Наумовски не прифаќа вина
Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, очекува Европската комисија годинава, исто како и лани, да достави објективен извештај за напредокот на Македонија.
„Очекувам во извештајот да ги добиеме насоките за идното дејствување за да се исполни што е можно поголем дел од критериумите во годините што доаѓаат, а Македонија да ги почне преговорите за да стане полноправна членка на ЕУ“, изјави Наумовски.
Тој не се согласи со тврдењето на Зоран Талер дека една третина од вината за застојот во евроинтеграциите е во Македонија. „Иако ЕК минатата година препорача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите, таа одлука не беше донесена од друга причина, која не е дел од критериумите за членство. Она што се бара од нас - да ги исполнуваме критериумите за членство и да продолжиме со реформите - ќе продолжиме да го правиме и натаму“, рече Наумовски. (Д.Р.) |