Рафаел Бенитез не е повеќе тренер на Интер!
Шпанскиот тренер по само шест месеци ја напушта клупата на европскиот шампион
„Интер и Бенитез постигнаа договор и спогодбено ја раскинаа соработката. Интер му се заблагодарува на Бенитез за неговата предана работа, која донесе успех во Суперкупот на Италија и на Светското клупско првенство во Абу Даби“, соопшти вчера Интер.
Со тоа клубот ги потврди пишувањата на британските медиуми од вторникот вечерта. Претседателот Масимо Морати беше внимателен и не сакаше ништо да потврдува, но агентот на Бенитез, сепак, потврди дека се разговара за поништување на договорот.
Сега и официјално може да се тргне со лицитација. Бидејќи од Зенит потврдија дека не го пуштаат Лучијано Спалети како прва опција фигурира бившиот тенер на Милан, Леонардо.
Инаку, Бенитез оваа лоша вест го начека во неговиот дом во Ливерпул. Новинарите постојано чекаа пред куќата. Времето е студено, а Рафа покажа разбирање за седмата сила. Вчера излезе и ги послужи со кафе. Пред да го добие отказот за целата ситуација свој коментар даде и бившиот Жозе Мурињо, човекот кој со Инт��р лани освои три титули.
„Се надевам дека сега не му требам на Интер. Јас имам четиригодишен договор со Реал и планирам да останам. Не сакам да знам, дали и кога ќе добие отказ Рафа. Мене ме интересира само едно - Интер да биде успешен. За доброто на моите пријатели таму, кои во две години ми дадоа многу. Сакам Интер да освои се', освен Лигата на шампиони каде што игра и мојот Реал“, кажа Мурињо и додаде: „Не заслужуваат коментар барањата на Рафа за засилувања. Очекував барем да ми се заблагодари за успесите што му ги оставив. Прашајте ги сите навивачи на Интер што мислат за мене, а што за него“.
Во Четири меЧа 32 гола!
Во куп-натпреварите во Шпанија и во Германија се играше ракомет. Реал Мадрид го совлада Леванте со 8:0, Алмерија триумфираше над Мајорка со 4:3, Севилја над Малага со 5:3, а Баерн во Германија повторно го разнесе Штутгарт, сега со 6:3.
„Луѓето сакаа да видат фудбал и видоа“, овие зборови на напаѓачот на Реал, Карим Бенезма, кажуваат се': „Јас дадов три гола. Но, тоа не е битно. Најважно е што покажавме дека освен Барселона може и некој друг да игра фудбал за што повеќе голови. Убаво е да се каже дека и други може да дадат по шест, седум или осум гола“, додаде Бензема.
Гремио се договара
со Роналдињо
Претседателот на Гремио, Паоло Одоне, потврди дека клубот постигнал договор со напаѓачот на Милан Роналдињо. „Ни кажа дека сака да се врати во Гремио и да ја заврши кариерата таму каде што ја почна. Разговорите се во тек и можно е многу бргу да се договориме“.
И претседателот на Милан, Силвио Берлускони, кажа дека се гледа разделбата: „Да, се чини дека Роналдињо заминува“. |