Број 3025  четврток, 02 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Во Владата врие, Груевски на потег

Причините за оставката како најстрого чувана тајна

Соња Крамарска

Што сакаше вицепремиерот Ивица Боцевски да каже со прошталното писмо во кое е клучна реченицата „мојот придонес во Владата е исцрпен“? Тоа е прашањето што и вчера најмногу се поставуваше во политичките кругови откако завчера, на сензационален начин, беше соопштено дека столбот на владината пропаганда против политичките непријатели и, нејзината врска со Брисел, Боцевски, заминува од функцијата.

Боцевски и вчера беше недостапен за какви било дополнителни коментари, а како по договор молчи и премиерот, кому ненадејно му се разбранува кабинетот, исфрлајќи на површина две мошне важни имиња на уште поважни министе��ски ресори: Секторот за евроинтеграции и Боцевски и Министерството за правда на чело со Михајло Маневски, за кого минатата седмица експремиерот Владо Бучковски поднесе докази дека примал и плата и пензија.

Што сега го очекува премиерот Никола Груевски?

Дали реконструкција на владиниот тим или, пак, само замена на двајцата министри, од кои едниот нема намера сам да се повлече, иако неговиот етички и морален кредибилитет е целосно уништен. Груевски, во досегашното близу тригодишно владеење, е познат како политичар кој избегнува да прави персонални измени во владиниот состав, освен кога на тоа е принуден. Но, сега, кога настапи своевидна политичка криза дополнета и со постојаните барања на коалициониот партнер ДУИ за реконструкција, амбиентот е поинаков.

За само една седмица по скандалозното откритие дека министерот за правда Михајло Маневски земал и плата и пензија, климата во Владата доживеа бурен пресврт. Она што подолго време се шпекулираше - дека вицепремиерот Ивица Боцевски ги пакува куферите, експлодира токму во моментите кога премиерот Никола Груевски се мислеше како да ја извлече Владата од аферата со министерот Маневски. По повлекувањето на Боцевски, кое се' уште е мистериозно, станува јасно дека владиниот кабинет преживува турбулентен период или на мала врата се вовлекува политичка криза, чии корени се' уште не можат да се објаснат.

Владата и вчера остана затворена за подетаљни информации за оставката на Боцевски, иако политичката култура и етика налагаат вицепремиерот или Владата да и' ја кажат на јавноста причината за повлекувањето. Единствено министерот за финансии Трајко Славески кој, според новинарските перцепции, подолго време се наоѓа на топ-листата за реконструкција, даде изјава во која демантира дека ќе биде сменет.

„Јас се' уште сметам дека не сум исцрпен и оти можам уште многу да придонесам“, изјави министерот Славески. Тој рече дека „одредени кругови“ заговараат негова смена уште од септември 2006 година, со цел да ја ослабнат позицијата министер на финансии. „Настојувам тоа да го надоместам со други перформанси“, одговори Славески на новинарските провокации.

Груевски, кој за момент се повлече од јавноста за мирно да размисли што да прави понатаму, се' уште не се изјаснува околу предлозите за реконструкција. Но, јасно е дека со министри со нарушен етички и морален кредибилитет, како што е министерот за правда Михајло Маневски, или министерот за образование, Перо Стојановски, кому Уставниот суд му направи повеќе интервенции во правилата што ги воведе, и без министер во клучната сфера -евроинтеграции, Груевски ќе мора да повлече неколку брзи потези за да ја стабилизира Владата.

Останува нејасно што мислат Владата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ со нивната констатација дека со Боцевски ќе соработуваат и понатаму на различни ниво. Но, едно е сигурно, а тоа е дека со реченицата „мојот придонес во Владата е исцрпен“, која недвосмислено е исполнета со иронија и цинизам, Боцевски дава индикатор дека, сепак, се работи за конфликт кој довел до негово напуштање на Владата.

Една од можните причини за оставката, како што дознавме вчера, биле нарушените односи на Боцевски со државниот секретар во Секторот за евроинтеграции, Перо Димшоски, кого Груевски го назначи да раководи со евроинтеграциите до именувањето на нов вицепремиер. Според наши информации, Боцевски и Димшоски веќе подолго време не разговарале, а во овој конфликт премиерот Груевски бил на страна на Димшоски. Груевски, пак, од своја страна бил разочаран што Боцевски со него зборува едно, а пред странците, кога давал оцени за Владата и за перспективите на Македонија, наводно, зборувал со друг тон, кој бил критички во однос на политиката на премиерот.

Иако премиерот Груевски се обидува во јавноста да наметне атмосфера дека се' е во најдобар ред и оти Владата функционира, всушност, јасно е дека последнава седмица во „царството“ повеќе не владее мир. Јавноста бара одговори и дискретно се обидува да го потсети Груевски дека на располагање му стои инструментот „реконструкција на влада“, но изгледа дека тој се' уште не е подготвен да го прифати предизвикот.

За реконструкција притиска и Демократската унија за интеграција (ДУИ), од каде што потекнуваат сите медиумски шпекулации во текот на изминативе две седмици дека Груевски ќе прави персонални измени во составот на неговиот кабинет. Тие, пак, си имаа свои математики, кои се на сцена уште од локалните избори, на кои ДУИ не го повтори успехот од досегашните избори и ја вознемири партиската база која бара персонални смени во извршната власт.

Секако ќе биде интересно да се види кој ќе биде наследникот на Ивица Боцевски во Секторот за евроинтеграции. Од неколку важни места поврзани со Брисел вчера пристигнаа сугестии премиерот што поскоро да назначи нов министер за евроинтеграции и Владата што побрзо да се одлепи од епизодата со Боцевски.


#
Статијата е прочитана 5621 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 02.07.2009 00:06:39
Pa neka zovrijat bogati, a toj Slaveski sto poveke pomaga na narodot mu e potseko??? Sve dibek do dibek, vakva nekadarna Vlada nikade nema...
Од: flaster siti
Датум: 02.07.2009 00:17:59
Почнува распадот на бандитската влада. Боцески замина, по него ќе си одат и Славески, Манески, Перо Стојаноски и сите министри на ДУИ. Перо Димшоски го води Секторот за евроинтеграции? Остана ли некој паметен околу Пастирот? Ги знае ли некој капацитетите на Димшоски? Зар��ди костумите од Каменско и Мура кои на професорите во гимназија им ги даваше татко му како трговски патник му пишуваа двојки а потоа едвај заврши Земјоделски факултет! Има ли крај на глупостите на Грујо и фамилијата???
Од: Dejan
Датум: 02.07.2009 00:34:39
Pa sigurno deka Slavevski ne e iscrpen kako prvo nisto ne stori za Kumanovo vo cija IE bese kandidat. Osven sto so svoi partiski vojnici ja napolni statistika i UJP, a direktorot na kumanovskiot ogranok na VMRO-DPMNE go zaposli na carina.
Од: Балонот е дупнат
Датум: 02.07.2009 00:43:58
Во политиката најтешките падови се случуваат кога се паѓа од голем коњ! Високиот рејтинг на премиерот, кој се градеше со интензивна пропаганда и провидни манипулации, започна да се руши како кула од карти! Очигледно дека паѓањето е незадржлив процес!
Од: perica
Датум: 02.07.2009 00:46:00
Mnogu rabotat,jako tempo im diktira Grujo pa normalno e da se iscrpuvaat.
Од: Zoran kocani
Датум: 02.07.2009 01:20:28
Аман со аферата Маневски, тоа не е ни афера во споредба со октоподот и некои други афери на Б.Ц. Тоа е обична грешка. Да не ги надувуваме работите за да изгледаат како којзнае што да се има десено. А кога ке земеме во предвид дека лице со криминално досие - буцко дава некои докази кои се со застарен рок, што да кажам повеќе
Од: pp20
Датум: 02.07.2009 03:24:28
Секторот за евроинтеграции и Боцевски и Министерството за правда на чело со Михајло Маневски, за кого минатата седмица експремиерот Владо Бучковски поднесе докази дека примал и плата и пензија. 1. Neli Buckovski bese osuden od sudot toj covek nema nikakov moralen kompas...A za Manevski covekot treba da si odi vo penzija i da se trgne od vaka jako mesto i specificno mesto I nesto drugo: citiram Груевски, пак, од своја страна бил разочаран што Боцевски со него зборува едно, а пред странците, кога давал оцени за Владата и за перспективите на Македонија, наводно, зборувал со друг тон, кој бил критички во однос на политиката на премиерот. Pa sto togas e cudno osobeno od Bocevski covek so bliski vrski so Minco Jordanov i sdsm....
Од: zbogum Gruevski
Датум: 02.07.2009 06:12:58
Vladata e gotova. Mu se potrosi na Gruevski reklamniot materijal, padnaa maskite i tuka im e krajot.
Од: cacko
Датум: 02.07.2009 06:41:17
da ti se 'pluknam' vo politikata na edna drzava i Vlada koga Pero Dimso stasa da vodi glaven zbor za nasite evrointegracii......ne deka Bocevski e nesto podobar i popameten,ama.........ova e vistinska makedonska tragedija i sram za golemiot broj pametni luge i intelektualci,koi navistina nesto vredat vo nasava drzava
Од: Трпе
Датум: 02.07.2009 08:08:22
Ај да те видам???Дали мистер Рејтинг ќе има храброст при реконструкцијата на владата да ја смени и Анџелика Џоли.Сигурно во неговите филмови нема да се дрзне и по познати ѕвезди ,без разлика колку се способни и какви гафови приредуват.
Од: petko
Датум: 02.07.2009 08:08:31
Ministerot Slaveski neka ne se fali deka se uste ne se potrosil , kaj nego nema sto da se trosi , tolku daril gospod bog , covek koj go utna budjetot za 1 milijarda Evra , koj tvrdese deka nema kriza da ne zafati i deka nema da ima recesija i.t.n . ne treba sam da si odi treba nie na kloci da go isterame , a Grujo ako ima malku doblest neka go sledi Ivo Sanader , ne go biva decistevo , barem ke ostani vo dobro sekjavanje kaj glupavoto makedonce .
Од: MR. F-monaco
Датум: 02.07.2009 08:21:14
Komunjarski gluposti...Vo site normalnorazvieni zemji vo svetot se vrshat izmeni za podobro rabotenje....
Од: Saso Germanija
Датум: 02.07.2009 08:24:53
Pritisokot vrz Makedonija i Hrvatska e analogen. Ivica Bocevski i Ivo Sanader se zrtvi vo epohata na demokratskata borba protiv arogantnosta na vnucite na bivsite imeprijalisticki zemji. Imame atentati na dvajca pretsedateli. Sega pak tuka ima nesto. Opasno ni se pise, so dva kontroverzni pritisoci, da ne' kladat vo trloto i da menuvat imeto na makedonskiot nesrekjen narod.Samo koristenje na vreme moze da ne' spasi.Kakva ke e toa blagosostojba koga ke ne' nema.
Од: Владо
Датум: 02.07.2009 08:52:29
Не правете од мравка слон па тоа е еден човек и ако тој дал оставка па не е крај на светот.
Од: od citatel
Датум: 02.07.2009 09:12:17
Ova e pocetok na krajot. Duri i nasite niskokvalitetni politicari ocigledno imaat izvesen moral.A na Grujo nikogas nema da mu se svigaat lugeto sto ja zboruvaat vistinata za nasata drzava, zatoa treba da zamine i Fuere. No posle zaminuvanjeto na pogolem broj luge od negoviot kabinet i nasiot premier treba da si gi spakuva kuferite.A mislam i treba da pocne so pakuvanjeto da ne se najde vo situacija da zamine i bez kufer. Ke bide dosta zabavno vo bliska idnina a narodot neka se podgotvi da ja pomine najteskata godina vo istorijata na Makedonija so ovie nedovetni politicari.
Од: Donald Duck
Датум: 02.07.2009 09:35:23
Tikvata koja napukna na pretsedatelskite izbori, pocna da se rascepuva....
Од: b
Датум: 02.07.2009 09:46:10
Е неможе секој да издржи 24 часа, 7 дена во неделата! Нека се одморат сега. А за Фирерчето, нема зима.
Од: Antonio
Датум: 02.07.2009 10:09:11
Dali e ova pocetok na krajot na portokalovata kontrarevolucija,ostanuva da se vidi. Kako i da e klopceto poleka zapocna da se odmotuva!!!
Од: Kavadarci
Датум: 02.07.2009 10:13:19
Zoran od kocani nemoj da kazes nisto veke se` kaza i ostana ziv.Bucko ne e so kriminalno dosie a znaes zosto ? nema presuda zosto nema delo .Sto mislis zosto edna godina nema presuda,nema zosto ,delovite za tenkovite se vo magacin,nema nikakov kriminal.pp20 ne e osuden bucko toa e pusta vasa zelba ,do vcera go velicevte Bocevski ,sega bil sovetnik na Minco Jordanov?Ajde malku pisete za swed milk,za leenje na spomenici vo Firenca,za cenata na helikopterite,za izvestajot na revizorot vo min.za transport za 50mil.ev. za reklami,spisokot e mnogu mnogu dolg ama sigurno ce se zamorite i samo pola tekst ce procitate ,ce vi se zamaglat rozevite naocari.
Од: prof.po preducilsno vospituvanje
Датум: 02.07.2009 10:25:42
Na vakov perfiden nacin ne se dava ostavka!Od portparol na Vladata da stanes Vicepremier za evrointegracii i mozebi e malku!Rapidnoto unapreduvanje go izmori Bocevski!Se pokaza deka e nesposoben da obvrskite si gi ispolni do kraj!Negovata izjava za ostavkata e smesna!
Од: jimmy1
Датум: 02.07.2009 10:38:14
Brodot na VMRO tonit, i treba sosema da protonit zosto ni e potonaja drzavata. Do Zoran od Kocani i toj od Monako. Neznam kade ziveete (mozebi na Mars) sto ne gledate do koe deredze vasite VMRO-OVCI e donesoja drzavava, E da vi kazam deka tie komunjkari vi e sozdadoja ovaa drzava vo koja ziveete, ako ne neja tie komunjari i den denes ke bevte juzni srbi. Samo koj mozi vam da vi dokazi koga ne znaete da razmisluvata ili pak vo toa vreme ne bevte na ovaj svet. Od takvi kako vas strada drzavava, a ovcarot vas takvi ovci rogusi bara. Ve lazi, ve strizi no za zal vie toa ne mozite da go svatite deka vi e zel voolnata. I nema sto poveke so vas da se komentira.
Од: јас
Датум: 02.07.2009 10:45:22
Мислите дека само во Влада врие???Врие во сите опшински ограноци на ВМРО?! Луѓето кои што ги „одработија „ изборите со собирање на гласачки потписи од пријатели и роднини за да истите се вработат ( така им беше ветено , ако донесат доволно гласачи), сега се ИЗВИСЕНИ !!!Не им е исполнето она што им беше ветено !!!Како да исполнат кога цел народ треба во администрација да се вработи...ЌЕ ПУКНЕ КАЈ И ДА Е , и тоа од самите следбеници на ВМРО!!! До Zoran kocani : Добро бе батка , што треба да направи Маневски , да отепа човек , па да биде интересен за полицијата и обвинителство???Дали воопшто знаеш што значи морална и кривична одговорност на човек на таква функција???По се' изгледа треба да ги симнеш портокаловите наочарчина..
Од: iki
Датум: 02.07.2009 10:50:50
Abre OVCI ne vredi da se spomenuva svetoto ime na VMRO pokraj vakvi raznebituvaci na Makedonija.Stalno koga ke vi se kaze deka ste kreminalna vlada vednas velite Vo sporedba so vas TAT i nekeva si privatizacija za ova sto vie go pravite e nisto znaci priznavate deka pravite kriminal ALOOOOOOOOOOOO pa neli velite deka ste cesna Vlada ako e taka ne treba da pravite isto kako nekoj drug , ako toa vi e pravdanje pa i vie taka pravevte pa zosto ne i nie GOSPODO vi se gleda krajot DOLU VLADA.
Од: Zorana Kocani
Датум: 02.07.2009 11:09:54
Imaat pravo koga velat, abe malo delo na Manevski ovie ispogradoa se. Taka treba da se razmilsuva i ponatamu, zasto so takva javnost ima pastiri i vladeteli. Napred Vmro
Од: гледач од страна
Датум: 02.07.2009 11:17:47
