досега ќе понесе одговорност за војната.

Според образложението на судијата, двајцата беа обвинети за убиство на шест невооружени Албанци, за тешко малтретирање на 13 други, за палење и уништување на 14 куќи и малтретирање и тепање на деведесетина други жители на селото - Бошкоски според командна, а Трачуловски за лична одговорност. Притоа, Советот на Хашкиот трибунал заклучил дека во август 2001 година постоел оружен конфликт во Македонија и дека акцијата на полициските сили во Љуботен не била легитимна, ниту пак воено оправдана, бидејќи селото не било воено засолниште на ОНА.

Паркер нагласи дека некои од изјавите на сведоците-Албанци не биле вистинити околу присуството на ОНА и на силите на армијата, но дека сепак постојат докази оти утрото група од 60 до сто добро вооружени полицајци влегле во Љуботен и ја извршиле акцијата. Според доказите на Хаг, спротивно на медиумските извештаи ексминистерот Љубе Бошкоски не бил во Љуботен се' до пред крајот на акцијата, откако тогашниот претседател на државата побарал од него да го стори тоа, практично последниот час од случувањата.

Од она што видел и слушнал, според судот, Бошкоски немал причина да верува дека имало неоправдани убиства и сурови постапувања, па за вистинската димензија на настаните дознал по еден два дена. Тој бил обврзан да поднесе извештај и да иницира постапка за случувањата, што според судот го направил, иако од сето тоа немало резултат. Затоа, рече Паркер, Бошкоски не е виновен и треба да биде ослободен.

Меѓутоа, пресудата на Хаг за Тарчуловски гласи дека играл истакната улога во Љуботен, подготвувајќи ја логистички акцијата, и вршејќи ефективно лидерство и контрола врз неа. Поради тоа, Хаг го смета за кривично одговорен за наредување, поттикнување и извршување на делата кои излегуваат од рамките на воените правила, иако не нашол докази дека и самиот учествувал во злосторствата.„Советот е уверен дека Тарчуловски дејствувал според наредби, но доказите не овозможија да се идентификува лицето или лицата одговорни за акцијата во Љуботен“, рече судијата Паркер, потсетувајќи дека сето ова се случуваше еден ден пред потпишувањето на Охридскиот договор, па нападот бил намерен и неселективен.

„Тоа не била операција на лоцирање и на апсење припадници на ОНА, туку акција за одмазда против лицата со албанско етничко потекло поради постапките на ОНА“, рече тој, посочувајќи на претходните настани околу Љуботен и убиството на македонските војници.

Тарчуловски, според обвинението, се товареше за убиство на шестмина Албанци, но неговата вина беше докажана само за тројца, бидејќи за другите тројца најдени мртви во полето не е докажано дека се убиени од полицијата, а постоела можност дека и самите пукале. Нагласувајќи дека ја имал предвид практиката на казнување во бивша Југославија и досегашната на Хашкиот трибунал, Паркер нагласи дека Тарчуловски бил помлад офицер што дејствувал според наредба, но тоа не го оправдувало иако влијаело на степенот на сериозност на неговото однесување. Затоа, судијата изрече казна од 12 години затвор, а одлуката предизвика шок меѓу присутните во галериите.

Бошкоски и Тарчуловски дојдоа да ги храбрат министрите Гордана Јанкулоска, Михајло Маневски и Миле Јанакиески, пратеникот Влатко Ѓочев, бизнисменот Јордан Камчев, Мане Јаковлевски и, секако, сопругите и децата. По изрекувањето на пресудата, адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски, најави дека ќе поднесе жалба, бидејќи до��ажаното е многу помалку од обвинувањата, а Едина Рашидовиќ оцени дека се' до правосилноста на одлуката Бошкоски треба да остане во Македонија, а евентуално потоа Хрватска да бара негово испорачување. Сопругата на Бошкоски, Виолета, изрази благодарност до сите кои ја поддржувале изминатите години, но и жал за тешката казна на Тарчуловски.


#
Статијата е прочитана 3141 пати.

Испрати коментар

Од: Сеирџија
Датум: 11.07.2008 00:13:10
Апсурдна пресуда,скраја од секаков разум!...
Од: katerina
Датум: 11.07.2008 00:52:18
Drago mi e za osloboduvanjeto na Boskovski no ova drugoto e bez nikakva logika.Zal mi e za covekot koj ne napravi nisto drugo osven sto ja branese tatkovinata.
Од: do katerina
Датум: 11.07.2008 01:17:36
Ubivanje nevini civili za tebe e 'nisto drugo'? Mislam deka so presudata sepak se dokaza koj bese terorist vo 2001 godina.
Од: evra
Датум: 11.07.2008 01:35:42
i navistina ovoj covek ja branese makedonija i kakva nepravda da sluzi 12 godini zatvor za kogo? kako i site sto si gi branat svoite taka i toj zastana na makedonska strana?
Од: Никола
Датум: 11.07.2008 01:46:03
На ред се случаите „малтретирани работници“, „Липковско езеро“, „киднапирани цивили“ (меѓу кои и младоженец од свадба) итн.
Од: luli
Датум: 11.07.2008 01:46:23
lube e sloboden bidejki za nego nemashe dovlni dokazi da se sudi ,toa ne znaci deka e nitu nevin dodeka so sudenjeto na tarculovski se dokaza deka imalo ubivanje na nevini lugeod strana na makedonskata policija i nemojte da kukate deka tarculovski bil NEVIN,,lugeto vo luboten ostanaa bez nivnite najmili samo zashto nekoj sakashe da se revanshira na nedolzhnite civili
Од: prijatel na drugarkata na Katerina
Датум: 11.07.2008 01:59:47
Koj beshe terorist i ubiec vo 2001 kaza lordot Robertson prijatelke od 20 %
Од: marjan-viena
Датум: 11.07.2008 02:10:03
ako nekoi makedonci bea skepticni vo tvrdenjata na srbite deka takanareceniot haski tribunal e selektiven i pristrasen,veruvam deka sega se uverija deka e taka.sreken sum za ljube,no zalam za visokata kazna na johan.ke lezi 12 godini sto ja branese makedonija...a teroristite na ahmeti za hag se nedolzni civili...sramota.
Од: blagica
Датум: 11.07.2008 03:30:32
Tarculovski ako navistina vrsel takvi zlodela togas i treba da bide kaznet no koj treba da bide kaznet za Brioni ,za 12 isceznati ....i kakvo e toa obvinitelstvo za voeni zlostorstva koi nekoi raboti gi gleda a za drugi e slepo.
Од: jas
Датум: 11.07.2008 03:49:08
Kakva glupost ovie od Hag se za zalenje pa se veli deka se trgnalo od toa deka sekoja rapublika od Bivsa Jugoslavija treba da plati nesto ...pa me interesira kako e mozno da najgolemite vinovnici za toa sto stana na Kosovo I Makedonija a toa se UCK i ONA nitu eden od niv ne e osuden...kako e mozno da HAG SMETA DEKA jOHAN E VINOVEN a Ahmeti i Taci i slicnite na niv (koj patem receno bile ili uste se na crni listi) se cisti....Ova e den koga se potvrduva deka vo EU i WEST ne postoi demokratija.......Pateticno
Од: Dok
Датум: 11.07.2008 05:04:53
koga politikata se zamesala i vo toj sud togash sto da se rece za svetot i evropa pogotovo shokantna vest za tarculovski, covekot ke ja plaka cenata sto nekolku mina albanci trebase d aja plakaat stvarno zalosno. cel sudski sovet da bide slep?????
Од: ljupco, bitola
Датум: 11.07.2008 05:20:24
Bravo za BRAT Ljube.Zalosno za Johan.Covekot branejki ja tatkovinata nezasluzeno e kaznet so kazna zatvor.Ovde vo Makedonija trba da se najdat tie sto go ispratija tamu i da se strelaat.Se znae koi se i veke nemirno spijat.Takvite "katerini" se najgolemoto zlo vo Makedonija.
Од: do onoj sto i pisuva na Katerina
Датум: 11.07.2008 05:45:01
Dali i onie od Brodec bea borci za covekovi prava? Gubrinja teroristicki.. sudskite vlasti vo Makedonija ke mora ednas da gi zapocnat 4 te haski predmeti..toa ke bide baranje od site Makedonci.
Од: MK
Датум: 11.07.2008 06:19:59
E "braka" Albanci i vie mnogu dobro znaete kako pukavte kon policijata a posle se krievte pod zenska suknja,se preslekuvavte vo civilka i i izigravate "nedolzni civili"...Heroi, nema sto!I posle policijata ve maltretirala kako civili? Policijata bila preblaga...A pogledajte koj ve vodese i koj ve vodi-Ahmeti-covek so dosie od Svajcarija na psihicki bolen covek.,.Takov covek sledevte...Razmislete malku!!!
Од: [email protected]
Датум: 11.07.2008 07:06:47
Nevini se dvajcata!!!!Ne znam zasto Johan da lezi zatvor???Kade e daut Leka za masakriranje na 12 civili?Neli bese toa interesen slucaj za hag??Ili interesni se samo nasite!!Toa e sud sto ne osudil ni eden albanec,ne znam kako mozat da placat po osloboduvanjeto na Ljube..sto bese Daut Haradinaj???Svetec??Malodosnust,primitivizam,i nacionalna amnezija koa e potrebnio..inace im raboti niv klikerot dosta dobro..Pozdrav do redakcijata i do site cesni luge
Од: Vlado
Датум: 11.07.2008 07:07:38
Se znae po cii naredbi deluval Tarculovski! Narednikot na Sloboda a izvrsitelot vo Zatvor! ....e pa sea Gospod Zdravje!
Од: DPA-DUI ista krv
Датум: 11.07.2008 07:41:56
Mislam deka sega ke sleduva kazna od gospod za zlostornikot.Nesum apsolutno zadovolen od osloboditelnata presuda.....Da zive albanskijot narod.
Од: Сандански
Датум: 11.07.2008 07:43:13
Да живееш значи да се бориш - робот за слобода, а слободниот за совршенство!
Од: Makedonec
Датум: 11.07.2008 07:56:08
Ma kakvi nevini civili, teroristi i ubijci prepraveni vo civili. Zosto od niv nitu eden ne e ispraten vo Hag za da mu se sudi. Takvite sega sedat vo parlamentot i ja resavaat sudbinata na Makedonija.
Од: cando
Датум: 11.07.2008 08:02:43
"nevini civili"??!?! dali se toa onie istite koi samo den-dva pred toa postavija mina na patot i raznesoa 8 rezervisti?! samo me interesira dali ima sansi sega da odgovara hari kostov&co, bidejki uste koga gi apsea donesoa presudi, so sekakvi obvinuvanja, slicno kako za rastanski ?
Од: dias
Датум: 11.07.2008 08:03:00
samo vo makedonija na haskiot tribunal mu bese dadeno se i sesto,pa i za sest meseci gi pritvorija.kakov sram,ljube go stavija duri vo gepek,za da ne bide ocigledno daka togasnata vrhuska se mu zgotvi.ne mozea da go smislat a kamoli da bide protivkandidat na b.c.kakvo licemerie.
Од: Горан
Датум: 11.07.2008 08:29:00
Да не заборавиме дека Бучковски и Младеновска ги пратија во Хаг и како ги пратија...
Од: karamela
Датум: 11.07.2008 09:18:07
Ne se pravete golemi patrioti site gi gledavme slucuvanjata samo na tv , e sega da vidime koga ke se vrati Ljube i koga ke vidi negovoto vmro so kogo koaliciralo lele Grujo ke imas frakcija i rejting 2 %
Од: intelektualec
Датум: 11.07.2008 09:55:29
Nema potreba za komentar....uste eden paradoks vo niza. Kade se Ramus Haradinaj od Kosovo, Hashim Tac, Daut Redzepi - Leka i drugi teroristi..... Mozda Albancite mislat deka se pobednici, ama kelnerot dovagja na kraj od gozbata so smetkata. Nitu Hag, nitu ON nema da osudat ni eden Albanec....makar i pola svet da zacrnat. Toa e realnosta....pobednici i porazeni sekogas imalo i ke ima, ama ova ne e kraj na vojnata, samo prva runda od konecnata presmetka na Balkanov, pa boze moj i Makedonija potoa moze da izleze na more....na Drac po edna tretina od moreto so Srbija i Grcija, a vremeto ke si pokaze se...
Од: Maja
Датум: 11.07.2008 10:34:36
vecer site dostoinstveno da go precekame LJUBE BOSKOVSKI na plostadot PELA, kako i naslednicite na ALEKSANDAR MAKEDONSKI!!!! iskreno zalam za JOHAN megutoa,znam deka po zalbata ili celosno ke go oslobodar ili bar ke mu ja prepolovat kaznata!
Од: citatel
Датум: 11.07.2008 11:51:29
Na ova ne moze covek da ostane ramnodusen.I na nekoi komentari od citateli,od tipot sega se gleda koj e terorist ! Jas iskreno se nadevam deka Johan ke bide osloboden.Onie koi kidnapiraa i masakriraa koga togas ke si ja dobijat svojata kazna.Kako moze za takvi zlodela nikoj od Albancite da ne snosi odgovornost,tuku site da bidat amnestirani.Kako im e na semejstvata na kidnapiranite Makedonci koi ne znaat sto se slucilo so nivnite najbliski ,maltretiranite rabotnici koi bez nikakva pricina bea izlozeni na sversko odnesuvanje koe e karakteristika samo na sverovi a ne na luge i da ne gi zaboravam masakriranite vojnici kaj Vejce i uste mnogu drugi incidenti od tipot presretnato policisko vozilo vrz koe e pukano,vozilo na ARM........Zarem treba poveke da se komentira.I na celoto nasilstvo koe go pravele i seuste go pravat i nikoj od ''borcite'' da ne odgovara! Sramota!
Од: Trajko od Stuka
Датум: 11.07.2008 12:18:28
Od sekogas bilo mesto atot kotekot da go jade magareto.Denes so kakva hrabrost nekoj policaec moze da bide izvrsitel vo slucaj ako ne e puknat vo glava(ne se trudi da ja upotrebuva svojata glava)
Од: Македонија
Датум: 11.07.2008 12:38:56
Лули рат како сакаш Вие албанците го направивте со вашите права,демек немате права.Што имам јас повеке од вас,а да се праѓам па ни јазикот македонски не го знаеете во друга држава ако не го познаваѓ јазикот,а си од друго место нема да добиеш државјанство.Како сакате во Љуботен не знаете што се слуќи војската кога ја нападнаа и колку имаше загинати,но подобро да се заборави,пошто вашите албанските злодела се поголеми од македонските,не оправдувам никакви,ама така е.Мир нека има и вие имате право да ќивеете во државата која е и ваѓа се разбира,се додека илегално пуштате од други места луѓе да ви матат паметот нема да има соживот.Мислам во подамнешни времиња албанците и македонците заедно и се бореле против сербите например во 1912 година,но изгледа вие и не читате историја,само читате за Албанската историја,па и тука мора да се некој работи забележани.Подрав до Нашиот Брат Љубе добре ни дојде да си ни ќжив и здрав да си дојде и Јохан Господ да му помогне,Фаламу на Премиертот и на цела м
Од: citatelka
Датум: 11.07.2008 12:42:05
apsurdno - trebase johan da go oslobodat, a toj boskovski da si posedi uste 20 godini, ludakot! ma sega hrvatite ke go sredat ic ne se sekiram.
Од: makedonec
Датум: 11.07.2008 13:46:16
kakov paradoks.Johan osuden na 12 godini zosto ja branese drzavata.Se vide kolku e objektiven sudot vo Hag.Sto ke se sluci koga ke dojde brat Ljube i koga ke gi vidi teroristite i ubijcite vo vlada i toa so Gruevski.Mislam deka Gruevski ke padne mnogu brzo.Da zivee Makedonija
Од: saso
Датум: 11.07.2008 14:03:02
SDSM gi prdade vo Hag /Sheveningen za da sedat na vlas.KAj e sega evropa koja vi vikasedeka ako gi predadete ke ve primele.EEEEEEprazni glavi vidite kako Hrvatska,Srbija,Bosna si gi krijat svoite,i znaat deka ovoj sud e cista glupos. Nikogas air da ne vidite idioti komunisticki
Од: Agim
Датум: 11.07.2008 14:44:35
Ne mora sega pak da se mrzime , za vas e Herroj , za nas zlocin , kako sto e i obratno za drugi "heroi" , deka ovaa drzava ima poveke 'heroi' otkolku pari .. Koj sto bil neka ostane vo Istorija , a ne da se karame .
Од: jasmina
Датум: 11.07.2008 15:36:16
zosto nitu eden albanec ne odgovarase za ubienite makedonci vo 2001? i zosto od 5 predmeti, dva zadrzaa vo hag, a tri vratija na makedonskite sudovi?

Најди! во Утрински
На прво место
Поделени емоции по пресудите во Хаг
Љуботенски настани спроти Рамковниот договор
Пресудата за Тарчуловски очекувана за експертите

"""