Ако МПЦ сака да гради црква, тоа може да го стори на својот паркинг спроти „Холидеј ин“
Билјана Јовановска
Македонската православна црква, која на подарок од Владата го доби земјиштето на скопскиот плоштад на кое ќе може да гради храм, се' уште официјално не се изјасни дали го прифаќа и дали има пари за негова изградба. Наводно, за ова не биле претходно информирани, а став ќе заземат на наредната синодска седница.
Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар смета дека Владата се одлучила на ваков чекор поради притисоците од јавноста дека не може да троши буџетски средства за изградба на црква, но уверен е дека МПЦ за наредните 15 години ќе успее на оваа локација да ја возобнови некогашната „Св. Константин и Елена“. Тој верува дека со донации ќе се вклучи народот, како и за сите храмови, но не ја исклучува ниту можноста во меѓувреме да се јави некој заинтересиран донатор.
За архитектот Мирослав Грчев потегот на Владата е противзаконски и противуставен, бидејќи таа нема право да подарува државно земјиште. Локација на скопскиот плоштад е земјиште за општа употреба, кое може да го користат сите граѓани во државата. Спорно е што Владата со измените во Деталниот урбанистички план (ДУП) на таа локација ставила маркичка за изградба на верски објект и одлучува да и' го подари на конкретна верска заедница - Македонската православна црква.
Грчев вели дека „Владата го прекршува уставниот принцип на рамноправност и еднаквост на верските заедници пред законот и Уставот и се однесува како владите од раниот комунистички систем“. Професорот тврди дека Владата во никој случај не може ова земјиште да го подари, зашто тоа не и' е законски дадено во сопственост, туку на управување, што подразбира дека таа со него мора да стопанисува на најдобар можен начин. Конкретно, ако реши да го оттуѓи, тоа мора да го направи по највисока пазарна цена, бидејќи станува збор за најстрого централно градско подрачје.
Македонската православна црква, пак, според архитектот Грчев, е исправена пред морална одговорност и „во согласност со своите христијански норми, Црквата не смее да прими незаконски подарок, а најмалку би смеела да прифати како подарок општонародно земјиште, кое насила е одвоено од народот“. На јавноста и' откри дека од пред 4-5 години Македонската православна црква го користи паркингот спроти „Холидеј ин“, кој е во нејзина сопственост.
„Црквата заедно со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а во меѓувреме можеби и самостојно, го наплатува паркирањето. И наместо да се бори оваа огромна парцела, која и' е вратена со денационализацијата, која по сите стандарди е елитна локација, да ја претвори во планска и на неа да го изгради храмот, доколку навистина и' е толку потребен, таа најнормално стопанисува со паркингот“, посочува Грчев.
Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман хаџи ефенди Реџепи, пак, се' уште официјално не е информиран за последната одлука на Владата. Нејасно му е, вели, дали подареното земјиште на МПЦ некогаш било во нејзина сопственост и нагласува, во случај да не е така, дека и ИВЗ ќе бара Владата и ним да им даде атрактивна локација за изградба на Бурмали-џамијата.
Со последната одлука Владата ја упати ИВЗ на Општина Центар и од неа да бара измена на ДУП, со што би можело да се реализира иницијативата за обнова на џамијата на плоштадот. За ова, како и за барањето земјиште на кое ИВЗ ќе гради своја резиденција и библиотека, поглаварот слушнал само од медиумите.
„Се' уште ништо не можам да коментирам, бидејќи не знаеме дали станува збор за заклучок или за одлука на Владата. Сето тоа ни е нејасно“, вели Реџепи, кој и вчера залудно се обидуваше да стапи во контакт со секретарот на Владата за тој да му ги разјасни дилемите. За реис-ул-улемата малку е зачудувачки и тоа што во меѓувреме Владата комуницира со разни невладини здруженија во чија надлежност не е грижата за верските објекти.
