Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Девалвирање на парламентот - закон за 35 секунди!


Опозицијата го напушта парламентот

Владата не може да предложи толку закони колку што може да усвои Собранието

Билјана Јовановска

Сакавте брзо и ефикасно Собрание - е, па, го добивте! Законот уште не' ни „легнал“ на собраниските клупи, а веќе е усвоен. На ред стасал друг. Со невидено темпо и леснотија за 14 работни дена, парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги урна сите рекорди. Изгласаа дури 94 закони, што е веројатно рекорд и за Рипли. Многу од нив на корицата го имаа знаменцето на ЕУ. Тоа се факти за македонската реалност. Наспроти најелементарните правила, во Собранието на Република Македонија законите се носат на „диво“. Турбогласачката машина не само што не е никаква гаранција за нивниот квалитет, туку директно се коси со сите важечки закони и правила за функционирање на еден нормален парламент.

До неодамна во Собранието и надвор се прераскажуваше рекордот како за три работни седници, главно без никаква расправа, беа донесени 66 закони од кои 12 се европски. Сега кружи друг рекорд: како што измерила опозицијата, за донесување еден закон биле потребни само 35 секунди! Апсурдот да биде поголем, новиот состав на парламентот се' уште не стасал ниту да ги формира собраниските комисии, кои се неопходни за негово функционирање.

Едноставно, имаме ситуација во која Владата не може да предложи толку закони колку што Собранието може да усвои. Дали ваквата „ефикасност“ на законодавниот дом ќе биде забележана и во наредниот извештај на Европската унија, ќе видиме наскоро. Засега, Собранието не се осврнува на забелешките на опозицијата и на експертската јавност дека така не може и не смее да функционира ниту еден парламент. Новото парламентарно мнозинството, како што велат, нема намера да го менува ниту курсот, ниту темпото на работа.

Професорката Тања Каракамишева од скопскиот Правен факултет вели дека Собранието мора да работи согласно со Деловникот, а кога станува збор за донесување закони, доколку не се работи за закони, чие усвојување бара итна постапка, тие минуваат низ три задолжителни фази. Ако предлагач е Владата, појаснува Каракамишева, најнапред текстот го разгледува Законодавно-правната комисија, која мора да констатира дали се содржани сите услови за донесување на предлог-законот. „Дури откако ќе даде позитивно мислење, предлог-законот го доставува до соодветната собраниска комисија од областа за која се однесува законската регулатива. Доколку нема забелешки, новиот законски текст се доставува до претседателот на Собранието, кој го става на дневен ред на пленарна седница. Со тоа започнува втората фаза од донесување, додека третата подразбира дискусии, доставување и разгледување на предлог-амандманите и, конечно, изгласување на законот“, прецизира нашата соговорничка. Но, Каракамишева додава дека посебна прикаска е тоа што техничка Влада, каква што е постојната, не може да предлага закони.

Според Андреј Жерновски од ЛДП, денес во Македонија имаме Собрание кое работи спротивно на уставните одредби кои налагаат законодавната власт да ја контролира извршната власт. „Кај нас состојбата е обратна. Што е уште пострашно, Собранието функционира како владина агенција во која се верификуваат сите предлози од страна на Владата, без оглед на квалитетот. Изминатите денови бевме сведоци дека се носат закони за само 35 секунди! Спротивно на сите европски искуства, Владата му понуди на парламентот закони и документи кои не требаше и не смееше да се најдат на дневен ред. Се носат закони кои, спротивно на Деловникот, воопшто не знаеме колку ќе чинат, бидејќи такво нешто не е посочено“, објаснува пратеникот на опозиционата ЛДП. Тој го посочува владиниот предлог за отворање на новото министерство за информатичко општество, за кое никој не знае колку ќе ја чини државата. Во истиот куп незаконитости спаѓа и изгласувањето на ребалансот на Буџетот, кој не е донесен во согласност со Законот за буџети. „Ова е типично силување на демократијата, бидејќи кога се носи Буџетот, неопходно е да поминат барем десет дена за пратениците да имаат време темелно да ја разгледаат неговата содржина. Ребалансот на Буџетот, на општо изненадување, во Собранието се задржал само два-три дена. Реагиравме, но мнозинството немаше слух за нашите аргументи и тоа е една од главните причини зошто ЛДП одлучи да ја бојкотира работата на Собранието“, вели Жерновски. Тој смета дека е нелогично да седат во таков парламент и со своето присуство да му даваат легитимитет на таквиот брутален режим, односно да соучествуваат во недемократската процедура.

Неофицијално, опозицијата ќе остане надвор од парламентот се' додека е претворен во обична гласачка машина. Или, поконкретно, ќе се вратат кога во Република Македонија ќе се врати демократијата.

 


Статијата е прочитана 2264 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 22.07.2008 00:14:35
Posle 1 juni nema kaenje
Од: makedonec
Датум: 22.07.2008 00:26:31
drag moj Josip Broz. Tvojot pioner Nikola Gruevski odi po tvojot pat i nema namera da skrsne od nego . uste marshalska uniforma mu fali i da Ti bide kako brat bliznak, ama znaejki gi negovite ministercinja okolu nego ke go iznenadat so uniforma za 2 avgust. So takva mladina ovaa zemja nema od sto da se plasi ... osven od samite sebe. neka ni e so sreka , oti ... ke ni treba
Од: sassy
Датум: 22.07.2008 00:30:21
pa i da se sds vo prlamentot mislite deka ke smenat nesto. Samo ke tropaat gluposti za politicki poeni i tolku
Од: Shift-delete
Датум: 22.07.2008 00:31:55
Sve e jasno kako den, dpmne sakase i dobi od narodot apsolutna vlast iako 'zlobnici' zborat deka po dpmne uspealo da ukrade odreden broj na glasovi (ne na sdsm) tuku so klasicna krazba vo ibornio spisok uspeale da si prepisat blizu 100000 glasov . Neznam dali ima visina vo ova ama i ne e vazno, vazno e deka dpmne pobedi i sega se odnesuva nedemokracki potocno receno se ponasa fasisticki, ova e opsta konstatacija i za zal e realna vistina, kapacitetot na edna vakva vlast neminovno vodi kon apsolutizam i patiziranje na cela administracija, pogotovo na MVR so koja sega vladee edna grupa na ljudje koj se poblisku do podzemnjeto otkolku do pravdata, vraboteni koj za da kazat nesto sto se slucuva vo nivnite sektori SEPOTAT ILI KORISTA SIFRI ZA DA PRENESAT KOJ KRIMINAL SE SLUCUVA A NESMEAT JAVNO DA PROGOVORAT. Toa e nazalost nasata realnost.
Од: jimmy1
Датум: 22.07.2008 01:21:06
dobro bre luge, dali ima zakon za krivicno gonenje na ovie siledzii of Fasisticko Treoristickata vlada na makedonija, ili pak tie zakoni za niv nevazat. Zarem im se dade tolkava sila pa ke pravat sto sakaat. Neka se osvestat tie glasacite sto glasaa za ovie fasisti i neka razmislat na kava stoka im gi dadoja glasovite. Neznam narodot sto ceka i mirno posmatra sto se slucuva, se sto se donesuva vo sobranieto odi vo steta na graganite, im se skratuva slobodata i demokratijata. Dali sme Evropski Zimbabve ili pak nekakva "demokratska" drzava. Narodot gi glasa i narodot ima sila da gi izbrka od vladata i od sobranieto i nikakvi hodnici ne treba da im pomognat za da izbegaat. Narodot e toj koj treba da im presudi, (zosto za ovie siledzii ne postoi zakon) pa makar da se sluci Bukurest ili Belgrad. Zarem nie ne sme sposobni da nabavime zolji i so oruzje da gi ostvarime nasite prava. Sto ke ni napravi ovaa stoka ako ostane na vlast 4 god. ke treba da barame dozvoli za izleguvanje od doma.
Од: darko
Датум: 22.07.2008 01:48:59
E aj da vidime sega koj ke im smeta na parlamentarcive.Sega ke recat iskocija od parlament opozicijata oni deka im pravat kocnica...GRESKA....Vladava moze komotno da nosi koj saka zakon....za 36 sekundi ova go nema ni vo ZIMBABVE
Од: toso
Датум: 22.07.2008 01:55:52
togas ajde da cekame 100 godini kako sto pravea prethodnite nikako ne vi se pogadja za kogo rabotite bre vie
Од: FILIP (od Makedonija)
Датум: 22.07.2008 02:36:04
Gruevski + Parlamentarna Pozicija = Slobodan Milosevic Nikola + Gruevski = Hitler Posle 1 juni nema kaenje! Baravte, si go dobuvte
Од: Dej
Датум: 22.07.2008 02:59:24
Tolku sarkazam vo eden tekst ne sum procital do sega. Neznam zosto utrinski se trudi tolu mnogu da i naseti na Makedonija? Sto vi smetame nie Makedoncite, sto loso sme vi napravile za da ne zamrazite tolku. Zosto ne go otkriete pravoto lice da vidime koj stoi pozadi vas?
Од: Jas pa jas
Датум: 22.07.2008 03:28:23
Abe kakvi gluposti tresete iuste ste zivi pa do koga be SDSM ke ucenuva ili po nase ili ke napustime parlament ... pa toa e partija sto dobi 10 % glasovi koj faktor e SDSM ... pomina vremeto na komunizmot.... Ako saka SDSM kredibilitet vreme e da se reformira i da vidi zasto padna tolku nisko.....Sto milite narodot e glup pa ne znae koi se lopovi....Nekoi vasi citateli vela vo MVR raboti grupa luge koi se poblisku do podzemjeto otkolku do zakonot....Dali vie go zaboravivte Verusevski i klapata a uste imame lopovi na vlast (liceto B.C.).....Konecno vo Makedonija dojde demokratijata i SDSM ke zavrsi kade mu e mestoto na gubristeto na istorijata.....P.S. Se nadevam posto imate demokratija vo Utrinski i posto ste vesnik na komunjarite nema da me cenzorirate i ke go objavite mojot komentar....bas me interesira "vasata demokratija"
Од: В.М.Р.О.
Датум: 22.07.2008 03:30:09
Парламентот конечно почна да работи нормално. Ако некој помислил дека арогантните и злобни испади на “сдсм и содружници“ претставува опозиционо делување, е во грешка. Жално што во Македонија нема автентична влада во сенка. сдсм да се самораспушти, тогаш ќе тргнат работите и на овој план. Посакувам успех на овој парламент. Отсуството на сдсм ќе му се врати како бумеранг.
Од: dence
Датум: 22.07.2008 04:11:59
Абе кумунјари на чело со Жириновски, пардон жерновски, па како не ви е срам бе до вцера плукавте дека не се носеле заакони со европското знакче , а сега кога видовте дека не мозете да јаа кочите работаата ви смета ссо се донесувааат за 3 секунди. смесни сте хахахааха
Од: darko
Датум: 22.07.2008 04:36:00
i sea gruevski ke rece deka opozicijata pak go koci posto ne idat u parlament. i deka se glasaat zakoni deka tolku brzo deke nema koj da zbori. haha pak nekoj drug ke bide kriv hahahah smeski zivi e makedonijava nasa mila
Од: Mitre
Датум: 22.07.2008 05:29:42
Bilo kakov zakon e podobar od nikakov!! A i poevtino e za narodot vaka a ne pratenicite da razglabaat na 20 sednici eden zakon i da se pojavuvaat samo na pocetokot za da si ja zemat dnevnicata.Sramota bese toa! A da se priblizime kon Evropa ni trebaat zakoni koi vo isto vreme treba i da se pocituvaat!
Од: dragan
Датум: 22.07.2008 05:33:01
koj ne ide na rabota nema plata ,mnogu jasno . Ako pratenik ne odi na sednici vo parlament , treba li da zema plata .. SDSM sega lajat samo , bideci treba da idat na odmori , ne im se sedi vo klupi .. treba da donesat zakoj, za sekoe odsustvo od pralamet , procentualna kazna od plata.. pa da gi vidam posle dali ce lajat
Од: Marks
Датум: 22.07.2008 06:18:54
Dobro be luge, bez razlika dali ste DPMNE, SDSM , DUI ili politicki neopredelen, mora da svatite deka postojat pravila na igra i toa za vase dobro! Ako ste doblesni, vie sto glasavte za DPMNE prvi ke zastane vo odbrana na vasito glas i Ustavot na MK! Pa kako e mozno da se donesuvat zkoni koga uste komisite ne se formirani? Ako sakte Evropa izgradete evropski vrednosti! Sto ke vi e parlament ako nikoj ne diskutira i postavuva prasanja?
Од: Stradalnik
Датум: 22.07.2008 08:14:15
Izgleda sega VMRO e vinovna sto SDSM bese katastrofalna na izborite. Pricinite se kaj niv. A toa sto gi nema vo parlamentot, isto kako i DPA, si e nivni problem. Vratite im se otvoreni.
Од: Petar
Датум: 22.07.2008 08:14:58
Opozicija za nikade. Nikoj ne ve izbrka od parlamentot. Samite resivte da ne ucestvuvate vo parlamentot i vo demokratskite porcesi. Narodot, so svoite glasovi na izborite, im dade celosen legitimitet na segasnata vlada da pravi sto sega pravi - za dobro na drzavata. Aj da vidime dali Urinski vesnik ke go objavi ovaj komentar, bidejki ... ne odi vo niven prilog !?
Од: aerodrom
Датум: 22.07.2008 08:18:16
Не разбирам што се виновни пратениците на ВМРО што ги има толку многу во парламентот, па си донесуваат закони експресно. Народот на Македонија гласаше за нив.
Од: A
Датум: 22.07.2008 09:11:04
Уште една глупост од СДСМ ето.Демек не било валидно оти тие не биле во парламентот и ВМРО не се договориле со нив за деловникот. ????? И уште незнам колку прашалници. ВМРО има 63 пратеници и (ДОКАЗ) дека тие одлучуваат или ако сакате народот им го овозможи тоа. Никако не ја разбирам логиката на СДСМ. Не било легално оти тие (27) не биле на седницата. Па можеби биле болни или имале приватни работи , како и многу пати предходно, да завршат за да си ја обезбедат иднината.Толку плачење и леење на крокодилски солзи , па да ти се згади.Ли гавење пропратено со огромна болка затоа што не се тиа пзиција . Инаку заборавија кога беа сами во парламентот. Ц Ц Ц Ц Мислам дека народот гледа и чувствува.Не е дека и мене ми цветаат ружи. Обесправен, девалвиран, мизерно платен, ставен помеѓу наковална и чекан, под огромна тензија за опстанок,: Ама сепак нешто се менува и се надева на подобро. Со плачење (како децата од маалото кога играат ѓамлии) сигурно никаде нема да стигнеме. мислам дека иако е тежо
Од: pogodi koj?
Датум: 22.07.2008 09:19:28
Ama... pa stvarno nikako ne vi se pogoduva, prethodno odelo sporo sega brzo. Ako opozicijata e kvalitetna i uspeshno gi pronashla greshkite vo novodonesenite zakoni....... bujrum rasprava, namesto da shtrajkuva zatoa sto im go uapsile podpretsedatelot.
Од: Milena
Датум: 22.07.2008 09:26:44
Zarem nemaat ni troska sovest za toa sto go pravat?Tesko na ovoj narod so vakvi drveni glavi.
Од: Od Mene
Датум: 22.07.2008 09:31:20
Sami so go Baravte taka da nemoj da se kaete :)
Од: dojcin makedonski
Датум: 22.07.2008 09:40:28
samo se nadodavam na komentarot na Tosho. Neli SDSM sakase da ne nosi vo EU za 6 meseci, i site vie poltroncinja SDSM-ovski kukavte kako Gruevski ke ja izoliral Makedonija. Sega pa prebrzo i nedemokratski bila brzinava. Edno e jasno i vazno za site makedonci, ova sto se pravi da se pravi vo polza na Makedonija, a ne kako do sega samo za polza na vrhuskata na SDSM.
Од: Gora
Датум: 22.07.2008 09:41:02
Ama. bre, narode, zarem ne vi e jasno spore nekoi komentari deka narodov e SLEP,GLUV i OZVEREN?!?Na vakov narod mu trebase tokmu vakva vlada, si ja izbraa, ama, koga ke pocne da kuka(kako po obicaj) ke mu nema care! Greota samo sto pokraj suvoto vo Makedonija ke izgori i surovoto! Vo kakva drzava ke ziveat nasite deca??!!??
Од: rubin
Датум: 22.07.2008 09:56:50
