Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
На прво место

Земјотрес во дворот на Ахмети

Слабее позицијата на ДУИ во власта

Александра М. Митевска


Во последно време не е лесно да се биде во кожата на Али Ахмети. Лидерот на ДУИ, партијата чие влегување во Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги подгреа очекувањата за побрз пробив на Македонија на патот кон Брисел, деновиве доживеа уште еден удар. Информацијата дека во двор во Тетово биле пронајдени досиеја што сведочат за соработка на тројца функционери на ДУИ со тајните служби на поранешната СФРЈ, силно ја потресе владејачката партија од албанскиот блок. Нејзините вечни ривали од ДПА, кои речиси две години функционираа зад кулисите на политичката сцена, конечно, покажаа заби - во екот на лустрацијата. И да не испадне ништо од обвинувањата за кодоши во раководството на ДУИ, партијата тешко ќе ја надомести штетата.

„Сега е јасно дека Ахмети е заложник на досиејата за негови најблиски соработници. Затоа тој не прави ништо, односно ќе направи се' што се бара од него за да го покрие скандалот“, коментира аналитичарот Нијази Мухамеди. Тој вели дека четирите досиеја не се единствен проблем за ДУИ, бидејќи многу команданти од раководството на партијата биле наметнати од разни структури.

Дали последните настани ќе ја ослабат позицијата на ДУИ во рамките на владејачката коалиција? Партијата која подолго време се споменуваше како одлучувачки фактор за промена на распоредот на силите на политичката сцена (преку растурање на партнерството со ВМРО-ДПМНЕ и распишување вонредни избори) постепено губи здив. Партијата која влезе во власта со амбиција да се наметне како фактор во меѓународната политика и во преговорите за името, сега е преокупирана со внатрешните проблеми и со конкурентската битка во албанскиот камп.

Ахмети, за време на последната посета на Брисел и средбите со евродипломатите, ставил на знаење дека не планира да ја напушти власта и да испровоцира предвремени избори. Веројатно нема да му биде лесно да го исполни ветеното ако новиот годишен извештај на ЕК и ноемврискиот самит на НАТО не ја поттикнат надежта за деблокирање на евроатлантските перспективи на државата. Уште потешко ќе биде да се одржи дадениот збор ако опозициските партии на Албанците ги реализираат најавите за протести во ноември, поради незадоволството од понудениот закон, според кој, треба да се реализира пописот следната година, но и поради етноцентричните политики на власта и загрозената меѓународна позиција на државата.

Навистина, во последно време е впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ покажува поголема флексибилност кон барањата на коалицискиот партнер: во Скопје ќе никне плоштад посветен на Скендер-бег, случајот „Сопот“ е вратен на повторно судење, се зголемува бројот на нововработени во администрацијата според рамковниот принцип за правична застапеност... Но, дали е тоа доволно за ДУИ да го задржи убедливото водство во албанскиот политички блок на листите за популарност, во ситуација кога партијата ја тресат афери, а нејзините основни заложби не се реализираат. Според последната анкета на вмровскиот институт „Павел Шатев“, Ахмети води со 5,8 проценти, бројка што, сепак, е помала од збирот на рејтинзите на неговите ривали - Мендух Тачи- 3,3 отсто, Имер Селмани - 1,9 и Руфи Османи - 1,5 проценти. Неодамнешната анкета на „Дневник“, пак, покажа дека се зголемува процентот на неопределени гласачи кај Албанците. „Албанскиот електорат нема алтернатива и затоа гласа за ДУИ. Да имаа друг избор ќе се откажеа од ДУИ за еден ден“, коментира Мухамеди.

Аналитичарот Сефер Тахири, пак, вели дека позицијата на ДУИ почнала да слабее од првиот ден кога влегла во оваа Влада, без потпишан коалициски договор за реализирање на заложбите на албанскиот партнер. Потоа, како што наведува Тахири, ДУИ го прифати мораториумот за етничките прашања што го наметна ВМРО-ДПМНЕ, а на ослабување на нејзината позиција влијаеше и распределбата на ресорите во Владата, бидејќи албанскиот партнер не е соодветно застапен на политичко ниво во власта. „Лошата кадровска политика го засили впечатокот дека ДУИ е декор во власта. Албанските партнери во Владата и претходно имале таква улога, но овој пат тоа особено боде очи, бидејќи ДУИ влезе во власта со големи амбиции, а малку од тоа се реализира. Последните удари што ги доживува партијата, веројатно, дополнително негативно ќе се одразат на нејзиниот рејтинг“, заклучува Тахири.










#
Статијата е прочитана 4356 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 16.10.2010 12:46:12
Море овој Тачи да не измилил и штампарија за досија ко биле кодоши?.
Од: Komentator
Датум: 16.10.2010 12:54:55
Ako gospodata od albanskiot blok ne bea tajno ili javno na funkcii vo bezbednosta na drzavata ..vo minato Ju politicko milje...zasigurno nema da im uspeese akcija "borba za moliv"...Go iskoristija toj benefit...gi najdova slabite tocki vo bezbednosta na novosozdadenata nova Makedonija ...i so uspeh ja priklonija medunarodnata podrska na svoja strana ...izigruvajki macenici vo sopstvena drzava vo koja bea na isto nivo so site gradani...Onaka po pat da kazam do kaj doteravme. na Bit Pazar nema amal za rabota ..site se zaposleni vo drzavni jasli so nikakvo obrazovanie..sedat doma zimaat plata...a uste da kazam nemam nisto protiv profesionalizam vo rabotata i sosema mi e seedno dali pozadi salter sedi Albanec ili bilo koj glavno da me usluzi i zavrsi rabota na odredeno saltersko i zakonsko nivo...!!!
Од: "vodolija"
Датум: 16.10.2010 13:53:07
SE' ke se znae posle Noemvri. Albanskiot Elektorat ima kvalitetni licnosti,intelektualci i dobri politicari,kako i iskreni patrioti za ovaa drzava, bidejki ovaa im e DOMOVINA! Mislam deka DUI-lezi vrz "ZIV PESOK" DZAFERI ako ne e lider na DPA, Toj e Blindiran beton za DPA,pomaleckite albanski partii ke se soedinat za da ja porazat DUI. DUI ne izleguva od Vlasta zatoa sto ovaa pozicija sto ja ima sega nemoze poveke da ja ima!?DPA povtorno ke dominira!
Од: xxl
Датум: 16.10.2010 20:50:56
Dosijeata se dadeni na DPA od premierot za da ja oslabi pozicijata na DUI vo vladata. Vremeto ke pokaze deka sum vo pravo.
Од: resencanec
Датум: 16.10.2010 21:20:56
se e ova od politicarite na dpa dui nee oslabena niti ke izleguvaat od vlasta
Од: Patriot
Датум: 17.10.2010 10:04:55
Дали треба некој да им црта на овие потпалувачи од ДПА и Нова Демократија дека никаде, повторувам никаде во светот попис не се организира преку лето, не заради тоа, да ги зезнат Албанците, туку затоа што тогаш она население кое навистина живее во таа држава се наоѓа на годишен одмор, така да по таа неписмена логика оние кои навистина живеат во државата би биле непопишани, а оние кои цела година се во странство, а доаѓаат само една недела преку лето би се попишале. И што толку се плашат Албанците од вистинските бројки??? Колку сме толку сме. Бараат набљудувачи, ќе добијат набљудувачи, бараат Албанци да го вршат попишувањето, ќе го вршат, бараат вработување во ДЗС, ќе го добијат. Што сакаат повеќе, да ставиме одредба во законот дека сите Албанци по род во светот се жители на Македонија, ќе бидат ли и тогаш задоволни??? Сограѓани Албанци дајте не правете глупости, од една најпроста статистичка операција направивте цела трагедија.

Најди! во Утрински
На прво место
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Oстанките од таткото на Мајка Тереза во ново почивалиште






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia