Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Спорт

Ј. Африка се надева дека Обама ќе го посети Мундијалот

Организаторите на Светското фудбалско првенство се подготвени на турнирот да го угостат и претседателот на САД

Барак Обама е на листата на најпосакуваните гости на организаторите на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Претседателот на САД минатото лето во Белата куќа разговараше со претседателот на ФИФА Сеп Блатер и организаторите на мундијалот, и рече дека ќе се потруди до дојде во Јужна Африка, под услов обврските да му го дозволат тоа.

„Би било добро кога би дошол“, изјави во интервју за агенцијата Асошиејтед прес претседателот на Организацискиот комитет на СП Дани Џордан. „Очекуваме бројни шефови на држави во Јужна Африка. Ќе не посетат многу важни личности и затоа мораме да ги преземеме сите неопходни мерки околу нивната безбедност“, додаде Џордан.

Блатер и Џордан се надеваат дека на турнирот ќе присуствува и некогашниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела, добитник на Нобеловата награда за мир, кој во последно време ретко се појавува во јавноста.

„Сепак, Мендела има 91 година. Можеме да почекаме и да видиме“, коментира Џордан.

Претседателот на Организацискиот комитет на Светското првенство истакна дека е тешко да се процени колкав е ризикот од терористички напади за време на натпреварот меѓу САД и Англија, кој ќе се игра на 12 јуни. Тој додаде дека се' уште не е потврдена автентичноста на наводните закани на Ал Каида. Џордан призна дека во Јужна Африка нема да допатуваат 450.000 туристи од светот - почетна прогноза на организаторите.

Јужноафриканскиот министер за туризам Мартинус ван Шалквик рече дека тој број би можел да биде некаде околу 300.000 туристи, но Џордан наведе дека се очекуваат 373.000 гости. Околу 100.000 од таа бројка, во Јужна Африка ќе пристигне од околните земји. Моментално нема купувачи за околу 140.000 влезници. За ваквата состојба Џордан ја обвини светската економска криза.

„Таа криза ги погоди и земјите во Европа, меѓу кои и Англија и Германија, исклучително големи пазари. Дури сега ја гледаме и кризата во Грција. Луѓето кои во 2004 или 2005 година можеа да патуваат, сега во 2010 година ја немаат таа можност.

Најмногу влезници, 160.000, купија навивачи од САД, за кои пречка не беше ниту високата цена на авиопревозот и хотелското сместување. Проблемите на подготовките на мундијалот, сепак, не ги загрижија домаќините во потполност, кои според зборовите на Џордан размислуваат да се кандидираат за организирање на Олимписките игри во 2020 година. Градови домаќини би можеле да бидат Јоханезбург, Кејптаун или Дурбан.

„Тоа прашање се поставува само по себе“, заврши Дени Џордан.


#
Статијата е прочитана 286 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Без Милиќ во Волос
Металург за малку не успеа
Милвоки поведе во серијата со Атланта
Интер го урна митот за совршената Барса
Вардарци со победа го отворија финалето против Фени И.
Мурињо никогаш нема да ја води Барселона
Волкановска - спортска ѕвездичка што доаѓа