Евакуација
Рударите излегоа на површина
Првиот рудар Флоренсио Авалос (31) патуваше кон површината низ спасувачкото окно длабоко речиси 800 метри
Извлечени 15 рудари, 18 чекаат
Сантијаго - Извадени се уште тројца рудари од чилеанскиот рудник за злато и бакар Сан Хозе, со што бројот на спасени рудари вчера изнесуваше петнаесет до затворањето на весникот.
Шестиот рудар кој беше извлечен на површината на земјата беше 30-годишниот Осман Араја, кој имаше емотивен пречек од страна на својата сопруга. Седмиот спасен рудар Хосе Оједа беше пречекан од неговата поќерка.
Осмиот, Клаудио Ианез беше пречекан од неговата девојка Кристина Нунез, со која е во 11-годишна врска. Тие се договорија да се венчаат наскоро.
Претходно, првиот од рударите кој беше спасен е Флоренсио Авалос (31). Извлекувањето на капсулата траеше 16 минути, а спуштањето, под дејство на гравитацијата, една минута повеќе.
Вторио�� од 33-та чилеански рудари, кој е изваден на површината, е 39-годишниот Марио Сепулведа, кој се наоѓа во добра психичка состојба.
Веднаш по неговото излегување од капсулата тој ги прегрна својата сопруга и чилеанскиот претседател Себастијан Пинера, кои беа меѓу првите кои го пречекаа.
Вчераутро се извлечени првите 15 од 33 рудари кои беа затрупани цели два месеца, додека спасувачката операција што ја инспирираше нацијата и го привлече вниманието на светот дојде во финалната фаза. Осман Араја (30) ја прегрна сопругата Ангелика и им се заблагодари на спасувачите пред да биде однесен во болница каде што ќе му бидат извршени лекарски прегледи. Повеќе од пет часа претходно, првиот рудар Флоренсио Авалос (31) патуваше кон површината низ спасувачкото окно длабоко речиси 800 метри, во специјално дизајнирана капсула што ја тестираа официјалните лица во вторникот.
Малку по полноќ се огласија сирени откако капсулата стигна на површината со Авалос во неа. Со смирен израз на лицето, тој го прегрна семејството, претседателот на државата и работниците околу него.
РУДНИКОТ САН ХОЗЕ - Вчераутро се извлечени првите петнаесетмина од 33 рудари кои беа затрупани цели два месеца, додека спасувачката операција што ја инспирираше нацијата и го привлече вниманието на светот дојде во финалната фаза. Осман Араја (30) ја прегрна сопругата Ангелика и им се заблагодари на спасувачите пред да биде однесен во болница каде што ќе му бидат извршени лекарски прегледи. Повеќе од пет часа претходно, првиот рудар Флоренсио Авалос (31) патуваше кон површината низ спасувачкото окно длабоко речиси 800 метри, во специјално дизајнирана капсула што ја тестираа официјалните лица во вторникот.
Малку по полноќ се огласија сирени откако капсулата стигна на површината со Авалос во неа. Со смирен израз на лицето, тој го прегрна семејството, претседателот на државата и работниците околу него пред да биде однесен на носилка, поздравувајќи ги останатите додека го носеа. Рударите Марио Сепулведа (39), Хуан Иланез (рани 50), Карлос Мамани (24) и Џими Санчез (19), беа извлечени по него. „Ова е величествен почеток“, изјави Родриго Педрерос (34), пожарникар, додека гледаше кон рудникот. „Се молам се' да помине во најдобар ред“.
Сепулведа, вториот рудар кој беше извлечен на површината, беше пресреќен додека излегуваше од капсулата, прегрнувајќи ги роднините и официјалните лица. Тој го прегрна претседателот Пинера три пати и им подели подароци на луѓето: камења од рудникот. Потоа ја предводеше толпата во скандирањето „Чиле“. „Рударите на Чиле“ беше често повторувана реченица како што беа извлекувани луѓето на површина. Мамани, единствениот Боливиец меѓу групата затрупани рудари, беше пречекан од сопругата Вероника и чилеанскиот претседател Себастијан Пинера и неговата сопруга.
Длабоко во рудникот, останатите 27 рудари го чекаа својот ред, заедно со спасувачот што ги посети во нивниот подземен рај во тесната капсула, која беше обоена во боите на чилеанското знаме. Кога спасувачот, конечно, во вторникот дојде до рударите, тој беше пречекан со воодушевени ракувања од рударите.
Додека Пинера нервозно чекаше во близина на отворот за спасување, роднините на рударите и повеќе од 1.300 новинари се собраа околу телевизорите во кампот „Надеж“, импровизиран град од шатори кој дишеше во карневалска атмосфера, како што се приближуваше извлекувањето. Во еден момент Пинера се помеша со семејствата, па дури и запеа песна со нив. „Конечно дојде и тој ден“, рече Марта Месијас (51), тетка на рударот Клаудио Јанес (34). „Ќе му наздравиме со шампањ и ќе го нагостиме со печена кокошка“.
Се очекува операцијата да трае од еден до два дена, кога Луис Урзуа (54), водачот на смената кој го организираше животот на рударите во рудникот, ќе биде последниот извлечен. Трката за спасување на рударите го стави Чиле во центарот на вниманието што честопати го бараше, но ретко го доживуваше. Иако беше фалена за својот економски менаџмент и штедливоста, нацијата честопати го привлекуваше вниманието на светот со непочитувањето на човековите права и природните катастрофи отколку со инспиративни моменти. Меѓутоа, истрајноста на рударите затрупани толку длабоко под земјата, во темно и влажно место, го запрепасти светот со универзалната сторија за човековата борба и енормно комплексната операција за нивно спасување.
За неа беа потребни милиони долари, луѓе од НАСА и експерти за дупчење од десетина или повеќе земја. Некои луѓе од рудникот ги споредија спасувачките напори со вселенската мисија „Аполо 13“, поради емотивните тензии што ги предизвикаа и очекувањата за колективен знак на олеснување на крајот. „Се надеваме дека со Божја помош овој еп ќе има среќен крај“, изјави Пинера пред да почне спасувањето.
И покрај големите очекувања, официјалните личности предупредија дека операцијата се' уште е во многу несигурна фаза. Отворот за спасување е едвај широк колку и капсулата што ќе се движи низ него, превезувајќи по еден рудар кон површината. Комплицирани работи, како што е, на пример, тоа што отворот не е вертикален, ги зголемуваат стравувањата дека капсулата попатно би можела да заглави.
Одлуката на Пинера, прв десноориентиран лидер на Чиле по 20 години, да го заложи мандатот со постојаниот притисок да се спасат рударите беше извонредна политичка калкулација. Меѓутоа, тоа му донесе и голема дивиденда, зголемувајќи ја неговата популарност дома и лансирајќи го на меѓународната сцена на која честопати доминираа други големи личности во регионот. По одронувањето што се случи на 5 август, рударите беа затрупани, а нивната судбина во најмала рака беше несигурна. Советниците на Пинера го советуваа да не ги зголемува очекувањата дека тие би можеле да бидат пронајдени живи. Лоренс Голборн, министер за рударство, јавно кажа дека мали се шансите тие да преживеале, коментари што вознемирија многу Чилеанци. (Њујорк тајмс) |