Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Втора страница

Прашањето за името е непотребен проблем

Никола Груевски во Стразбур повтори дека Грција е главен кочничар на македонските перспективи

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски


Стразбур - Прашањето за името е непотребен проблем во средиштето на Европа, смета претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевлут Чавашоглу. Тој вели дека е неприфатливо земји и нации да бидат блокирани поради непотребни проблеми и треба што побрзо да се постигне решение. Оваа изјава тој ја даде по средбата со премиерот Никола Груевски.

Чавашоглу нагласи дека и покрај „сериозните проблеми со Турција“, во преговорите беа отворени некои поглавја, други беа тргнати настрана, но, сепак, преговорите течат. „Ова може да се случи и со македонската кандидатура. Преговорите треба да почнат и се надевам дека проблемот со името, исто така, ќе биде решен во блиска иднина. Што се однесува на европската интеграција, немаме време за губење“, истакна Чавашоглу.

Овие зборови на големиот пријател на Македонија во Советот на Европа сигурно му се допаднаа на премиерот Груевски. Но, и самиот Груевски на крај од своето обраќање во паневропската асамблеја рече дека секоја поддршка од СЕ, иако проблемот се решава под закрила на ОН, е добредојдена.

Во своето обраќање пред Стразбур Груевски се осврна на значењето и на приоритетите на македонското претседателство. Притоа ги охрабри другите земји-членки на СЕ да го следат примерот на Македонија и ако ја немаат ратификувано Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, тоа да го направат без одложување.

Според Груевски, членството во ЕУ и во НАТО е врвен приоритет на македонската надворешна политика и наидува на огромна поддршка и одобрување кај повеќе од 80 проценти од граѓаните на земјата. Во таа пригода тој потсети дека иако земјата ги исполни сите неопходни критериуми и доби препорака за почеток на преговори, Советот на ЕУ поради спротивставувањето на Грција не ја прифати препораката на Комисијата, со што македонската перспектива повторно беше попречена. Тој нагласи дека во Македонија постои цврста определба за надминување на овој спор, според принципите на кои е втемелен Советот на Европа.

На прашањето на Андреј Жерновски, од име на групата европски либерали, која е македонска црвена линија во преговорите со Грција, бидејќи грчката црвена линија и таа на Папандреу е добро позната, Груевски одговори дека ако некој сака да најде решение на еден проблем не е добро да истакнува непреминливи црвени линии. Грција, според него, постојано го прави тоа со што им штети на напорите, кои ги правиме за решение на проблемот. Повторувајќи дека треба да се почитува правото на секоја земја да го избере името што го сака, Груевски нагласи дека треба да се најде решение, не само прифатливо за двете страни, туку и за нашите граѓани, бидејќи тој има политичка одговорност и за граѓаните на Македонија. „Ако најдеме решение ние ќе треба да организираме референдум, кој ќе им дозволи на граѓаните на Македонија да кажат дали го прифаќаат или не“, рече тој.

На обвинувањето на грчката парламентарка, Елза Папдимитриу, дека Груевски директно или индиректно ги поддржува иредентистичките однесувања, како фотографирањата пред картата на голема Македонија (пред гробот на Гоце Делчев) на која Солун е во Македонија, премиерот одговори оти овие карти биле на манифестација на која тој бил поканет и оти тоа не треба да се поврзува со неговата визија и со напорите за наоѓање решение за проблемот со името.

Груевски го прашуваа и за начинот на кој мисли да се справи со големата сиромаштија и со невработеноста во земјата, а тој одговори дека политиката што ја води Владата на економски план во период на светска криза е ефикасна и вродува со плод, за што се добиени пофалби од повеќе меѓународни институции.

Груевски во Стразбур имаше средба со комесарот за човекови права на СЕ, Томас Хамарберг, и претседателот на Европскиот суд за човекови права, Жан-Пол Коста.


#
Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 08.10.2010 14:26:08
Значи ова во превод би значело „реалниот компромис“е всушност ирационалното: немаме став за ништо!Секако картата не треба да се поврзува со неговата визија,но што е со секојдневните Фатаморгани од портокалови „експерти“за антика?Изјавите често пати се од устите на луѓе на раководни позиции во владата и партијата!Дали тие настапуваат независно од идеолошката премиса на Шерифот?
Од: exorcist
Датум: 08.10.2010 15:57:51
Vestackoto pravenje na problem so imeto e zaradi kocenjeto za vlez na drzavata vo NATO i EU. Toa vo kontinuitet go pravat branko i grujo so nivnite predlozi dodavka da e skopje ili vardarska, koi treba da se prezentiraat deka ne go narusuvaat identitetot na drzavata.. breejj majkata, a kako ke go prezentiraat toa, pa uste da im e vo prilog na predvremeni izbori..
Од: "vodolija"
Датум: 08.10.2010 17:17:53
Po prostiot gragjanin bi ja upotrebil povorkata:" TI GO KRSTIS, A TOJ PRDI" Ako Gruevski bil pokanet na nekoja manifestacija, dali TOA mu dava za pravo , na taa manifestacija da se soblekuva i GOL kako od majka roden!? Dali spomenikot na "Aleksandar, avto-patot,aerodromot, stadionot " i red drugi negovi gluposti se za nego manifestacija ili VIZIJA za nekoja Egejska Makedonija!!?? A, vo privremenata spogodba od 1995 g. postoi tocka ,deka ovakvi Ideolosko-Teroristicki VIZII na Gruevski se NEDOZVOLENI- Makedonija ne e VIZIJA, kako da e niva oranica, i sekoj da moze da ja ori !!!???Krajno e vreme politickata Paranoja na Gruevski , da ispari od ovie geografski obelezja na Makedonija !!!???Pozdrav do site multietnicki gragjani na Makedonija !!!???
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.10.2010 18:49:14
И преседателот на ЕУ парламентарното собрание мисли како и владата.Просто да нети се верува.Некако нема подршка на просветлените опозициски коментатори визави изјавите на грчкиот парламентарец.Инаку ајвандокторот треба да знае да не се откриваат картите тука оти имаме опозициони кибицери кој со ишарет му кажуваат на својот јужен приател што карти имаме.
Од: Трпе
Датум: 08.10.2010 19:24:51
Пред некој ден во моето мало гледав како еден германски пинч,ѓавкаше по еден германски овчар.И кај нашата земја се случуват слични работи ,еден новомакедонец ,замислувајки се антички македонец ѓавкаше по словенски македонец.

Најди! во Утрински
Втора страница
Јагнињата стивнаа
Вербатим
Почина Милка Планинц, силната дама од СФРЈ
Наумовски не прифаќа вина
Администрацијата има рок до 2015 година






Hungarian ultra-nationalist missionaries fail in Transylvania
Slovenia still blocking Croatia's progress towards EU
Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads