Број 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Поделени емоции по пресудите во Хаг

Ставови околу пресудите дадоа единствено Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, додека повеќето партии молчеа

Жаклина Хаџи-Зафирова

Задоволство и истовремено разочарување беа првите реакции од Владата и дел од македонските политички партии околу ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и дванаесетгодишната затворска казна за полицискиот функционер Јохан Тарчуловски. Вчера, експресно, свои ставови околу двете пресуди дадоа единствено Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, додека повеќето партии од македонскиот и од албанскиот политички блок вчера одбија да ги коментираат пресудите на Хаг и се одлучија да не се истрчуваат со коментари.

Задоволството од пресудата за Бошкоски вчера не ја криеја во Координативното тело за пречек на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, кои најавија дека денеска ќе организираат пречек на Бошкоски на скопскиот аеродром, а свечен пречек е најавен и на плоштадот „Македонија“. Бошкоски, најверојатно, ќе го пречекаат и неговите роднини и пријатели од родното тетовско село Челопек, кои вчера се радуваа на пресудата за нивниот роднина и соселанец Љубе. Некои од нив рекоа дека ќе дојдат во Скопје за да го пречекаат, а други ќе му честитаат за пресудата во неговото родно Челопек.

Само еден час по изрекувањето на пресудите, Владата вчера испрати соопштение во кое ја поздрави одлуката на Хашкиот трибунал за ослободување на Љубе Бошкоски. „Наедно, искрено жалиме за пресудата за Јохан Тарчуловски и се надеваме дека во натамошната жалбена постапка во Хашкиот трибунал на Тарчуловски ќе му биде овозможено да го изложи својот случај и да ги предочи фактите. Владата и натаму останува на својата целосна поддршка за одбраната на Тарчуловски и во помошта при изложувањето на фактите, до целосното завршувањето на процесот во Трибуналот“, се истакнува во соопштението на Владата.

Ваков став имаа и во ВМРО-ДПМНЕ. Илија Димовски од оваа партија вчера во името на партијата го изрази задоволството во однос на ослободителната пресуда за Љубе Бошкоски. „Со оваа пресуда се докажува дека институциите на државата во 2001 година имале легитимна активност во насока на заштита на државните интереси на Македонија“, изјави Димовски. Во исто време, според него, партијата изразува разочарување во однос на пресудата за Јохан Таруловски. „Доколку Судот направеше целосна и издржана анализа на целокупната доказна материја приложена до него и од страна на Обвинителството и од страна на одбраната, во тој случај ќе се утврдеше дека обвинетиот Јохан не е виновен“, вели тој. Во ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека во жалбена постапка ќе се отстранат одредени контрадикторности, со што ќе се докаже дека обвинетиот Јохан не ги прекршил правилата на постапување и не сноси одговорност. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ апелира до државните институции да вложат максимални напори во поддршка на понатамошните постапки на одбраната на Тарчуловски.

Слични емоции дели и лидерот на Либералната партија Стојан Андов, кој вели дека го радува веста за ослободувањето од вина на Љубе Бошкоски, но истовремено жали за казната што ја доби Тарчуловски. „Сепак, се надевам дека постојат добри основи за намалување на казната на Тарчуловски. Верувам дека жалбениот суд дополнително ќе ги земе предвид аргументите на одбраната и оти по завршувањето на второстепена постапка, казната драстично ќе се намали и ќе се сведе на времето поминато во притвор“ коментира Андов.

Задоволство и жалење вчера изразија и од Координативното тело за пречек на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски. „Моментно сме задоволни и среќни што македонскиот маченик и патриот Љубе Бошкоски излезе како слободен и се докажа македонската правдина и оти Македонија не е геноцидна држава. Со големо жалење ја слушнав пресудата за Јохан Тарчуловски. Сметам дека е неправедно осуден, но Хашкиот трибунал и Судскиот совет го кажаа своето. Ние ќе продолжиме со поддршката и борбата за докажување на правдата и колку што може ќе помогнеме за ослободување и враќање на Тарчуловски во Македонија“, изјави Игно Стојков на вчерашната прес-конференција на телото.

Мирослав Спировски од Координативното тело соопшти дека денеска ќе организираат пречек за поранешниот министер за внатрешни работи Бошкоски на аеродромот „Александар Македонски“, но посочи дека се' уште не се знае точното време на неговото враќање. Тој ги повика многубројните граѓани, кои се обратиле до нив, спонтано да се соберат и да го пречекаат Бошкоски на аеродромот.

Според информациите со кои тие располагаат, Бошкоски по враќањето во Скопје ќе биде примен од премиерот Никола Груевски, а потврдена е негова средба со поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде организирана и свеченост по повод враќањето на Бошкоски од Шевенинген. Организатори на овој настан се ансамблот „Гоце Делчев“ и фестивалот на нови македонски родољубиви патриотски песни „Гоце фест“, чиј почесен претседател е поранешниот македонски министер за внатрешни работи.

Пречек на Бошкоски ќе организира и Здружението на бранителите „Достоинство“, кое ги повика сите граѓани и симпатизери да го пречекаат Бошкоски денеска во 19 часот на скопскиот аеродром. И тие, исто така, изразија задоволство од пресудата за Бошкоски, но и револт од пресудата за Јохан Тарчуловски. „Особено сме згрозени од висината на пресудата“, рече претседателот на Здружението „Достоинство“ Стојанче Ангелов на вчерашната прес-конференција.


#
Статијата е прочитана 1918 пати.

Испрати коментар

Од: dejan
Датум: 11.07.2008 00:52:54
sto ke slavite bre grevovi edni.a covekot sto ostana tamu gotovo go zaboravivte .ili ke recite: taka mu bilo pisano.skrijte se tamu i molcete ke slavele.ako ne zalis znaci se raduvas,toa go pravite vie!!!
Од: монах Спиридон
Датум: 11.07.2008 02:00:03
Бог да чува и да брани! Аман бре луѓе, со толку еуфорија и славење, зарем не претерувате? Ставете се малку, не со празни фрази и зборови, во кожата на Јохан и неговите. Исаф бре луѓе. Уште нешто ДПМНЕ може сега да дава изјави за подршка и помош колку што сака. Само да не заборави дека тие беа тие кога на брзина, преку ноќ, што се вели извршија промоција на генерали, полковници, потполковници, мајори во полицијата. Значи чинови кои претпоставуваат и знаење и способност и дарба и одговорност. Та нивна влада му даде чин на Јохана и го испрати да го неутрализира Љуботен. По мене тие што го испратија таму, сеедно живи или покојни, дури се и поодговорни за она што сега го теретат и го осудија... Тешко нему и на неговите!
Од: ivan
Датум: 11.07.2008 02:43:33
dodeka ne bide oslobed i Johan ne treba da ima nikakvo slavje koga ke se vrati toj nas heroj vo Makedonija sloboden posle moze i po 3 dena da se slavi i pee vaka ne treba a i nema smisla za nikakva proslava
Од: Nancy
Датум: 11.07.2008 04:34:52
Moze Frujo i Ahmeti se dogovorile da go pustat Lube od zatvor za da im dadat napenzii na ONA
Од: luli
Датум: 11.07.2008 05:26:23
za slavenje i jas ke slavam dokazano e deka tarculovski ubil nevini luge i e osuden na 12 god dobil toa sto zasluzil
Од: Спектатор
Датум: 11.07.2008 06:17:52
Стојан Андов нема морално право да се изјаснува за овие случаи. Тој во 2001 година беше претседател на Собранието и во една меѓупартиска комбинаторика, кога висеше неговото спикерско место, успеа да ги убеди Б. Трајковски и Љ. Георгиевски тој да остане спикер, а за сметка на тоа Срѓан Керим мораше да го напушти местото министер за надворешни работи. Наводно, без Андов во државата ќе се случи војна! А војна се случи, загинаа близу 80 бранители, Андов комотно си седеше во спикерската фотеља, а сега, пост фестум, како и секогаш, дава пропагандни изјави со цел пак да им се додвори на Груевски и на јавноста.Го нарекувате лидер на Либералната партија, а него го напудија од неа.
Од: prijatel 1107.2008 god
Датум: 11.07.2008 08:54:10
Го наместивте односно жртвувавте невиниот Тарчуловски па сега можете слободно да славите.Срам и арам да ви е,немате ама баш тронка совест.
Од: makedonec
Датум: 11.07.2008 14:00:54
amn be luge za kakvo slavenje se spremate.Pa Johan nevin ke lezi 12 godini a vie ke slavete.Stavete se vo negovata koza i negovite najbliski.Dodeka e on vo Hag ne treba da ima nikakvo slavenje barem jas nema da slavam dodeka on e tamu.
Од: Zgrozena od komentarite na Luli
Датум: 11.07.2008 14:47:12
Velite vo Ljuboten zaginale nevini Albanci-civili. Dali navistina bile nevini civili ili maskirani vojnici na ONA? A sto e so nasite masakrirani od Brioni? Dali voopsto ste gi videle slikite od nivnite rasparceni tela?Koga vinovnicite za ovoj nastan ke izlezat pred liceto na pravdata? Koga niv ke gi ispratat vo Hag? Treba na ovie vo Hag da im se pokazat slikite od nivnite rasparceni tela. Takvo zlostorstvo ni sumskite zverovi ne pravat.

Најди! во Утрински
На прво место
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Љуботенски настани спроти Рамковниот договор
Пресудата за Тарчуловски очекувана за експертите

"""