Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Работнички со играч помалку до гол повеќе

Дебармаалци ја совладаа Мика со 1:0 во првиот меч од 2. квалификациско коло за Лига Европа

Сашко Ѓ. Димовски

Фудбалерите на Работнички одеа на каква било победа без примен гол во воведниот дуел во второто квалификациско коло за Лига Европа против Мика и ја остварија. Посакуваа 2:0, но за Ереван, наредната недела, ќе патуваат со предност од 1:0 што ја стекнаа во финишот од мечот, во ненормални услови за игра, со фудбалер помалку на тревникот (Фернандо доби директен црвен картон во 36 минута по стартот одзади врз Демемел) и со натчовечки напори да останат непоразени во една таква ситуација. Тренерот Зоран Стратев беше принуден набрзо да ја менува концепцијата, да ја засили одбраната за сметка на средниот ред и шансата за гол да се бара преку контранапади. И ја дочекаа. Трпеливо се бранеа во продолжението од натпреварот и во 86 минута „испалија куршум“ за огромна радост. На голот му претходеа три потези, дегажман на Богатинов, асистенција на Синковиќ, реализација на Вандеир по што на претседателот на клубот, Драган Поповски, му падна камен од срце. Работнички, и во третиот евро-меч оваа сезона, е со максимален ефект (три победи) и без примен гол (постигна 12), триумфот над Ерменците доаѓа и како честитка на играчите за Стратев кој во четвртокот го прослави јубилејниот 50 роденден.

Мика допатува во Скопје со намера да извлече поволен резултат. И имаше шанса да го стори тоа, но се однесуваше премногу резервирано. Ерменците ја доби средината на теренот меѓутоа не знаеја како да ја искористат. Составот на Армек Адамјан не одигра, речиси, ништо на „Филип Втори“ и не заслужи повеќе од пораз. Му се насмевнуваше прилика за победа, Мика реши да оди на реми, на крајот доживеа пораз.

РаботниЧки - Мика 1:0



Полувреме: 0:0. Национална арена: „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 3.500. Главен судија: Тамаш Богнар. Помошници: Венцел Тот и Балаш Фаркаш (сите тројца од Унгарија). Жолти картони: Вандеир, Тодоровски (Работнички). Црвен картон: Фернандо (Работнички). Стрелец: Вандеир во 86 минута.

Работнички: Богатинов, Адем, Секуловски, Фернандо, Димовски, Тунески, Глигоров, Муарем (Синковиќ), Фабио (Белица), Зе Карлос (Тодоровски), Вандеир. Тренер: Зоран Стратев.

Мика: Клевинскас, Алекс, Татеосјан, Мкртчјан, Мкојан, Петросјан, Лопез, Монтенегро (Восканјан), Еднеи, Едилсон (Бегларјан), Демемел (Грегалевичиус). Тренер: Армек Адамјан.


#
Статијата е прочитана 345 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ливерпул во Скопје на 5 август?
Меси во посета на Хаити
Анри се повлече од репрезентацијата
Бостон го продолжи договорот со Пирс
Трета победа за Кевендиш, Реншоу дисквалификуван
Тетекс ремизира во евродебито
Семенја победи во првата трка по принудната пауза
Роси ќе вози викендов во Германија