Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Поглед

Кутиите кај Шврговски

Катица Чангова

Кутии полни „криминал“ се истовараат кај државниот обвинител, а секоја нова испорака станува поголема. Дали во доказите има навистина „месо“ или се само гола вода ќе се дознае по неколку месеци.

Спектакл приреди Ване Цветанов пред службените простории на Љупчо Шврговски. Седум кутии „аргументи“ за афери од 120 милиони евра донесе со себе детективот кој трага по валкани пари.

Во стил на филмска ѕвезда која гази по црвен тепих, Ване Цветанов заедно со вредната испорака за обвинителот позираше пред камерите и фотоапаратите. Два пати за три дена новинарите ги пренесоа неговите изјави „дека криминалот бил дело на јавни личности со звучни имиња што ги поддржувале политички партии“.

Тука има нешто збунувачко, дека на Управата која била на пат да открие тежок криминал и' се испречила организирана мафијашка структура со помош на Антикорупциска! Верувале или не, крунскиот доказ за тоа била постапката што ја отвориле борците против корупцијата за директорот Цветанов. Кој ќе поверува дека на мафијата и' требало Антикорупциска, која нема други инструменти освен да поведува иницијативи. Кога на комисионерите им одминуваа скандали пред очи, се критикуваа, кога профункционираа - наеднаш се поврзаа со криминал.

Имаше ли потреба од претставата? Зарем Управата порано не можеше да го извести Обвинителството за перењето пари, туку требаше да пукне случајот со директорот за да извади докази од фиоки. Неверојатна нервоза пројави Ване Цветанов, кој е подготвен да замине од функцијата ако Љупчо Шврговски не ги открие мафијашите што му ги понуди на чинија. Ваквата реакција, како ножот да го сече грлото, или како јамката да се стегнала околу вратот, само потврдува дека фотелјата на Цветанов опасно се ниша.


#
Статијата е прочитана 1069 пати.

Испрати коментар

Од: Trifun
Датум: 15.05.2010 06:58:21
Nesvatlivo e so kakva lesnotija,slobodno se pustaat pipcite vo budzetskite vsredstva i se cica li cica.Site gledaat i molcat,ako nekoj se osmeli da pokaze javno na ,,zasolnuvacot,, ka mu odleta glavata ili ke stoi predmetot vecno vo fiokata na obvinitelot.Koklu poveke krades,tolku povisoko si vo ocite na narodot-tolku si posposoben,poumen?!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.05.2010 09:04:31
Нема потреба од изнаоѓање алиби за оние што се во кутиите,односно нивните деанија.Пак имаме изместена перцепција визави формата која по се изгледа не ги задоволува критериумите на новинарот.Инаку за парадата колку се сеќаваме воопшто не ви пречеше кога виножитните поднесуваа докази за наводниот криминал на владата.Дури прилегаше на првомајска парада во Москва.Да почекаме што ќе испадне од сето ова.па тогаш коментари.
Од: emil
Датум: 15.05.2010 09:59:58
Ne se cudete, Vane reagira soodvetno na toa sto e. Ako ne ste znaele covekot na ovaa funkcija doagja od famiijarna mini svinjarska farma. A koga vo svinskata kocina ke se zaglavel vo izmet sto ne go cistel na vreme, isto vaka vreskal. Toa e... treba da lezi vo zatvor, posto Vlado DImov za 16 nezakonski vrabotuvanja se goni so megjunarodna poternica, a on duri 29 partiski nekompetentni vojnici vrabotel. I posle imalo kapacitet za borba so kriminal.
Од: Stimulirana hipokrizija"
Датум: 15.05.2010 10:57:21
Pa eve vcera citav vo eden vesnik tekst za perenje na pari od "Sasa" od strana na ruskite gazdi preku ostrovoto San Vinsent vo kKaribite , koe si se odviuvalo vo kontinuitett i tezelo 130 miliona evra, a Upravata za perenje pari nisto ne prevzela. Alooo Cvetanov ! Zarem trebase da ti ja cepnat foteljata za da ti se otvorat ocite i naednas da otkries krimil na perenje pari tezok 120 mil overa? Toa se vika "stimulirana hipokrizija"
Од: A, imame li nie istrazuvacko novinarstvo, sto cekaat
Датум: 15.05.2010 11:06:25
Kade e istrazuvackoto novinarstvo vo Makedonija, kade se makewdonskite prepotentni, a neobrazovani i korumpirani novinarcinja. Sto povece sakaat da im se kaze da trnat vo potraga za spomnatite nn golemi biznismeni i visoki politicari koi perat pari. Ili toa go ce4kaat od stabovite na SDSM i VMRO ili od policijata koga taa ce go otkrie toj kriminal i togas nasite "smeli" novinari da trgnat so nivnite napisi.
Од: Goten
Датум: 15.05.2010 11:28:58
Ce se trese gorata ce se rodi glusec.Obvinitelot ima ramki von koi nema da postapuva.I ednite i drugite se "nivni"ova se samo scenarija za zamajuvanje na javnosta demek obvinitelstvoto "raboti "spored zakonite i Ustavot na RM,a ne po partiska naredba.Ce pomine so necia promena na foteljata i kvit.Silata i pravdinata nikogas ne odele zaedno.
Од: neizmesten
Датум: 15.05.2010 11:41:04
Felikse dragi ti si izgleda so izmestena percepcija. Zosto ne komentiras za sustinata na deloto za koe se tereti Cvetanov, (nezakonsko vrabotuvanje, za koe da te potsetam eden bivs funkcioner ne smee da se vrati vo Makedonija). Borbata so tie koi perat pari treba da e sekojdnevna rabota na taa institucija i nema vrska so nezakonitosta vo vrabotuvanjeto.
Од: Трпе
Датум: 15.05.2010 11:55:17
Претпоследниот обвинител велеше дека тој е последен будала што се нафатил да ја врши ова функција.Но не било точно имало и други.Во Македонија имаме луге кои само да бидат на власт,при здрави очи се прават слепи,при здрави уши се прават глуви.Важно е да си на функција и да не ти биде загрозен животот А за пари се знае лесно е.Материјалните добра се пред законот.
Од: jovan
Датум: 15.05.2010 13:46:37
Ova e cista farsa i gubenje vreme.Nitu kriminal ke se "dokaze" nitu pa nesto ke se prevzeme.Cista zabava za narod.Ako veke bi trebalo nesto da se prevzema ke traba da se zapocne od MVR(tenderite) pa se do aferata vo rudnikot "SASA".Da ne go spomnuvame gazda Zingo so Zletovica i drugite mu propratni biznisi(banka,televizija,pa i partija si ima)Od ova nema nisto da bide, moze da se "ponudi" nekoja sitna riba kako kolateralna steta cisto radi toa da moze narodot da go zabavuvaat malku podolgo.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 16.05.2010 09:46:07
Додека за тоа дали некој е виновен или не, ќе се одредува според тоа дали е од нашите или вашите - ебаму и судството и државата.Незнам дали Феликс ќе свати. Ова го сваќаат оние од надвор, очигледно дека ни е потребен надзор!?.
Од: flying-monaco
Датум: 16.05.2010 09:53:27
Dobro e sto imame novinari koi znaat sto sodrzat dokumentite vo setumte kutii.Nema da ni treba nitu Shvrgovski nitu sudii.Vie vednas go osudivte chovekot koj ima dokaz za 120 milj. dolari...I chesno e da go izjavite odgovorot od Shvrgovski a ne vie gospodjo da nosite sud. Redno e da gi preispitate vasite izjavivo idnina deluvate navijachki ine seriozno...

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
На студии во „малиот Париз“