оставка си е оставка. не е проблем што си оди боцевски, проблем е што остануваат другите уште понеспособни од него. јас не можам да сфатам со кое лице ќе излезе трајко славески пред студентите на факултет да ги учи како се води економија кога нашата државна економија не ја води како што треба. многу професори и доктори на науки се изнаредија во влада но нисто не направија. не е ни чудо што и децата не учат на училиште и на факултет.
Од: МИСИОНЕР ВО КОНГО
Датум: 02.07.2009 12:13:41
Мајката муе само ванредни избори да оваа влада си оди.Имајќи во вид како поминаа на предходните избори,,како боси по пеколот,, се надевам на ,,победа,, и пад на оваа влада.Поради пандемија на конгоанци мора да земам одмор.Мисионерството е тешка работа но племенита,служи на моите конгоанци да се ослободат од партиското слепило.До конгоанецот од Неготино Бучковски е ОСУДЕН ТРИ год.но има право на жалба.
Од: janev
Датум: 02.07.2009 13:13:12
Дури и да се случи реконструкција тоа ниту е знак на слаба влада нити е знак на внатрекоалициона криза. заборавате дека постои стабилно владино мнозинство во парламентот. После секоја реконструкција вообичено е владата да се стабилизира, така што се тресеше гората и на крај после промената на неколку министри ке продолжи Владата со работа
Од: coci
Датум: 02.07.2009 13:37:40
Onie koi imaat i malku mozok vo glavata, pocnaa da se odvojuvaat od konjanicata na Grujo, koja direktno gi vodi vo Neznanija.Ama loso e sto nie - narodot, ke treba da plakame za negovata nesposobnost.Zalosno e da se gleda kako oagas vo bezdna, a nema za sto da se fatis za da se spasis....
Од: neopredelen
Датум: 02.07.2009 13:47:47
Nisto ne e cudno i ne e za iznenzduvanje od seto ova napisano. Pa znaeme od kade dojde Bocevski ,pa direktno od kabinetot na Buchko. I sto ocekuvase Grujo?Takvite da mu bidat lojalni ! E ,ne odat taka rabotite. Pocituvan Premjere , pazete kakvi luge stavate na visoka funkcija , site ne Vi se prijateli , razmislete dobro koj si ja saka Makedonija , a koj se mesti samo od licen interes ili odrabotuva za nekoj drug. Zaklucok: ne se otkazuvajte taka lesno od starite vmrovci.
Од: sanja
Датум: 02.07.2009 13:58:00
Секоја чест за Боцевски!!! Тој има храброст да ја каже вистината дека ЦАРОТ Е ГОЛ. На сите други им е помило да го крадат Македонскиот народ заедно со Пастирот и да се рекламираат на сите медиуми криејки ги оперативните зафати како силиконски лепотици. Верувам дека ќе се најде соодветно место за овој млад политичар во идната влада. Искрено се радував што Македонија беше претставувана од еден таков млад интелектуалец во Европа.
Од: Marjanco
Датум: 02.07.2009 13:58:10
Ovie komunjarski komentatori se eden poseben vid na kokoski koi sonuvaat proso. Mnogu se pateticni. Is, is, is....
Од: tatoo
Датум: 02.07.2009 14:44:44
Ако малку има доблест и самопочит, Груевски и целата Влада треба да го следат Санадер. Помалку штета и трошоци ќе се направат со предвремени избори, отколку со уште еден единствен ден на владеење на ваква неспособна влада.
Од: zabegan.
Датум: 02.07.2009 15:09:31
odisi be GVUJOziti se ja nickosa MAKEDONIJA na kolena.
Од: jas
Датум: 02.07.2009 16:05:06
A, Vele vo glavata kako tele? Ima li nekoj sto ke otkrie za kakvi trcajlazgovci stanuva zbor koga se vo prasanje Samak i Samakoski???!!!
Од: sandra k
Датум: 02.07.2009 17:55:36
Nema potreba da se kreva tolku golema fama okolu ostavkata na Bocevski, Vladata i ponatamu raboti uspesno a taka i ke prodolzi, a sekoj moze da kaze sto saka

Најди! во Утрински
На прво место
Оставката ќе се констатира на посебна седница
Брисел вознемирен од настаните во Скопје
Оставките кај нас се сензација
Оставката може да влијае врз европскиот чекор на Македонија