jas se cudam kako celiot narod vednas stanaa pravnici. Pa znaat kako trebala da odi postapkata za glasanje vo sobranieto. Pa ako raboti taka sobranieto kako sto rabotese do sega jas mislam deka potrebnite zakoni ke gi donesea vo 2059. E sega ne gi fermale vmrovcive ovie od sdsm e ne gi fermaat, koga se bezvredni, a niv gi boli, e ke boli. da ne treba uste da gi plakame po 120.000 denari mesecno pratenicite i tie cela godina so edno zakonce da si igraat da izigruvaat pratenici. Jas samo se cudam na lugevo kako igraat na muzikata od sdsm a ne ni razbiraat sto se slucuva, vazno mu e da se vika samo uuuuuuuuaaaaaaa i toa. Edna preporaka do sdsm: Koj sto se luti, neka mu stoi.
Од: goran
Датум: 22.07.2008 10:04:40
srceto me boli koga gladem sto se slucuva
Од: неутрален
Датум: 22.07.2008 10:18:56
Па зарем не е опозицијата таа што треба да дебатира во собранието за тие да не поминуваат за 35 секунди? Во овој случај одговорноста е нивна, тие се тие кои што треба да дебатираат. Оправдувањето дека се бојкотира собранието затоа што власта не ги прифаќала нивните мислења е смешно, таа и нема обврска да ги прифаќа. Зарем сакате консензуална демократија?
Од: od strumicanecot
Датум: 22.07.2008 10:35:27
Bravo gospodini Gruevski!!! si ja fati rabotata na ozbilno,sega samo bi te zamolil da im gi skratis dnevnicite i platite pod hitno na site sto ne doagat na rabota,se dodeka ne go naapravis toa ke bide steta za nas i za drzavata,samo na toj nacin site politicari ke si ja svatat rabotata na ozbilno a ne samo da zimat pari i da zborat so polni usti.Baraa efikasno rabotenje vo vladata toa i go dobija,jas kako sto gledam na sdsm se im smeti, tie se kako narkomani samo sakat da bidat na vlast,niv ne im e gajle za nas obicnite gragani kako sto gledam.da Zivee Makedonija, i gruevski da ne popustuva ni milimetar za imeto,napred
Од: Meto
Датум: 22.07.2008 10:43:37
Sto se zalite sega ??? Se toa se zakoni koi vie KOMUNISTITE gi opstruiravte so iljadnici amandmani, a sega ste nemokni pa kukate po forumi i televizii. Smesni ste. Dosega nieden izglasan zakon od VMRO i nema doneseno dokazana steta na MAKEDONIJA, pa se nadevam deka ovie ke pominat i mnogu podobro od prethodnite. Site vie KOMUNISTICKi piuncinja sega pisuvate isto, kaenje pa kaenje, ... a koj toa se kae??? Jas iskreno ne gledam ni eden iskren MAKEDONEC sto se kae, se kaat samo vasite slepi KOMUNISTICKI sledbenici. Pozdrav i DA ZIVEE MAKEDONIJA.
Од: A. Nikolov
Датум: 22.07.2008 10:53:20
Prost narod silna drzava.Toa e narod koj idealistichki se hrani.Vo ponovo vreme kazano duhovno.Ako smetat deka taka e dobro neka im e so sreka.No ispushtenoto ne se vraka,kako shto nema shansi da se vrati poraneshniot sistem na SFRJ.Mozda segasnata vlada se odnesuva komunjarski no vlade kako sistemite na E.Hodza,N Chausesku i T.Zivkov..Se toa e stalinizam.So eden zbor nema potreba od parlament.Parlamentot e da se glumi parlamentarna demokratija.No kaj nas imame totlitarno vladeenje,potochno kazano diktatura.Eu ne gi ceni vakvite sistemi na rakovodenje bez razlika shto nekoj se zanesuva deka se nosele evropski zakoni.DA zivee drugarot Nikolaj Gluevski.So Kuba moze sojuz da gradime.
Од: Biljana
Датум: 22.07.2008 11:08:47
Zakoni se nosat no povazno e tie da se sproveduvaat vo praksa. Ima mnogu zakoni doneseni na hartija koi ne se sproveduvaat zosto nema za niv Upatstava i Pravilnici za nivna primena. So toa se zakocuva i se usporuva sproveduvanjeto na delovnite planovi na ekonomijata, i tesko deka moze da se privlecat stranskite investicii. Dali znaete za kreditniot i drugi rejtizni na Makedonija kolku opagaat. Stranskite investitoti go sledat sekoj cekor mnogu poveke odosto nie mislime deka toa go pravat. Tie se informirani mnogu poveke od prosecnoto makedonsko glasacko telo. No good no good. NA makedonskite biznismeni stranskite partneri im postavuvaat prasanja za segasnite tekovi vo ekonomijata i politickoto okruzenie. Sto da se odgovori. Krevame ramenici i ubeduvame deka ke dojdat podobri vetrovi.
Од: Goce Viena
Датум: 22.07.2008 11:20:35
SDSM resil da si e nadvor od sobranie taka e tamo mu e mestoto ionaka tie se samo protiv za se sto e dobro za Makedonija,samo molam da ne se zaboravi denot koga izlegoja a od togas za niv ni denar plata da ne mu se dava,parlamentot da si prodolzi so rabota taka i treba za dobroto na Makedonija pratenicite se birani da rabotat a ne da bojkotiraat rabota i da zemaat plata narodot gleda i so ova rejtingot odi kon 0,0% sigurno na drugite izbori ke imame novi opozicioni parti ali molam bez ovie plukaci i plackovci SDSM-ovci na celo od tie partii
Од: od prakticarot
Датум: 22.07.2008 11:42:58
Za donesuvawe na eden zakon bile potrebni 35 sekundi. Dobro, ali ima i podobro, i poefikasno od toa: zar ne mozelo vo paket da se nosat site 60-te zakon, taka so edno glasawe vo rok od 35-te sekundi ke se nosele site zakon. Taka, em za drzavata korisno, ekonomicno, efikasno, azurno; em za pratenicite dobro, neka imaat vreme za godisen odmor i rekreacija.
Од: opstina vasilevo
Датум: 22.07.2008 12:26:48
objektivno gledano moniranjeto od strana na opozicijata e apsurdno , da ne recam sicofreno! Za debata e neophodno prisutnost…No imam eden mnogu ednostaven, no genialen sovet za niv “kraj na bojkotot”. So toa ke postignat dvoen efekt: kako 1. ke imaat moznost da go prezentirat stavot na tie sto im dale mandat i kako drugo ke go osporuvaat onaa gore navedenoto (zakon za 35sek.)… By the way…zalosno so kakov evtin populizam pokusuva “utrinski” da gi manipulira masite…
Од: Od TRAJCE
Датум: 22.07.2008 12:45:14
Parlamentot e za nosenje zakoni.Narodot si go kaza svoeto, partiite koi se na vlast si nosat odgovornost pred glasacite, ne znam sto ima tuka sporno? Pomina vremeto na arogantnost ako saka sds da bide vo parlamentot vo znacitelen i odlucuvacki broj treba da se smeni sebesi i odnosot kon obicniot makedonec .Samo,toa e nemozno ,zatoa sto sds zivee vo vremeto na crnobeli filmovi.
Од: Elena
Датум: 22.07.2008 13:16:18
Сите коментари, вклучувајќи го и текстот објавен во весникот имаат јазични грешки. Боже, каква неписменост!
Од: Maja
Датум: 22.07.2008 14:00:14
Demokratija sto bese toa - povecepartiski sistem ili ednopartiski. Povece politicki opcii profilirani levo ili desno ili edna politicka partija sto vo sebe ke gi vpie site covek-partii bez ogled na orientiranosta dali e leva ili desna. DPMNE ja dobi vlasta od narodot, kako samo toj znae. No toa ne znaci toj ist narod koj mu ja dal doverbata da go omalovazuva i nisti. Na narodot mu treba rabota, a ne igri i kolaci. Ne mu trebaat spektakularni apsenja, za da se zataska poskapuvanjeto na parnoto od 60%. Ne mu trebaat 100 pa i povece zakoni koi nema da bidat implementirani, tuku samo na hartija. Na narodot mu treba drzava, koja Gruevski ne ja donese od doma za da ja unistuva, tuku treba da ja nadgraduva i vo koja site treba da ziveeme, a ne da se plasime. I STRAVOT IMA GRANICI I POTOA NARODOT NE MOZE NIKOJ A GO ZAPRE.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
И новата влада ќе биде изгласана без опозицијата?