12.03.2013, 14:12 Лејди Гага се мажи летово
Во САД почнаа да се шират гласини дека контроверзната дива одлучила ова лето да стапне на лудиот камен
Низ музичката сцена во САД почнаа гласини дека контроверзната дива Лејди Гага одлучила ова лето да стапне на лудиот камен.
Нејзинината пријателка Ди Џеј Старлајт тврди дека нештата меѓу Гага и нејзиното момче Тејлор Кини се многу сериозни и оти сакаат врската да ја кренат на ново ниво.
- Таа ми рече дека тој е оној вистинскиот и штом ќе ги видите заедно знаете дека тоа е вистина. Создадени се еден за друг. Мислам дека не е тајна тоа што одлучиле да се венчаат. Свадбата би требало да биде ова лето, кога Гага ќе ги заврши концертните и студиските активности, вели нејзината пријателка и додаде дека Гага минува многу време во Чикаго бидејќи му е потребна на Тејлор.
Двојката е заедно од септември 2011 година. Се запознаа на снимањето на спотот за песната „You and I“. Во моментов живеат во Чикаго, каде Гага се опоравува од операцијата на колкот, а Тејлор снима нова ТВ серија.
Поради повредата на колкот Гага мораше да ги откаже сите концерти во рамки на турнејата Born This Way. |