Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Гоце Смилевски доби награда за литература во Франкфурт

Европската награда на Смилевски ќе му биде врачена на 18 ноември во Кралскиот фламански театар во Брисел

Невена Поповска

Македонскиот писател Гоце Смилевски за романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“ ја доби наградата за литература на Европската унија. Наградата ја доделува Европската комисија во соработка со Европската федерација на издавачи, а признанието на Смилевски ќе му биде врачено на 18 ноември во Кралскиот фламански театар во Брисел. Одлуката за доделување на наградата Одборот ја соопшти вчера на Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт на кој како гостин присуствува и Смилевски.

Покрај македонскиот автор, наградата на Европската унија ја добија уште неколку писатели од Данска, Германија, Белгија, Финска, Луксембург, Романија, Кипар, Естонија, Словенија и Шпанија.

Гоце Смилевски за романот „Разговор со Спиноза“ ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, а неодамна премиерно беше изведена и претставата која е работена според романот. Романот во Македонија доживеа пет изданија, а беше преведен и објавен во САД, Полска, Словенија и Хрватска, а „Архипелаг“ од Белград го презентираше во рамките на едицијата „100 словенски романи“.

Добивањето на наградата за нај��обар роман на „Утрински весник“ во 2002 година, Смилевски од оваа дистанца ја коментира на следниот начин: „Мислам дека тоа е награда која направи пресврт во рецепцијата на романот кој го напишав. Ги предизвика читателите да го откријат внатрешниот свет на Барух Спиноза, односно на обидот на еден нивен сограѓанин да го доближи филозофот од седумнаесеттиот век на нашето време и до нашиот простор. Мислам дека дел од преводите кои следуваа беа иницирани токму од добивањето на признанието Роман на годината на ’Утрински весник‘.

Во поглед на тоа колку големите признанија за автор се потстрек или пак мала кочница во продукциска смисла, со оглед на фактот што носат обврска за поголема одговорност пред културната јавност и критика, Смилевски вели: „Секако дека таквите признанија се и потстрек и кочница, но и во двата случаи дејството е позитивно. Како потстрек, тие на човека му даваат чувство дека некој те вреднувал, дека некој те чита, дека во некоја невидлива димензија се допираат постоењето на оној кој го креирал делото и оние кои ја доживуваат таа креација, а воедно во тие невидливи димензии постои и взаемна соработка: оној кој го чита делото, воедно и го продолжува и го заокружува неговото значење. И вториот аспект кој со себе го носат признанијата има свои позитивности: човек станува поодговорен, ако напишам нешто што мислам дека не е достојно да му го одземе времето на некој кој ги прочитал „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Сигмуд Фројд“ и кој сигурно ќе го купи и следниот мој роман, јас ќе работам на делото се до оној миг додека не станам сигурен дека романот не е одземање на нечие туѓо време, туку средба на дел од моето постоење со дел од постоењето на читателите.“

Романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“ произлегува од една од трите приказни кои се преплетуваат во драмата „Три куси танцови чекори“ и постоеше можност да се вика „Реквием за Адолфина Фрокд“. Оној дел од романот кој е искористен во драмскиот текст е фокусиран на последните мигови на Адолфина Фројд, во кои таа во својата имагинација се среќава со својот покоен брат Сигмунд. Средбата е навраќање на минатото, но и миг за обвинување: при бегството од Виена пред нацистите, Сигмунд го спасува своето потесно семејство и сестрата на својата сопруга, но сопствените сестри ги остава на немилоста на фашистичките сили, и тие завршуваат во концентрациониот логор Терезин. Романот дава слика на животот на Адолфина Фројд, нејзиното постоење видено низ призмата на теориите на Сигмунд Фројд, но воедно, и нејзиното побивање на тие исти теории преку начинот на кој го преживува својот живот.

Како што не информираше неговиот издавач, романот „Сестрата за Сигмунд Фројд“, кој за прв пат беше објавен во 2007 година, деновиве ќе објави ново дополнето издание на романот со амблемот на Наградата за литература на Европската унија.


#
Статијата е прочитана 728 пати.

Испрати коментар

Од: Klime
Датум: 07.10.2010 15:40:02
Cestitki i pozdravi do pisatelot. Zosto nikoj ne go prokomentira ovoj vazen kulturen nastan. Koga se vo prasanje "politicki" raboti (mislam klukanja) site reagiraat. Sega nikoj. Daleko li sme od kulturata ??
Од: Александра
Датум: 07.10.2010 16:06:24
Секоја чест!!!! Се надевам се почесто ќе читаме вести од овој тип.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 08.10.2010 00:04:23
Да му заблагодариме на оној Горе за ретко убавата вест.За Смилевски само честитки!
Од: Eli
Датум: 08.10.2010 07:26:08
Da, se soglasuvam, ovakva vest e za davanje komentari koi mozat da bidat samoi pozitivni. Eva vaka Evropa ne prima! Cestitki za avtorot, cii knigi mnogu mi se dopadnaa i so netrpenia gi cekam idnite negovi pisanija. Bravo majstore!
Од: Natasha
Датум: 08.10.2010 07:57:17
Neizmerno se raduvam na vakvi vesti. Cestitki za Goce i od se srce ti blagodarime za ubavata promocija na nasata zemja i nasata literatura vo Evropa!!! Majstor si na zborot i samo taka prodolzi!!!

Најди! во Утрински
Култура
Почна најголемиот саем на книгата
Изложба на Македонка Змејковска
Никола Бенедети ќе ја почне новата сезона на Филхармонија
Милован Стефановски е автор на поемата „Адам од Говрлево“






Hungarian ultra-nationalist missionaries fail in Transylvania
Slovenia still blocking Croatia's progress towards EU
Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads