Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Спорт

Далас ја запре победничката серија на Њу Орлеанс

Ставен е крај на победничката низа на кошаркарите на Њу Орлеанс. Тоа го стори тимот на Далас што со 98:95 им го нанесе првиот пораз на хорнетси во новата сезона.

На 7:44 минути до крајот Њу Орлеанс имаше плус 10 (87:77), но следуваше пресврт. Во последните 200 секунди резултатот беше израмнет, па до последниот звук на сирената се водеше голема борба. Џејсон Тери погоди за водство на маверикси (97:95) на 34,9 секунди до крајот, во последниот напад Дејвид Вест промаши еднаш, а Тревор Ариза два пати за хорнетси. Победата на Далас ја потврди Дирк Новицки од линијата за слободни фрлања на 2,8 секунди до истекот на регуларното време. Токму германскиот интернационалец беше најзаслужен за седмиот сезонски триумф на Далас. Оствари ефект од 25 коша, 10 скока и три асистенции, лидер на Њу Орлеанс беше Крис Пол со 22 поена, четири скока и три додавања.

Моментно втората екипа во источната конфере��ција, Орландо, ја забележа седмата победа сезонава. „Магичните“ го совладаа Мемфис со 89:72 во меч во кој доминираа од почеток до крај против неубедливите гризли. Најрасположен за игра кај Орландо беше Двајт Хауард со 18 поени и 14 скока, прво име кај Мемфис беше Марк Гасол со 14 коша, осум скока и две асистенции.

Резултати: Орландо - Мемфис 89:72, Шарлот - Минесота 113:110, Далас - Њу Орлеанс 98:95, Феникс - Денвер 100:94, Јута - Оклахома 108:115, Голден Стејт - Детроит 101:97, Лос Анџелес Клиперс - Њу Џерси 96:110.


#
Статијата е прочитана 256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Петров
Со крпен состав по реприза на Скадар
Бенитез во вкрстен оган, Снајдер го брани
Гебрселасие се премисли за повлекувањето
Телевизиската снимка го стивна Металург
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011