Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Продажбата на алкохол е намалена

Трговците бараат да се изземе пивото од забраната за продажба на алкохол по 19 часот

Александрија Стевковска

Прометот на алкохолни пијалаци од почетокот на месецов е драстично опаднат, по стапувањето во сила на измените во Законот за трговија, кој предвидува забрана за продажба на алкохол во периодот од 19 до 6 часот. Заради стопирање на натамошниот пад на продажбата на алкохолот, трговците побараа средба со вицепремиерот Зоран Ставрески, со цел да издејствуваат барем пивото, кое учествува со најголем процент во продажбата на алкохолот, да се изземе од забраната за продажба на алкохол по 19 часот. Ако не се направи тоа, производителите на пиво ќе претрпат големи штети.

„Со стапување во сила на забраната за продажба на алкохол по 19 часот и забраната за негова продажба на бензинските пумпи, киосците и продавниците во состав на зелените пазари, регистриравме драстичен пад на продажбата на пивото. Доколку Владата не го прифати нашето барање пивото да не се вбројува во групата алкохолни пијалаци, тогаш допрва индустријата за производство на пиво ќе бележи загуби кои со ништо нема да можат да се надоместат“, вели директорот на Прилепската пиварница, Сашо Самарџиоски.

Според него, државата сама направила разграничување на жестоките алкохолни пијалаци и пивото со функционирањето во практика на два правилника за работа за жестоки пијалаци и за пиво, а сега двете категории пијалаци ги става во ист кош.

„Пивото по грешка се наоѓа во иста група со жестоките пијалаци и како такво треба да биде изземено од забраната за продажба по седум часот попладне“, смета Самарџиоски.

Некои помали трговци кои пресметале дека трошокот за вадење лиценци од 20.000 денари е превисок за нив веќе го повлекоа алкохолот од своите рафтови, но алкохол не може да се најде ниту во дел од поголемите супермаркети, како што се „Макси Д“ и СП. Оттаму уверуваат дека алкохолот наскоро ќе се врати во нивните продавници.

„Заради избегнување проблеми во периодот на приспособување на новите законски измени во Законот за трговија, го тргнавме алкохолот од нашите продавници. Во меѓувреме, работиме на обезбедување минимални технички услови за продажба на алкохол според новите прописи, во поглед на посебни сталажи и фрижидери, што значи дека наскоро потрошувачите повторно ќе можат да купуваат алкохол во продажните објекти на ’Скопски пазар‘“, вели Лазар Поповски, директор на Секторот за продажба во „Скопски пазар“.

Заради стабилизирање на пазарот и продажбата на алкохолни пијалаци, Стопанската комора на Македонија веќе доставила предлог за менување на Законот за трговија, кој оди во насока на олабавување на прохибицијата.

„Со допис побаравме од Министерството за економија измени во Законот за трговија, кои би оделе во насока на одвојување на пивото од другите алкохолни пијалаци, со што тоа слободно би се продавало. Покрај тоа, побаравме забраната за продажба на алкохолни пијалаци да почнува да важи во 22 часот, наместо во 19 часот, со тоа што лиценци би требало да вадат трговците кои би продавале алкохол по тој термин“, вели Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија. Проблемите со стапувањето во сила на измените во Законот за трговија би биле тема на средбата со вицепремиерот Ставрески, која официјално ја побарале трговците преку Комората минатиот петок.

„Покрај широката примена на забраната за продажба на алкохолот, трговците реагираат и на високата цена на лиценците. Имено, сумата од 20.000 денари е преголема за малите дуќанџии, но и за големите трговци кои треба да ја плаќаат таа сума за секоја објект поединечно, а сето тоа е проследено со рестриктивна продажба“, вели Тасевска.

Засега никој не знае да каже дали државата има проекција за што ќе ги искористи екстра-парите што ќе ги добие со издавање на лиценците за продажба на алкохолот, но се знае дека тие ќе го збогатат централниот буџет за неколку милиони евра. Под претпоставка во државава да има околу 25.000 трговски објекти кои досега продавале алкохол, ако сега лиценци извадат само 10.000 објекти, тоа значи дека во буџетот ќе се слеат околу 3 милиони евра.

Од Министерството за економија неофицијално велат дека барањето за изземање на пивото од групата алкохолни пијалаци е незаконско и додека тоа барање не стапи во сила како измена во Законот, тие ќе ја применуваат постојната рестриктивна законска мерка.

Од Министерството за економија потврдија дека Пазарната инспекција од 1 септември започнала со контроли на целата територија на земјава и во сите контролирани објекти трговците ги почитувале новите законски прописи, а оние што немале поднесено барање за лиценца на алкохолните пијалаци ги повлекле од продажба.


Статијата е прочитана 1778 пати.

Испрати коментар

Од: petre
Датум: 10.09.2008 00:37:01
ne e steta za jakite alkoholni pijaloci...no toa sto najpoveke treba da se nisti se cigarite, davidime ako se sprovede 1 pikavec = 50 eura dali ke ostanat uste mnogu pusaci...
Од: ljupco veles
Датум: 10.09.2008 00:43:24
do kade so ovie gluposti odi nasata vlada.vaka ke odime pod afrika
Од: Franjo
Датум: 10.09.2008 00:43:51
Zosto vo vasiot vesnik za ovaa problematika se diskutira samo od eden aspekt, a toa e navodnata zaguba koja bi ja pretrpile trgovcite.Zosto nikoj ne potencira deka iljadnici lugje vo RM imaat problem so alkoholot, a najgolem del od niv se mladi lugje i maloletnici. Zarem desetinite pijani tinejdjeri po skopskite parkovi , koi zavrsuvaat na toxikologija sekoja vecer ne se dovolen alrm deka treba nesto da se prevzeme okolu preliberalnata prodazba na alkohol. Znam deka ovoj problem e mnogu kompleksen i deka nema da se resi samo so ovie zakonski resenija, ali ubeden sum deka so ovie merki ke se namali potrosuvackata na alkohol , a so samoto toa i brojot na alkoholizirani lica. Spored mene prodazbata na alkohol, vklucuvajki go tuka i pivoto i vinoto ,treba da bide uste poveke porigorozno i porestriltivno kontrolorana, za dobroto na nasite deca .
Од: pravda
Датум: 10.09.2008 01:22:08
Zakonot treba da se pocituva,pivarite nemaat pravo da se bunat od prosta pricina sto mladite konzumiraat pivo i posle pet piva vece se pijani zatoa sto i vo nego ima dovolen procent na alkohol ili mozebi tie mislat deka decata pijat viski,votka,konjak pa od toa se pijanat.Za zal ako vladat popusti togas ovoj zakon ke se sfati kako uste eden neuspesen obid da se stavi kraj na pijancenjeto na mladite generacii i ke pretstavuva samo uste eden nacin na polnenje na budzetot so parite od licencite
Од: Igor
Датум: 10.09.2008 02:19:53
I sega toa treba da ne raduva ili da placeme??Mislam deka padnatata prodazba treba da raduva ama bas sekogo od roditel,ucitel-sekogo.Site znaeme koj piese posle 19 casot,samo decata po parkovite,ova e super pozitivna odluka za mene i se nadevam deka nema da ja promenat!
Од: pivofest
Датум: 10.09.2008 02:51:11
grujo e car, nema da moze narodot i od maka da se opijani, ama i ne veruvam deka na nekoj mu ostanale pari za pivo...ako ne drugo ke vleze vo istorijata so negovite reformi: prohibicija, fakultet vo sekoe selo,patriotski kasi.....samo da ne se zalazuva deka dolgo ke ostane na vlast,nekako mi se gledaat mnogu dolgi narednive 4 god da gi trpime negovite mislovni avanturi....a koga ke se setam deka glasav za nego....
Од: saso
Датум: 10.09.2008 06:06:41
zakonot e eden od najdobrite i ispravnite do sega samo napred taka treba. ps.koj saka ke se snajde od 06do19!casot.
Од: lola
Датум: 10.09.2008 08:50:12
ako ima promena vo prodazbata na pivo, ke im gi vratat li parite na onie koi veke uplaTILE 20000 den. Ttrebase da ja osmislat zabranata za koi pijalaci ke vazi.Moze nekoj izvadil licenca samo poradi pivoto I sega izleguva budala.Drugite ke si prodavaat bez licenca a toj.....
Од: Бакалски пијаница
Датум: 10.09.2008 08:56:21
Каква услуга им се направи на малите дуќанчиња појма немате! Сега вистина немаат пиво, ама ракија во шишиња од кисела вода имаат колку сакаш!
Од: mene
Датум: 10.09.2008 10:06:45
Од оваа Влада само може да очекуваме глупост до глупост. Од каде да купам пиво или вино ако ми дојдат ненајавени гости??? Треба 200 денари да истрошам за гориво ако идам во специјализирани продавници. Зарем овие од оваа неасолна влада незнаат дека виното насекаде е храна само кај нас алкохол. Груевски замисли се што работиш. Глупостите скапо ќе те коштаат. Со топ шоп владата нема да се спаси на наредните избори
Од: Darko
Датум: 10.09.2008 10:07:03
a maalskive kazangii sto prodavaat rakija,niv gi fajca zakonov beden?
Од: Aleksandar
Датум: 10.09.2008 11:02:11
Zakonot e dobar i taka treba da bide.Neka ne solzat solzi krokodilski pivara Sk i Komorata na Rm bidejki zakonot se nagovestuvase pred tri meseci i znaeva.Kako moze pivoto da ne bide alkohol koga lugeto se opivuvat.Ne moze edna trafika od 2000evra kako sto se vo aerodrom da napravat dukan od 500kvadrati i prodavaj alkohol na deca tuka vo pravo e vladata.
Од: Aнарх
Датум: 10.09.2008 11:22:07
Ова е еден од најголемите гафови на другарот Грујо. Чист идиотизам. Ако родителите неможат да ги стават во ред децата што се пијанчат по паркови, џабе е се. И од каде пивото во оваа категорија. Ми дошле ненајавени гости и јас ќе ги нудам со сокче и кафе затоа што не држам залихи од алкохол. Кога не успеаа да го спроведат законот за забрана на продажба под 18 години сеа ќе го јадеме сите, а всушност целата идеја е да се изрекетираат трговците. 20000 од дуќан не се малце. Ова е само почеток. Сега земаа власт и покрај овој и законот со кој се намалуваат работничките права не чекаат еден куп антипопулстички закони. Кога изгласавме Монти Пајтон влада ќе си ги трпиме сега.
Од: MK
Датум: 10.09.2008 11:34:47
Децата среде бел ден ни се дрогират по парковите нивниот број се зголемува секојдевно и никој не се грижи за нив демек поради тоа нема да им дадеме и пиво да пијат и со тоа ке го решиме проблемот.
Од: carrie
Датум: 10.09.2008 12:20:19
glasavte za gruevski??? eve vi sea policiska drzava sluzete gi gostite so sokce koa ke vi dojdat doma! kade vaka be alooooooooo ni u afrika nema vakvi IDIOTSKI zakoni
Од: Сашо
Датум: 10.09.2008 12:28:04
Секогаш се зборува колку штета ќе претрпат претпријатијата. Зошто не се разгледа еден друг аспект : колку општеството, здравството трпи штета со претерано земање алкохол. Колку радотни часови се загубени, колку пари се даваат за лечење на алкозависници и најважно од се колку млади се наведуваат на употрба на алкохол. Поздрав до новиот закон и само напред!!!
Од: Боро
Датум: 10.09.2008 12:54:28
Се работи за смислена стратегија за заглупување на нацијата. Имено, во оваа држава да направиш 3то дете ти треба да си или пијан или саглам будала. А, алкохол после 19 часот не се продава повеќе...
Од: svedska do vlado
Датум: 10.09.2008 13:37:02
ovoj zakon nemoze da resi problem so alkoholizam vo svedska ima posebni mesta kaj moze alkohol da se kupi no svedjanite i fincite se mnogu npogolemi pijanici od dancite,norvezanite pa i od makedoncite.Ovij zakon kako i site drugite do sega imat cel polninje na budzet za vlada a toa sto trgovci gubat a i samata mak so pomolæku ptodaden alkohol pomalku pari od danoci vo drzxavna kasa znaci pomalku pari za narod ...a sto sto so tek na vraeme ca se pojavi ilegalna trgovija od sosedni zemji i privatno vnesuvanje alkohol od gradjani kolku tuka drzavata ce izgubi?
Од: mene
Датум: 10.09.2008 14:06:41
Законот функционира само во градовите. Отидов пред некој ден во Соње околу 21ч и пиво/вино се се продаваше, а комшиите пред кооперација со пиво го коментираа новиот закон-:).Секое чудо за 3 дена.
Од: go
Датум: 10.09.2008 14:31:41
kako be ne vi e sramda donesuvate vakvi raboti
Од: javi se juzna
Датум: 10.09.2008 14:33:11
Zakonot e vo red i treba de se primenuva,a da ne podlezi na menuvanja,Toa sto e namalena prodazbata na alkohol vo drzavata treba da raduva,toa znaci deka zakonot ima efekt uste na startot i toa e super,a ne nekoi sitni trgovci da se plasat od zagubi,a koj saka da se pijanci navecer,moze da se obezbedi so alkohol do 19:00
Од: maja chicago
Датум: 10.09.2008 15:24:09
prvo, 20.000,00 den ne e nekoja golema suma. tie sto imaat prodavnicki, vozat mercedesi i BMW i tesko im e da odvojat 20.000 den??? pa sto ne gi zatvorat prodavnicite togas? vtoto, se dodeka doma se pravi vino i rakija... gjabe e i zabrana i kazni! toj sto saka da pie, doma sekogas ima zalihi... bez razlika kolku e casot! treto, napred Vlada! samo taka. na nasiot narodec nisto ne mu vleguva vo glava, osven zabrani i kazni.
Од: milco
Датум: 10.09.2008 15:25:43
ocigledno deka tekstov e naoisan za honorar ili da se potpolni prostorot. istio tekstopisec samo pred neceli dva meseci ni kazuvase sto pravat mladite i kako da gi zauzdame sega ni kazuva drugo. neka pogledne sega vo prodavnicite kako se forsira drugata stoka pogotovo ona sto brzo se rasipuva (cenite se namaluvaat i po dva pati na den zosto nekao treba da se napravi prometot a porano ne im bese griza za nisto drugo imaa stoka so dolg rok na traene, ubavite raboti od ovaj prekrasen zakon doprva ke se pocustvuvaat,a prodazbata nema da bide pomala od porano zosto lugeto ke se naviknat i ke si kupuvaat pred 7 casot. na onie koj im izgleda deka 200000 den. se mnogu brgu ke svatat deka ne se zosto komsijata sega ke go pravi i nivniot promet,
Од: citatel
Датум: 10.09.2008 16:28:48
target cel na gruevski ovie 2 godini mu se dukandziite, konstanto udira po niv, te fiskalni kasi, sega i alkoholoot, cigarite, natpisite trebalo da bidat na kirilica, sve po niv. mozebi na slednite izbori tie ke mu vratat

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Нимиц ќе предложи ново решение за името
Братучед на премиерот Груевски на клучна функција во Економија
Омбудсманот поведува кампања за поблиска соработка со граѓаните