Чилеанските рудари излегуваат на површина
КОПИЈАПО – Операцијата за спасување на 33 чиленаски рудари затрупани под земја почна вчера на полноќ, изјави министерот за рударство, Лоренс Голборн. Претходно беше изведен успешен тест врз челичната капсула за спасување, спуштајќи ја речиси до рударите на длабочина од околу 622 метри, посочија инженерите. Рударите во рудникот Сан Хозе се затрупани по уривање на тунел што се случи на 5 август.
Денес на површина треба да биде извлечен првиот од 33 затрупани.
Дописниците јавуваат дека се чувствува возбуденост на површината, каде што роднините на рударите ги одбројуваат часовите. Новинари од целиот свет го преплавија местото за да бидат сведоци на ослободувањето на луѓето од нивното двомесечно тешко искушение. Сопругите и девојките, кои кампуваа пред влезот на рудникот, размислуваат што ќе носат за пречекот на нивните мажи. Претседателот Себастијан Пинера се очекуваше да пристигне во текот на вчерашниот ден и безбедноста беше зајакната. Полицајци на коњи патролираа по брдата што го опкружуваат рудникот. (Би-Би-Си) |