Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Тетекс ремизира во евродебито

Тетовци одиграа 0:0 во првиот меч од 2. коло во квалификациите за Лига Европа кај фаворитот Вентспилс

Пријатно евро-деби за освојувачот на македонскиот куп, екипата на Тетекс. Тетовци отпатуваа во Летонија со скромни очекувања и со намера што поскапо да ја продадат својата кожа, но оттаму се враќаат со 0:0 по првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа против Вентспилс.

Противникот важеше за огромен фаворит во двомечот, лани играше во фазата по групи во ова натпреварување иако беше на прагот и од сензационален пласман во групното ниво во Лигата на шампионите меѓутоа нашиот претставник не дозволи „изживување“ врз себе на „Олимписки центар“ во Вентспилс. Фудбалерите на Тони Јакимоски беа прежалени во домашната јавност веднаш по ждрепката во Нион, прежалени веројатно беа и во летонската меѓу��оа, Тетекс, не дозволи да биде понижен. Во прилог му одеше и олабавеноста на Летонците, кои мислеа дека лесно ќе се справат со дебитантот во Европа.

Тетекс, барем засега, ги демантираа и, тоа како, ги зголемија шансите за пласман во наредната рунда во реваншот, во четврток, на „Филип Втори“ иако фаворитската улога, и натаму, останува на страната на Вентспилс.

Вентспилс - Тетекс 0:0
Стадион: „Олимписки центар“ во Вентспилс. Гледачи: 2.000. Главен судија: Дејвид Малколм. Помошници: Џон Мекдауел и Пол Мен (сите тројца од Северна Ирска). Жолти картони: Захариевски, Ристов, Глигоровски, Ристевски (Тетекс).

Вентспилс: Колинко, Крјауклис, Постников, Е. Вишнаковс (Жигајевс), А. Вишнаковс, Дедов, Тукура, Жузинс (Космачовс), Беспаловс, Габовс (Шпаков), Соловјовс. Тренер: Нунцио Заветиери.

Тетекс: Ма. Јовановски, Наумовски, Ристевски (Радоњиќ), Д. Јовановски, Ристов, Стојановски, Мишковски, Пеев (Белчев), Захариевски, Глигоровски (Ми. Јовановски), Исени. Тренер: Тони Јакимоски. (С.Д.)


#
Статијата е прочитана 437 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Работнички со играч помалку до гол повеќе
Ливерпул во Скопје на 5 август?
Меси во посета на Хаити
Анри се повлече од репрезентацијата
Бостон го продолжи договорот со Пирс
Трета победа за Кевендиш, Реншоу дисквалификуван
Семенја победи во првата трка по принудната пауза
Роси ќе вози викендов во Германија
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links