Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Спорт

Андора залет за Русија

Фудбалското досие на Андорците е со една победа во официјални мечеви, за жал, заведена е против Македонија (1:0, 2004 година)

Сашко Ѓ. Димовски

Македонија е во очекување на првата победа во квалификациите за фудбалското ЕП 2012. На „Комунале“ во Ла Вела вечерва (19 ч., МТВ пренос) нашата репрезентација гостин на Андора во меч во кој секој друг исход освен победа ќе биде неуспех за избраниците на селекторот Мирсад Јонуз и за него лично.

Подготовките за денешниот натпревар беа проследени со големи проблеми. Немир внесе капитенот Пандев, откако во понеделникот осамна на насловната страница на „Вест“ дека нема да игра за Македонија, случај кон кој се надоврзаа откажувањата поради повреди на Горан Попов, Дарко Тасевски и Дарко Тофилоски. Меѓутоа нивното отсуство нема да претставува никакво алиби при евентуален вечерашен кикс на Пиринеите. Реми или пораз со Андорците драстично ќе ја влошат атмосферата во и околу националниот тим и уште толку ќе ја подгреат високата тензија која деновиве е присутна во јавноста за чие скротување е потребен триумф, по можност и убедлив за подобрување на гол диференцијата и секако добра претстава, борбеност и срце против Русите во вторник.

„Ќе се обидам да одиграм најдобро што знам и умеам за да го оправдам повикот и довербата на селекторот. Искуството од мечевите на Партизан во Лигата на шампиони против Шахтјор и посебно Арсенал е добредојдено за мене во овој момент, посебно за дуелот што не' очекува во вторник“, порачува дефанзивецот на белградски Партизан, Александар Лазевски, за кого се очекува да дебитира во стартниот состав на македонската репрезентација на место на повредениот Горан Попов.

„Мечот со Андора ќе биде тврд и тежок, но ние треба да останеме мирни и концентрирани. Ќе се обидеме да постигнеме гол навреме за да нема нервоза како што ќе одминува мечот. Искрено се надевам дека ќе ги освоиме трите бода, а за Русите ќе размислуваме во Скопје“, додава Лазевски.

Дефанзивната четворка, покрај Лазевски лево, ќе ја дополнат Игор Митрески и капитенот на Мајнц 05, лидер во Бундеслигата, Николче Новески, десно ќе дејствува Владе Лазаревски. За превласт на средината на теренот ќе бидат задолжени капитенот Шумуликоски, Георгиевски, Деспотовски и Тричковски, голови ќе се очекуваат од Ристиќ и Наумоски, за зачувување на сопствената мрежа ќе се погрижи Един Нурединовски.

Фудбалското досие на аматерите од Андора и натаму е со само една победа во официјалните мечеви. За жал е заведена против Македонија (1:0, 2004 година) и да се надеваме дека нема да биде дополнето со уште еден триумф или реми вечерва на „Комунале“ во Ла Вела.

Квалификации за ЕП 2012

Денеска играат

Група А: Казахстан - Белгија, Австрија - Азербејџан, Германија - Турција.

Група Б: Ерменија - Словачка, Андора - Македонија, Република Ирска - Русија.

Група Ц: Србија - Естонија, Северна Ирска - Италија, Словенија - Фарски острови.

Група Д: Луксембург - Белорусија, Албанија - БиХ.

Група Е: Унгарија - Сан Марино, Молдавија - Холандија.

Група Ф: Грузија - Малта, Грција - Летонија.

Група Г: Велс - Бугарија, Црна Гора - Швајцарија.

Група Х: Кипар - Норвешка, Португалија - Данска.

Група И: Чешка - Шкотска, Шпанија - Литванија.


#
Статијата е прочитана 386 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Плата од 1.500 евра е убав сон
Наследник на Нонковиќ ни на повидок
Работнички се обидува да ја врати старата слава
Солидни настапи на Димитровски во Чешка
Маса
Одбојкар на Франција исфрлен како Анелка
Само парична казна за Брест
Илјадници кондоми ја затнаа канализацијата во селото






Bulgaria calls on World Bank to help manage EU funds
EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper