Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Албански политичар осуден за организирање атентати во Македонија

Албански политичар е осуден на четири години затвор од белгискиот суд во Намур поради организација на атентати во Македонија и во Косово, објавија белгиските веб-страница на РТЛ инфо и Де морген.

Судот од Намур го осуди Идајет Беќири на четири години затвор во негово отсуство и издаде меѓународна потерница за негово апсење, бидејќи тој моментно живее во Албанија.

Според кратката вест на РТЛ инфо и Де морген, овој албански политичар уживал статус на политички бегалец во Белгија во периодот од 1997 до 2003 година. „Тој е основач и претседател на политичката партија ФБКСХ – националистичка партија која се залага за обединување на ’голема Албанија‘“, пишуваат белгиските медиуми.

Вооруженото крило на партијата - АКСХ ја презеде одговорноста во 2003 година за експлозијата на бомба пред судот во Струга  и на железничкиот мост во Митровица во Косово.

„Идајет Беќири од Намур планирал и организирал атентати во Македонија и во Косово“, изјави белгискиот федерален јавен обвинител Жан-Марк Триго.

Истрагата се водеше во Белгија, Намур, исто како и во Македонија и Косово. Доказите од истрагата покажале дека политичарот играл илегална и криминална улога во атентатите. „Беќири  организираше и раководеше со криминални структури од Белгија и Намур, кои имаа намера да водат насилнички акции. Овие акции сериозно ја загрозија меѓународната безбедност“, заклучи обвинителот Триго. (МИА) 


#
Статијата е прочитана 1202 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Шок во Тетово за загинатиот доктор
Се бараат виновниците за смртта на македонскиот пекар во Љубљана
Бугарска новинарка убиена во Брисел
Експлозивно средство на покрив на ТВ Коха
Познат гинеколог уапсен поради поткуп