Вчера се огласија и двете здруженија - „Прва архибригада“ и „Плоштад слобода“, кои владината одлука за отстапување на земјиштето на скопскиот плоштад на МПЦ ја оценија како обид за прикривање на неуставноста на целата постапка. Тие и натаму пред Уставниот суд ќе ја оспоруваат иницијативата за изградба на храм на таа локација, бидејќи не се противат само на градба на црква во најстрогиот центар на градот, туку на каков било друг објект.
Dajte mu na Grcev uste edno maalo za da si poigra arhitekt! Za crkca na site viu stiska da kritikuvate bidejki znaete deka nisto ama bas nisto nema da se sluci, ke vidime koga ke dojde da se gradi dzaija dali ke ima studentcinja koi demonstriraat, novnari koi se protiv, arhitekti puni kamen.....togas site ke bidat doma i ke plukaat po drzavata. Arhibrigada nema nisto so arhi sve mamini i tatini mazi! Sloboda za kogo? Od kogo? Za Lumix na Grcev nikoj vise muabet ne pravi......
Од: Makedonec vo EU
Датум: 30.06.2009 00:33:42
Crkvata e veke dogovorena. Za mesec dena site ke zaboravat na ovoj "podarok", MPC ke ja izgradi crkvata, i nikoj nema da kaze nisto, zatoa sto vladata ke gi ima izmieno racete od ovoj gnasen skandal, kade najvozvisenite covecki cuvstva bea zloupotrebeni za najdolni turbo-folk dnevno politicki celi.
Од: Ljubotan
Датум: 30.06.2009 03:47:53
Kakva Crkva kakvi bakraci Cuvajte go Drzavcevo sto vi go podarija drugi.! Takvaa gradba, na Crkva ce vi donese uste pogolemi tenzii so IVZ. Vie ce gradite Tie ce rusat, i se dodeka ne pukne tikva! So drugi zborovi Ce napravite Crkva kogaj ce ;Rodi Vrba Grozje!
Од: popaj
Датум: 30.06.2009 03:50:48
sto keim crkva koga go imaat hotelot vo struga gi sobira site profit lazovi,a i avstraliskite crkvi nese im malku (dolarcina letaat so sv.petreta )sramota be lazovi go lazite narodot napaten a mrsite i lazete i kradete a provedate vera bez vernici.P>S. Nego unistuvajte plostadot na gradot so vecerna skola arhitektite videte so se pravi so plan po svetot,ne mozete edna kanalizacija da napravite ane crkva vo sklop na gradot(preku vardar imate dve od 100-tina metri razdaleceni ineve sobira dembeli.od hristijanin ane lazov,POPAJ
Од: terezija
Датум: 30.06.2009 03:58:29
Mozaikot se "finishira''..(1)Znaeme KOJ, KAKO i ZOSHTO ni go nametnaa bash najnemoraln. i najkompromit. Arhierej, preku kogo "sopartijcite'"najkriminalno se steknaa so NEVIDENO bogatsvo-a za zal MPC stana gl.sojuznik i FINANSISKA LOGISTIKA na DPMNE-ushte od vrem. na Lj. Georgievski.(2)Ushte od pochetok na toj zagovor jasna beshe proBugarskata kauza-no ogromno "steknatoto"bogatsvo malce im gi pomrsi esapite...(3)Sega go ocenija momentot za KRAEN udar za opst.igrajki na karta VERSKA i NACION.OMRAZA(a Bog e1zaedn.)iskor.goTachi(koj e samo banalna 'nastinka') vo odnos na FATALNIOT VIRUS, doZIVOTNO izbr.G-din(x 2)Stefan-komu ne smeeme da chekame Gospod da mu "PLATI"kako na eden poran."Vojvoda".Bog e semoken-no ne stignuva se' sam,treba i NIE ponekogash da mu pomogneme ,a so toa najmnogu i na nashite POKOLENIJA bezrazlika na Vera i Nacija-kade sekog.profitiraat RASKOLNICI i RATNI profiteri.Ako se drznal da menuva USTAV, dajte da gi razgl.Crkovn.Kanoni -za dozivoten izbor na BILOKOJiBILOKAKOV
Од: betmen
Датум: 30.06.2009 04:21:09
ne e problemot so crkvata dali ke se gradi ili ne problemot e posle dali ke se gradi i dzamija taka da treba da se zamislat tie sto ja gradat crkvata dali gradat istovremeno i dzamija
ama na nekoj sto pere pari ne go interesira toa
Од: Ace od Avstralija
Датум: 30.06.2009 04:44:12
Ohrid e grad nad gradovite. Kolku denovi vo godinata, tolku crkvi. Ajde sega kontrasi, kritikuvajte me, zatoa sto uzivam koga frlate drva i kamenja po mene, a ne se bazirate na temite i tekstovite od avtorite. Mi pravite golema cest. Inaku, mnogu poucni se komentarite na RAGE za site vas kontrasi, SDSM - ovci so dzamiska iskonska moc i musarmangarski muzicki sjaj.
Од: Sram i beda na MPC
Датум: 30.06.2009 06:27:43
Ogromen SRAM za MPC. Vladata so toa gi pere ukradenite pari od narodot a MPC bez trunka sram go prifaka toa. Kako golem vernik se prasuvam dali voopsto vredi poveke da veruvam vo Vera Crkva i popovi???!!!! Mnogu Crkvi niz Makedonija se zapocnati uste pred 10-20 godini i ne se dogradeni a MPC uvo ne ja boli za da gi dogradi tie Crkvi a sega posegnuva po nesto drugo i se pika vo politikata kade ne i e mestoto. Skandalot so "Izgrev" bese dovolen za da svatam deka MPC ne e nisto drugo nego LOPOVI.a toa eve sega go dokazuva i so Crkvata na plostadot.
Од: Verag
Датум: 30.06.2009 07:31:46
Груевски ако толку сака да подарува на црквата,нека ги подари тие 3.4 стана што ги купил а се водат на име на мајка му. Не верувам дека црквата е пред морална дилема,нашите попови се како и полотичарите,не маат морални дилеми во врска со пари и имот. Колку што знам,после завршување на денационализацијата,црквата ќе биде најголем земмјопоседник во државата,но пак не и е доста од недвижен имот.Можете ли да замислите како ќе изгледа плоштадот 15 год,годека се собираат донации за да се изгради црквата? Градилиште во центарот на градот,15 или повеќе год. ,бидејќи нашиот народ не е многу дарежлив.Инаку скоро прочитав дека во велика Британија црквените објекти се пренаменуваа,бидејќи ги има премногу,а покрај големиот број декларирани верници,тие многу ретко одат во црквите. Како кај нас- голена е посетен��ста само за верски празници.
Од: Dedo Gogo
Датум: 30.06.2009 08:00:49
MPC , zaradi svoite vernici i zaradi edinstvo vo zemjata treba da se otkaze od ovoj dar, so sto ke ja zatvori i temata Burmali djamija.
Од: beko
Датум: 30.06.2009 08:04:00
prasanjeto bese..ke go prifati li MPC podaokot od vladata za izgradba na crkvata na plostadot???...po moe mislenje toa zavisi kako vo najbliska idnina ke se odvivaat rabotite i koj tas od vagata ke prevagne od javnoto mislenje na gradjanite...i deka se ceka signal od vlasta ta da se izjasnat velikodostojnicite na MPC...losa rabota sto vo nasata politika pocnaa da gi vklucuvaat i verskite zaednici, a dobar procent od verskite golemodostojnici veke ja dal dusata na djavolot stom prifacaat da bitat sahovski figuri simultanka na politicarite...licno mene toa mi e jasno..no gledam naodot e podelen vo prddrskata i mislenjata...ostanuva onaa narodnata, zavadi pa vledeej ili ako ne mozes so da gi ispolnis vetuvanjata od izbornite programi, fokusiraj se onamu kade cvekot kako sustestvo e najranliv za da tecat denovite do novite izbori...so pocit...
Од: b
Датум: 30.06.2009 09:03:51
Како подарок некој од становите на мајка му пастирчето може да дава, ама државно земјиште да подарува нему да му прават споменици.....
Од: zelezara
Датум: 30.06.2009 09:46:09
Lopovska vlada ama i lopovska crkva
Од: Petre
Датум: 30.06.2009 10:43:52
ima rezon da se dade plac ako drzavata NE ja obestetila MPC za srusenata crkva vo lokacijata na GTC.. no od druga strana mislam deka i MPC ke se otkaze od crkva na plostad ako toa povlece i povtorno gradenje i obnovuvanje na Burmali djamija, iako realno gledano Burmali djamijata bi se obnovila na potpolno istata lokacija kade sto bila.. a od druga strana se dozvoli minatata godina na srpskata zaednica vo Kumanovo da izgradi spomenik vo cest na Osvojuvanjeto na Kumanovo od strana na Srbija oktomvri 1912 .. kaj bea tamu arhi brigadi ?? .. a da nezaboravime isto taka deka Burmali djamijata e srusena od strana na srpskata vlast
Од: kliment
Датум: 30.06.2009 10:49:16
Zosto da se otkaze MPC od darovi .Georgievski im izgradi hram vo Ohrid rusejki ja Imaret dzamija.Koj sega stopanisuva so taa crkva-mitropolit Timotej.Crkvata ja gradese G-din Pasko Kuzman.Zosto togas nemase nikakvi komentari.
Vo skopje na plostadot postoela crkva Sv.Konstantin i carca Elena.Ne mi e jasna samo sopstvenosta ,site crkvi se gradeni so narodni pari na narodni mesta za popovite da sobirat arac i ziveat bogato.Pa koj bil od vek i vekov najbogat duri i po selata popovite.Vo drzavava se razmisluva kako vo sreden vek,crkvata vodi politika,a na ucenicite im se nametnuva da izucuvat etika na religijata.Dali voopsto ima nasata crkva etika.Birase arhiepiskop pri ziv covek,kako da e direktor pa treba da mu pomine mandatot.Dali e makedonecot so kratko sekavanje???
Од: janev
Датум: 30.06.2009 11:17:32
Оти никој не праша што се случува со изградбата на ракетите на влезот во Скопје, дали се почитува деталниот план во Тетово со изградбата на 20 џамии за 15 години во градското јадро, дали се почитувале архитетските правила за минариња и озвучување во станбените блокови. Каде е архи-бандата и Грчев да дадат мислење за споменикот на Скендербег и џамијата во Нерези. Колку цркви се изградени во Скопје во Карпош, Аеродром или Центар? А колку во Сарај, Чаир... Толку од професионалните принципи...
Од: realen
Датум: 30.06.2009 11:28:39
Denesnata vlada so VMRO e ista so bivsata KPM (Komunisticka Partija na Makedonija). Sto saka toa go pravea, Od 1945 god. pa navamo do 1990 god.uzurpiraa, konfiskuvaa, podaruvaa itn. Toa se povtoruva i so VMRO koi im podaruva samo na MPC so shaka i kapa.
Од: Veronika
Датум: 30.06.2009 13:05:03
Zo[to crkvata postojano bara donacii. Taa nekoga[ treba da bide donator. So amin na vladata ne davaat fiskalni smetki za site verski obredi koi debelo gi naplakaat a gi vr[at vo rabotno vreme za koe primaat plata kako i site javni rabornici.Plo[tadot go napravija turli tava. Ima dovolno crkvi, a na toa mesto da se izgradi crkva e mnogu glupav gest.
Од: Граѓанин
Датум: 30.06.2009 13:45:18
АЈДЕЕЕ . . . Од каде сега, пак подарок? Нели е тоа враќање на локацијата од постојната црква, експропиирана за изградба на трговскиот центрар! Ако не е враќање на сопственост - кој, чие и кому подарува., па без разлика дали е тоа Владата и без разлика дали се работи за Црквата...
Од: race
Датум: 30.06.2009 14:46:11
taka e toa koga imame drzava vo drzava. So denacionalizacijata 8% od zemjodelskoto zemjiste e vo vladenie na MPC kolku deloven prostor poseduvaat niz centar i stara carsija samo MPC i IVZ si znaat.mozebi vo najskoro vreme ce treba da vrabotuvaat i menaderi komercijalisti ....