Број 3385  сабота, 18 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Вахабизмот се шири брзо, се бара помош од ЕУ

Главна закана за стабилноста на регионот се вахабистичките групи

Мики Трајковски


ОХРИД - „Вахабизмот во земјите на Западен Балкан се шири со забрзано темпо. Вахабистичките групи се главна закана за стабилноста на регионот“, оценуваат првите луѓе на полициите во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, кои во Охрид учествуваа на конференција посветена на борбата против организираниот криминал и стабилноста.

Директорот на босанската полиција, Златко Милетич, вели оти е загрижен од игнорантскиот однос на државите, но и на меѓународниот фактор од појавата на вахабизам на овие простори, нешто што може сериозно да влијае и врз стабилноста на цела Европа.

„Ова е регионален, но и европски проблем. Оваа појава се раширена во Босна и Херцеговина, но и во Србија, Санџак, Косово, а во последните неколку месеци и во Македонија. Загрижува податокот дека вахабизмот се шири и кон Хрватска и Црна Гора, затоа сите заеднички ќе мора да најдеме одговор на ова сериозно прашање“, нагласи Милетич. Според него, проблемот е сериозно потценет, особено од Европската унија, никој не зборува за превенција и за заштита. „Никој на овие простори нема проблем со исламот како религија, туку со радикалните исламистички структури. Вахабизмот ќе дојде до израз во наредниве неколку години. Во неговото спречување ќе мора да се вклучат не само полициите туку и религиските групи и организации“, нагласува директорот на босанската полиција.

Проблем за овдешните полиции е тоа што не се доволно подготвени. Станува збор за млади и недоволно искусни полициски системи на кои им е неопходна помош однадвор. „Иако овој проблем не е изразен во таа мера во Хрватска, ние ги следиме случувањата во соседството и дејствувањето на радикалните организации. Вахабизмот како појава во наредните три до четири години ќе биде главна опасност за регионот“, смета директорот на хрватската полиција, Оливер Грбич.

Претпазливост постои и во Македонија, рече директорот на Дирекцијата за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. „Има одредени радикални активности и кај нас, но досега не се регистрирани кривични дела од нивна страна што би ја загрозиле безбедноста на Македонија“, изјави Тодоровски. Според него, безбедонсната состојба во Македонија моментално е стабилна.

„Државната граница, особено во делот на Косово, се чува одлично. Немаме индиции дека нешто може да се случи, и покрај тоа што Косово е млада држава, а таму стабилноста е се' уште кревка. Во Косово треба да се создадат силни институции, кои ќе откриваат кривични дела што ги вршат граѓаните, но и тамошните политичари. Во делот со Бугарија и со Албанија имаме заеднички патроли и не може да дојде до дестабилизација. Доколку нешто почувствуваме, навремено ќе реагираме“, истакна Тодоровски. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, вчера го презеде претседавањето на Асоцијацијата на директорите на полициите од земјите на Југоисточна Европа, СЕПЦА. Тој вели дека негова прва задача ќе биде откривање на организирани групи на криминал што дејствуваат во целиот регион.

Поголемиот дел од земјите од Асоцијацијата имаат проблем со шверцувањето на оружјето, недозволената миграција, дрогата. Организираниот криминал нема граница, а криминалните групи во регионот одлично соработуваат, беше речено на вчерашниот форум во Охрид.


#
Статијата е прочитана 2965 пати.

Испрати коментар

Од: ?!
Датум: 18.09.2010 12:20:24
Треба,веќе кога"дошла дтука работата",во наредниот период да се превземаат следните активности,ако навистина се сака да се разрешат некои проблеми без ,да се земе за право зад параванот,во борбата против нив,да се задира во основните начела и критериуми за практицирање на исламот.Одговорноста во овој момент ја имаат верските институци.Најитно дебатни емисии првин да се дефинира поимот вехабизам.Второ што се коси а кои се заедничките нишки со изворниот ислам.Трето,да се донесе агенда за дејствување.Дејствување ,кординирано со сите институиции.Ако се дозволи со пресија и на улица да се вршат прессметки,тогаш сите предходни дијагностички и терапевски активности се пропуштиле.Дали не ги знаеме овие основни правила на игра?.Или се чека нешто друго?!Се бара ли повод за нешто друго?! ИВЗ,ти престои голем ТЕСТ.За тоа и постоиш.Немој да ја згрешиш работата.Средбата со Бога е близу.
Од: Од Запад
Датум: 18.09.2010 12:31:30
Ништо неможам да разберам. Ги чувале границите со Косово. Има ли тоа некаква врска со вахабистите? Очекувате ли тие да ве нападнат со пушки, топови, тенкови? Дечиња, имате ли вие воопшто појма со каков вид на проблем се соочувате? Вахабизмот е како подла болест. Не ја гледате. Навидум се е нормално, а всушност сте многу болни. Нешто како почетна фаза на рак. За кратко време ќе ги осетете првите симптоми, кои ако останат неотстранети, безмилосно отстранети, ќе се помине во метастаза. Со овој проблем се соочуваат и многу поголеми и посилни земји од Македонија и резултатите се минимални.
Од: Aristid
Датум: 18.09.2010 13:55:16
Гледањето на настаните на Косово со симпатии и инволвирањето на исламистички настроените фактори во власта во Мокедонија не ја предвидуваше и оваа појава. Немаше оценки дека тоа е процес кој е назауставлив во својот интензитет и сега кога тој се јавува како некоја аждаја , тешко е да се убие со ударци во главата, оти таа е некаде многу далеку , асо опашката мавта по Балканот. Тешко ќе и се спротивставиме, затоа што Балканот е много разединет . Делувањето на Вехабизмот наоѓа поддршка во политичкиот естабилишмент,кој е и делумно и носител на власта во Балканските сега веќем држави, како што се Македонија, Албанија, Црна гора , а во најново време и Косово , аза кое едвај чекаше момонт и Македонија да го признае., а всушност се намаше претпоставка што се и зошто се призна.
Од: musliman
Датум: 18.09.2010 15:44:39
Koi vehabisti be, ne postojat takvi grupacii , dosta se filmate, zosto pred 200 godini nemase takvi , zosto pred 30 godini nemase takvi ,Sekogas koga e vo prashanje islamot ima islamski ekstremisti,fundamentalisti,teroristi ,ne se lazhete, ova ukazhuva deka se protiv islamot ali nema vrska so vehabizam.
Од: Б.
Датум: 18.09.2010 16:54:31
Овај Тодоровски исто како и брат му Ставрески-кај нас се` било во ред,а ако притребало тие ќе интервенирале,замислете!Мислам дека пред извесно време и Јанкулоска кажа нешто слич��о.Тој другиот,Ставрески,рече дека кај нас немало да има криза,а и доколку се појави таа ќе биде со позитивни резултати!?Замислете,навистина им излезе позитивна-сите нивни киксови,заради тоа што не ги бидува,цело време и ги припишуваат на кризата.Тодоровски слободно можеше да рече дека од вахабистите може да имаме и корист.Каква недоделкана власт,раководена од незрели личности!
Од: ozna
Датум: 19.09.2010 08:29:17
Bobane sto zborat ovie neli nema vakva pojava daj prevzemi nesto ili Karo neka zapne on u Kumanovo gi sotre a sega vo Skopje neka gi sotre.

Најди! во Утрински
Политика
Ќе ги изброи ли пописот бугарските пасоши



"""