Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Два месеца породилно и за татковците

Според постојниот закон, отсуство заради грижа на дете може да користи само еден од двајцата родители

Маја Томиќ

Најверојатно, од в година и татковците ќе можат да одат на платено породилно отсуство заедно со мајките. Но, за разлика од нив, тие би користеле само два месеца. За тоа време би требало да им помагаат на сопругите околу грижата за детето. Паричен надомест ќе земаат преку Фондот за здравствено осигурување.

Оваа идеја е од Министерството за труд и социјала и таа беше најавувана за оваа година. Поточно, треба да се направат измени во Законот за работни односи, кој моментално дозволува и мажи да одат на породилно, но само доколку жената не сака или не може да користи вакво отсуство.

Значи, сега само еден од родителите има право на отсуство заради грижа за детето.

Како што соопшти деновиве министерот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами, поради антикризните мерки, овој законски предлог се пролонгира и најверојатно ќе се предложи во почетокот на наредната година. Во меѓувреме, треба да се направи и финансиска конструкција колку пари од Фондот за здравство, односно од буџетот, ќе повлече оваа новина. Од Фондот за здравство засега немаат коментар околу најавената новина во ЗРО. Велат дека таа сигурно претходно ќе се разгледува меѓу предлагачот, Министерството за финансии и ФЗО за да се прецизираат работите и да се знае колку пари ќе се издвојуваат во иднина за породилното на татковците. Портпаролот на ФЗО, Бранко Аџигогов, дополни дека до крајот на годинава буџетот на Фондот за исплата на сите боледувања изнесува две милијарди денари, што е за 1,6 милијарди денари повеќе од минатата година. Ова би можело да се сфати дека не би требало да има проблеми со дополнителните трошоци за породилното на татковците.

Работодавците би ја поддржале оваа новина, во интерес на мајките и на модерните времиња. Претседателот на Здружението на работодавци, Димитар Стојановски, вели дека оваа законска новина би била во ред и за фирмите доколку не им носи дополнителни трошоци, односно ако Фондот го плаќа породилното на таткото.

„Можеби би настанале одредени тешкотии во фирми каде што работат и двајцата сопружници, па ќе мора за тој период од два месеца, додека е отсуството на таткото, да се бара замена со друг работник, што ќе повлече нови трошоци. Но, мислам дека и тоа нема значајно да предизвика проблеми за компаниите“, вели Стојановски.

И мажите и жените ја поздравуваат оваа промена.

„Мислам дека е во ред оваа новина и татковците да учествуваат во грижата за бебето и дека тоа ќе им значи на младите мајки на кои им е потребна помош, посебно во почетокот од животот на детето“, изјави П.К , мајка на две деца, која додава :„Камо среќа ваков закон да имаше пред 13 години кога го родив првото дете“.

Еден татко на неколкумесечно бебе го пренесува своето искуство: „Јас не го користев намерно годишниот одмор преку летото и ги чував деновите за да и' помогнам на сопругата откако ќе се породи со нашето дете. Мислам дека на жената и' е неопходна помош околу грижата на детето и за домаќинските работи не само во првите два месеца туку и подолго време“, вели овој млад човек.

Според член 167 од Законот за работни односи, ако осуството од работа за родителство не го користи работничката, правото го користи таткото или посвоителот, а породилното отсуство трае 9 или 12 месеци.

Инаку, платеното породилно отсуство за татковци веќе функционира десетина години во повеќе европски земји. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 3237 пати.

Испрати коментар

Од: vera
Датум: 19.10.2010 13:34:05
abe nemate lekovi po bolnicite ,a vie porodilno ke im davate na tatkovcite ,demek mladive malki nemale vreme ,da ne slucajno imaat za perenje na raka peleni ili pampersot nema da mozat da go isfrlat vo gubre.EEEEEEj selo gori baba se cesla!!!!
Од: zapad
Датум: 19.10.2010 15:35:05
Jas kolku sto znam porodilnoto za tatkoto e so cel da i toj bidi del od deteto, da dobija bliskost, da ja oseti tatkovata ljubov na toj nacin sto nikoj ne mozi da mu objasni so zborovi. Ne zaradi toa deka majkite nemozele da stasaat da isperat ili red drugi raboti, da vistina e deka sega e polesno od porano ama togas ziveea site zaedno i majkata dobivase pomos od ostanatite clenovi od semejstvoto sega nikoj ne saka da zivee zaedno i edna majka mora da bidi i dobra domajkinka dobra sopruga, da raboti i.t.n pa izvini vaka "VERA "ama ne e lesno da bidis majka i vo denesno vreme.
Од: mene
Датум: 19.10.2010 16:24:16
Super samo ako i soprugot odi na porodilno, a od fondot kasnat so isplata 3 meseci kako ke preziveeme tie 2 meseci bez plati, nikohj ne pomisluva na ova.
Од: Abe ajde
Датум: 20.10.2010 00:03:29
Isplatete mi gi prvin zaostanatite isplati za Juli, Avgust i Septemvri. Duri bev i neobjasnivo srekna sto so sto telefonski povici Juni mi go isplativte vo Oktomvri!!???Sramota i mizerija e toa sto im go pravite na roditelite, a i na decata!!!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“
„Филип Втори“ пак војува со Фондот
На деканите им пукна филмот






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria