Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Коментари
17.10.2011, 17:23

Антипод

Октомвриска револуција

Димитар Чулев

Податокот дека се протестираше во илјада градови во 83 држави е само доказ плус на вистината дека работниците се денес најзагрозена „вид“ на планетата

Се разбира, сосема е п��грешно да се направи каква било паралела на актуелниот бунт на планетата со случувањата во 1917 година и Октомвриската револуција на Ленин во Русија и случувањето „на терен“ кои ги опредметија размислите на Маркс дека капитализмот треба да замине. Прво и основно, толку славената и толку оспоруваната „револуција“ воопшто не се случи во октомври: разликата од 14 дена од православниот и католичкиот календар покажуваат дека на царска Русија токму во октомври и' се случи народ. Или, обратно, рускиот „октомври“ за останатиот дел од светот, беше доживеан како недемократски ноември.

Оттаму секоја сличност и обид на турбуленциите што се случуваат денес да им се додаде идеолошка платформа од заборавениот социјализам е исто погрешна како и обидите настанот да се третира како „рокенрол“ забава на небитници што се обидуваат да направат проблеми и таму каде што такви, наводно, нема.

Во тие приказни се затскрива приказната дека на западниот свет му се случува голема „револуција“ и секој обид да се сведе тоа на недефинирано хипи-движење или панк-движење кое ќе мине откако момците во окупираните паркови околу Волстрит и наоколу ќе сфатат дека немаат иднина во дијалогот со шефовите на коропрациите е погрешно.

Она што засега се знае за протестантите се неколку „тесни“ податоци: на пример, дека немаат прецизна агенда, но од поширок аспект протестите од Волстрит имаат за цел демонтирање на банкарските и корпоративните елити кои го владеат светскиот бизнис. Столар од „заборавено“ место во САД прашува зошто тој е колатерална штета на пропаѓањето на фирмата на неговиот газда поради неплаќање данок. Тој останува без плата, без пари да ги плати кредитите, ја губи куќата која станува сопственост на банката во која најголем акционер е неговата фирма – работодавец и банката кредитодавач. Цехот го плаќа столарот, иако државата во пакетот помош за банкарскиот систем на земјата го задолжи – столарот.

Протестите на Волстрит кои стартуваа на 17 септември навидум немаат никаква врска со „спонтаните“ „Твитер“, „Скајп“ и „Фејсбук“ настани кои го изместија арапскиот свет со наплив на демократија во традиционално автократните режими на Мубарак во Египет, Бен Али во Тунис и оној на Гадафи во Либија (кеде што се' уште се војува). Обидот, тежиштето да се префрли во арапскиот свет каде тој ќе метастазира до домино ефект кој ќе го урниса овој дел од светот, не успеа да го задржи „слободарскиот дух“ во „арапското шише“. „Електронскиот револт“ се прошири и на стариот континент. Без намера да откриваме „кое е јајцето, а кое кокошката“ на кризата, токму европската петорка подведена под погрдниот назив PIIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција и Шпанија) беа проблематичните земји на кои, далеку пред „арапската пролет“ требаше да им се случи револуција. Тоа што епицентарот на „јасмин револуцијата“ се измести за неколку стотици километри јужно од Атина, беше обид за пренесување на товарот од кризата на нафтените либиски полиња. Но, тоа не оди така лесно.

Но, настрана сценаријата... Она што им дава автентичност на движењата Волстрит се дефинитивно две нешта. Прво, моментумот: По три години криза редно беше да се чуе реакција на најзагрозените. Второ, хоризонталното ширење на протестите кои обединуваа милиони, иако се уште не ги испорачаа своите барања. Почнуваат и се развиваат како сенародно движење и не ги соопштуваат своите идеолошки водачи. Се финансираат од донации отворени за сите, но внимаваат за „патот на парите“.

„Она што ние го правиме е да ги потресеме банкарите и финансиските институции кои без никакви скрупули ги прокоцкаа нашите животи“ ја пренесоа медиумите деновиве изјавата на портпарол на незадоволните во Лондон. „Банкарите се наградени, а ние сме распродадени“ е едно од слоганите на протестантите кои две години по хипотекарната криза во САД од која се почна (или каде се пукна) се дрзнаа да го кренат својот глас.

За очекување беше дека засега недефинираното движење, со недефинирани цели и недефинирани водачи ќе предизвика реакција со револуционерни димензии. Извесно е дека „Јасмин револуцијата“ извезена на Блискиот Исток може да резултира со извесни прашања кои се однесуваат на домашното уредување кое ја подразбира демократијата како право на плуралитет во размислувањата, но не и во поделбата на општествениот профит.

Големите корпорации, банките мајки, ќерки, сестри, синџирите супермаркети и мегамаркети се создаваат не заради задоволување на потребите на поединците туку, обратно, за воспоставување на општество на владетели со општественото добро и консументи. Покрај огромните трговски молови приватниот маалски бизнис умира, големите корпорации ги уништуваат малите и средни претпријатија и приватната иницијатива, наместо ангажирани индивидуи во производниот процес, се создаваат групи на ТВ или телеком консументи... кои заработуваат само да ги исплаќаат долговите кон кредитодавците.

Во САД половина од 14 милиони бараат работа повеќе од половина година, секој четврт се третира за гладен. Дури сто милиони луѓе во Европа заработуваат под 60 отсто од средната плата во нивните земји, со што се вбројуваат во групата на сиромашни; бројот на загрозени граѓани е за 590 проценти поголем од оној пред 2000 година. Оние пред пензија стравуваат дека нема да доживеат пензија поради најавите на заслужен платен одмор, во Германија на пример, да се оди на 69 години старост, со скриена цел приватните пензиски фондови што покусо да им плаќаат на оние што ќе доживеат „натпросечна“ старост.

Не се појавија лидери на движењето и тоа е добро за да се избегне можноста од притисок врз нив, добра е и идејата да не се изнесуваат барањата зад кои стојат различни групации – од истерани работници до слободни хомосексуалци, до екологисти загрижени за топењето на Артктикот до анархисти. За прв пат имаат иста цел.

„Ние сме 99“ наспроти оние еден отсто што владеат со капитализмот, велат бунтовниците во Њујорк, но и на уште во 83 градови во светот каде што протестите добија локално ехо. Интересно, кои се тие „ние“ засега не се обелоденува, но строго се оди на правилото, засега, наместо еден гласноговорник во име на една организација да се користи прво лице множина „ние“ за сите кои викендов излегоа на планетарниот протест и оние сто, двесте или илјада уапсени. И, пак, се разбира, секоја сличност со антологиската негативна утопија „Ние“ на рускиот автор Замјатин во која се опишува бунт во некое идно општество каде поединците се само броеви – е само случајна.


Статијата е прочитана 1979 пати.

Испрати коментар



Зандана на очајот
Автентично уништување на пописот
Запалена државна каса



jovan, 18.10.2011 00:22:07
Ova e eden vid pocetok na kraj koj moze da trae i so decenii. No ako podlabinski se izanaliziraat ovie protesti, lesno moze da se dojde do zaklucok deka ja promasile metata uste vo startot. Politicarite se tie koj im davaat pari na bankite za da gi spasat. Tie se krivcite, bidejki gi davaat parite sobrani od narodot od porezot. Na bilo kogo drzavata da ponudi pari za spas od bankrot/propast, sekoj ke gi zemi, pa ne se isklucok ni bankarite. Pa i na istite tie demonstranti ako drzavata sega im ponudi pari, i oni nema da odbijat. Bankite go pravat ona sto sekoj bi go napravil. Znaci ako se protestira, prvo treba da bidat napadnati drzavnite institucii povrzani so bankite, pa potoa i bankite. Vaka ispaga deka ovie protesti ke bidat samo edno pomodarstvo koe osven zabava, nisto konkretno nema da promeni. No da vidime. Uste e pocetok.
tija, 18.10.2011 00:47:08
Odlicna paralela na motivite Oktomvriskata revolucija 1917 i oktomvriskata revolucija 2011;) Konecno nekoj so prosti zborovi da ja objasni sustinata na svetskata ekonomska kriza: Столар од „заборавено“ место во САД прашува зошто тој е колатерална штета на пропаѓањето на фирмата на неговиот газда поради неплаќање данок. Тој останува без плата, без пари да ги плати кредитите, ја губи куќата која станува сопственост на банката во која најголем акционер е неговата фирма – работодавец и банката кредитодавач. Цехот го плаќа столарот, иако државата во пакетот помош за банкарскиот систем на земјата го задолжи – столарот.
P.Petar, 18.10.2011 09:03:41
Bez analizi edno e jasno:koga odnosot na zarabotuvackite e 1:1000 kako vo USA zarem e potreben komentar? Se nadevam deka nema da si dozvolime da fotokopirame takvo ureduvanje.
граѓанин, 18.10.2011 09:37:40
Грешка си Јован. Банкарите се тие што владеат со светот. Тие ги купуваат политичарите. Тие му дадода голема парична подршка на Обама, кога тој се кандидатираше за претседател,. а сега кога тој со јавни изјави кажа дека има разбирање за протестите, банкарите од Вол Стрит веднаш почнаа финасиски да го форсираат новиот републикански кандидат за новите избори. По која логика еден банкар на Вол Стрит зема 3500долари на час а еден работник производител многукратно помалку. Што произведува банкарот? Се додека им се дозволува на банкарите да ни ги наметнуваат нивните банкарско-цицачки системи тоа ќе го прават. Тоа важи и кај нас се разбира, - власта е во дебела спрега со банките и им дозволува да ги дерат граѓаните наметнувајќи му на граѓанинот нивни услуги.
milan, 18.10.2011 11:13:55
Nema nisto zaednicko izmegu oktomvriskata revolucija revolucijata vo Jugoslavija te revoluciite vo zemjite na dalekiot istok so ovogodisnite strajkovi vo poveke gradovi vo svetot.Revoluciite vo 20 vek uspeale tamu kade sto kapitalizmot bil mnogu slab.Vo denesno vreme toa ne e slucaj.Od feudalizam vo socijalizam ne se odi. SSSR SFRJ sakaa da preskoknat edno jako opstestveno ureduvanje kakvo sto e kapitalizmot.No ovie strajkovi sepak se dokaz deka marksistickata filozofija ne e minato-kako sto izkliknaa nekoi nadri filozofi tuku pocetok za edna dolgogodisna borba na rabotnickata klasa.Do sega vo istorijata nemalo matrijaliziranje na marksizmot.p.s.Pisuvajki go ova moe skromno razmisluvanje mi padna na pamet izjavata na premierot na SFRJ Ante Markovic koj rece :Vo edna Svedska ima poveke socijalizam od kolku kaj nas.Znaci i socijalizmot ke go karakterizirat materijalnite dobra.a ne kako vo zemjite od istocniot blok.Denes kap.krizata ja prefrli na siromasnite.
Ајван Доктор®, 18.10.2011 13:07:00
Веднаш замислувам,како би поминал новинар од некој сериозен весник на Запад кој себеси се претставува како аналитичар,а тврди дека разликата меѓу грегоријанскиот и јулијанскиот календар е 14,а не 13 дена!Имено,тоа се работи кои се учат во основно одделение!За разликата меѓу новиот(грегоријански) и стариот(јулијански) календар да стане 14 дена ќе треба да причекаме уште „само“ до 14 март (29 февруари,по стариот) 2100 година!Дотогаш ќе се изначитаме „анализи“ од ала Мирка-Латас-Миленко-Бурек новинари!
Мене, 18.10.2011 15:23:04
Добро е што почна да се случува нарпд и во тие држави за кои постои пропаганда дека се демократски и дека тече мед и млеко. Вистина дека лихварите банкарски се највиновни. Тие се богатат а народот трпи. И политичарите се нивни слуги
do Ajvan doktor, 18.10.2011 19:15:17
Doktore (ajvan) od celava analiza najde ti pamet da prodavas za julijanskiot i gregorijanskiot kalednar? Eve od mene imas uste eden den, pa neka bide razlikata i 15 dena...
Zacuden do Ajvan Doktor, 18.10.2011 19:50:50
E doktore, novinarka na CNN vo prviot prilog za Makedonija rece deka ima eden milion ziteli. Sto bi i napisale vie da mozevte da go komentirate toa. I zosto vo statijata baravte vlakno vo jajce, a ne sustina. Samo da se kritikuva nesto i ne e ubavo toa i prozivanjeto na nekoi izvikani iminja

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |