Две лица загинаа, а нивната сопатничка е тешко повредена во сообраќајна несреќа на патот Велес – Башино Село, пред мостот на реката Вардар. Несреќата се случила кога автомобил „киа соул“ со скопски регистарски таблички излетал од коловозот, се превртел, по што з��вршил во бетонски ѕид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот Ване Лазов (22) и сопатникот Русе Стојанов (29), кои на пат кон Медицински центар во Велес починале. Сопатничката В.Н. (17) од Велес е пренесена во Медицински центар во Велес, каде што по укажаната лекарска помош, пуштена е на домашно лекување.
Според велешката полиција, сообраќајката се случила завчеравечер околу 18,30 часот. „Возачот на автомобилот се движел по патот во правец Велес - Башино Село по десната коловозна лента. Кога дошол на критичното место каде што има кривина вдесно, со автомобилот поминал на левата коловозна лента. Потоа продолжил да се движи по тревата и со возилото удрил во две дрва. Откако се превртел неколкупати, на крај удрил во бетонски столб“, информираат од полицијата. (Х.Р.)
daj be zasramete se,patistata ni se katastrofa ni kazuvate spomenici ke gradite znaete li kolku spomenici podignaa majki i tatkovci,braka i sestri na svoi najbliski,kolku luge zaginaa ,zakrpete gi barem dupkite ne morate 17 spomenici skratete 1 i ke zavrsite rabota