21.06.2013, 16:36 Украинската бијатлонка Демиденко избодена до смрт
Телото на 28-годишната поранешната украинска бијатлонка е пронајдено на скалите во зградата каде што живеела, а полицијата трага по убиецот
Поранешната украинска бијатлонка Олена Демиденко е пронајде��а избодена до смрт во градот Хлукив, а полицијата се` уште трага по убиецот, објавија локалните медиуми.
- Телото на 28-годишната поранешна учесничка на европскиот шампионат е пронајдено на скалите во зградата каде што живеела, соопшти портпаролот на полицијата Елвира Биганова.
Демиденко се натпреваруваше на два шампионата на Европа и беше шеста со штафетата на Украина во 2002 година, пред да започне со тренерска кариера.
Полицијата истакна дека Олена живеела со претходно осудуван убиец и по него се трага. Осомничениот веројатно веќе ја преминал границата со Русија, тврди украинската полиција. |