Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

На деканите им пукна филмот

Жаклина Ѓорѓевиќ

Деканите и министерот за образование Никола Тодоров влегоа во отворена војна, но не поради непотизмот, туку поради неговата идеја Скопскиот универзитет да се подели на пет универзитети. Скопските факултети ги тресе аферата со семејни вработувања, а деканите наместо да одговорат на овие сериозни обвинувања што дојдоа од првиот човек во ресорот образование, решија да се препукуваат со министерот околу вечно актуелната тема за позицијата на најстарата високообразовна институција. Првите луѓе на факултетите вчера во соопштение, со остри зборови го обвинија министерот за елементарно непознавање на состојбите во високото образование. Чепкањето во џебовите на професорите и нивните семејни лози на факултетите, деканите ја третираа како депласирана тема, па вчера имаа став дека сите вработувања се според законите и конкурсите.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го понесе на сопствен грб и со сопствени средства целиот процес на имплементација на болоњските реформи без никаква финансиска помош и најмалку што може да се очекува од еден министер за образование е да изјави дека на Универзитетот се' се гледа низ призмата на средствата“, оценуваат деканите во соопштението што го лиферуваа по вчерашната затворена седница на Ректорската управа. Медиумите останаа без одговор зошто на седницата не се расправаше за непотизмот што беше посочен на шестте скопски факултети, иако претходно ректорот најави дека по седницата, ќе има и прес-конференција на која ќе ги изнесат ставовите, посебно за семејните вработувања. Забелешката на министерот дека УКИМ е обемен и законски наводно интегриран и дека ќе се најде на Шенгенската листа за 5-10 години, деканите ја отфрлија како неоправдана. Тие тврдат дека универзитетот е интегриран согласно со законот и болоњските принципи.

„Изјавата дека УКИМ треба да се подели за да биде рангиран на Шангајската листа е тотално бесмислена, обид за мешање во внатрешната организација на универзитетот, а со тоа и обид за груб упад во универзитетската автономија“, е ставот на деканите кои дообјаснуваат дека во Европа се случува процес на обединување, а не на расцепкување на универзитетите.

„Зошто на министерот му пречи силен, развиен, интегриран и афирмиран универзитет, како што е „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“, прашуваат првите луѓе на факултетите. Тие го предупредуваат министерот дека неговите ставови можат да бидат опасни и му сугерираат да ги преиспита ако сака да продолжат со нивната соработка. „Универзитетот со целиот свој потенцијал и сите расположливи средства ќе ја брани својата уставно загарантирана автономија“, е пораката до министерот.

„Нема потреба од гнев, говор на омраза и непочитување“, одговара писмено министерот. Тој порачува дека е отворен за сугестии, но „нема да подлегне на притисок и лична дискриминација“. Тодоров вели дека презентирал идеја со разработлив концепт за кој е отворен за сугестии, а преку кој универзитетот би можел да се пласира меѓу врвните универзитети.

„Концептот за интегриран универзитет е концепт за функционална реорганизација со што би се овозможило негово доближување до светските образовни трендови“ потенцира министерот во реакцијата до деканите.


#
Статијата е прочитана 1609 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 19.10.2010 12:14:21
Одамна на НАРОДОТ муе пукнат филмот од ДЕЧИШТАВА што се на власт.Но сепак ќути до кога?.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.10.2010 12:23:12
Тоа за непотизмот веќе одамна е привилегија на професорите на сите факултети,некаде во поголема мера не��аде во помала.Се чуваат места можеби и за внуци да кога ќе настасаат да се утаборат кај фамилијата.А инаку не ја зборуваат деканите вистината ,,да не се работело за пари,,.Се работи и тоа како,свежи ни се сеќавањата за громогласната реакција за намалување на партиципацијата за студирање.Всушност се се врти околу парите и бенефитите,се друго е празен моабет.
Од: citatel
Датум: 19.10.2010 13:38:52
1. ovaa vlada go sredi klinicki pa po istiot terk sega ke go sredi i univerzitetot. 2. Sto se odnesuva do nepotizmot, kako nekoj ima doblest da go kritikuva,a ko negoviot sef (premierot) celata svoja familija ja ima postaveno na najvisokiye drzavni funkcii. 3. Inaku ministereot ne podlegnuva na nikakvi pritisoci??? (dali misli na pritisocite za upis vo sredno medicinsko, ili mozebi za ucenje na makedonskiot jazik od prvo oddelenie). Smeski!!!! Nego ova izgleda e ona sto se suska deka nekoj saka da go unisti skipskiot univerzitet poradi svoi licni frustracii od mladosta>
Од: Hari
Датум: 19.10.2010 13:40:58
Felix fala Bogu sto kaj Ovcarot i decata od Vladata ne se raboti za pari:))), Profesorite se barem intelektualcio i personi za ovcarot i decistata od ulica koi uporno gi branis
Од: viktor
Датум: 19.10.2010 13:46:55
ABRE MINISTERCE , STVARNO SI ZA ZALENJE , VRSKA NEMAS AMA SERIOZNO , AJ PRVO TVOITE RODNINI TRGNI GI OD MEDICINSKI FAKULTET, PA POSLE ZBOI ZA DRUGITE, ILI TVOITE SE MNOGU STRUCNI I SE VRABOTENI OD POODAMNA A OVIE SE OD VCERA , STO E SO STUDENTSKITE DOMOVI , STO E SO UCEBNICITE I RED DR RABOTI ... SRAMOTA SAMO TRESKAS PO NEKOJA GLUPOST NA TV, DO KOGA AJDE POBRZO ZAMINUVAJ , UPS ZABORAVIV TI SI STANAL MINISTERCE BIDEJKI SI BIL SO SITE 5 (PETKI ) BRAVO !!!
Од: b
Датум: 19.10.2010 14:27:43
Просто, да не веруваш во натписов. Зар тука спаѓа и Ректорот Стојковски? Тој да се осмелил да немисли како Министерот? Неверувам, неверувам. А некој мераклии за коментар, коментираат како по задача. Не прочитале за што се работи, а коментираат. Само непотизам и мито им се врти во глава!
Од: todor
Датум: 19.10.2010 16:42:09
Овие дојдоа на власт да уништат а не да направат.
Од: boris
Датум: 19.10.2010 22:08:09
Значи,министерот Тодоров вели дека е ова за подобра автономност на Универзитетот!? Каква глупост! Па штом тој се меша-нема автономност!
Од: sebastian
Датум: 20.10.2010 01:13:52
„... силен, развиен, интегриран и афирмиран универзитет ... “ не постои - постојат одделни факултети во раките на УКИМ кои се солидно развиени и напредуваат ... оние кои се бунат против делењето на универзитетот се оние факултети кои не спаѓаат во оваа група ... министерот е во право што сака нештата да ги постави на свое место и конечно да ја видиме реалната слика на универзитетот, а не онаа која тие сакаат да ни ја прикажат ...

Најди! во Утрински
Македонија
Два месеца породилно и за татковците
Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“
„Филип Втори“ пак војува со Фондот






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'