Број 3344  среда, 28 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Министрите со празни раце во Брисел

Додека траеја кавгите во Македонија кој е крив за неусвојување на Деловникот, еврокомесарот Штефан Филе и белгискиот шеф на дипломатијата, Стивен Ванакере, ги испорачуваа забелешките на Брисел за вкупната политичка и економска состојба во земјата на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација.

Без деловник, без демонстрација на политички дијалог, без решение за името, без ретерирање околу антиевропскиот закон за дискриминација, со притисок врз медиумите ден пред состанокот, со аферата околу фармерот Илиевски и пораката за нефункционирањето на правната држава, како и со одбивање парламентарна контрола за трошењето на буџетските средства, состанокот беше уште една пропуштена можност за Македонија.

Изјавите од состанокот требаше да дојдат по затворањето на весникот, но главните забелешки на Брисел упатени до македонските министри Антонио Милошоски, Васко Наумовски и Абдулаќим Адеми, беа познати и пред тоа. Според нив, во Македонија има општо влошување на политичкиот дијалог, проблематична е независноста на судството каде што процедурите за избор и менување на судиите предизвикуваат се' повеќе загриженост, додека корупцијата е раширена, а борбата против неа политички пристрасна. Според заклучоците, Владата треба да го троши буџетот помудро на начин што ќе и' помогне на економијата, треба да работи натаму на професионална и одговорна администрација за да ги троши сама парите од ИПА-фондовите, треба да даде потврда дека се казнети сите што ги прекршиле законите на изборите и да ги заштити од дискриминација хомосексуалците. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1314 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 28.07.2010 01:00:15
Можеби замина со празни раце,но ке се вратат со полни џебови(дневници)Ако дневниците за обичниот работник се укинати,за функционерите сеуште постојат и тоа доста големи ,не се за потценување.
Од: vlado
Датум: 28.07.2010 01:11:26
Znaci za site *spineri* i nivni konzumenti: Ako idat so konstatacija *Ako* neli smenite ime se kje dobiete demek EU NATO med mleko itd itd... Treba da ni objasnat so e so clen 11??? A bogami istoto prasanja i do Gruevski Naumovski Milososki Ivanov i drugite, zar *macka* vi gi izede jazicite ta ne znaete da *vresnete* ednas na cel glas CLEN 11 privremena spogodba. Koj *stap* voopsto prifakjaat da zborat nadvor od clen 11 i site gore spomnati a bogami i novinarite so koj *stap* i tie stalno si pravat raznorazni teorii nadvor od clen 11??? barem tie mozat da vrsat stalno pritisok na politicarite i vnatre i nadvor od MK. So koj stap prifakjame deka e *normalno* voopsto da razmisljam na tema promena na ime. Ima li be nekoj vo ovaja e**na drzava madinja da zastane i da kaze preku takvoto mi e vise i od EU zaebancii i NATO zaebancii vizavi promenata na imeto. Ima clen 11 i neka se pusat niz EU ropa. Toa e nivni problem inace koj stap ne teraa da potpisuvame privremena spogodba so FASISTITE???
Од: Boshko
Датум: 28.07.2010 04:09:38
Pa koga sme izbrale samo bendisana vlada koja misli samo na sebesi i na svojot rejting toa moralo da se desi i namesto 100m chekori napred nie otidovme 1000 chekori nazad.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 28.07.2010 07:23:12
Site primedbi od strana na Brisel na nas tuka ni se slucuvaat, i e golema tragedija sto nisto ne se podobruva tuku naprotiv...Partizacijata na celata drzava i toa e toa ...se potoa otide udzum..
Од: United Christians
Датум: 28.07.2010 08:10:41
Kakvi igracki, kakvi reformi?! Daj ne se zafrkavajte; Klubot na Hristijanite nikogas nema da dozvoli da se razvie edna muslimanska zemja. I da e razviena nema da dozvoli taa da vleze vo klubot. Makedonija mozebi seuste ne e muslimanska, no e Hristijanskoto mnozinstvo e podredeno vo odnos na muslimanskoto malcinstvo. Baska sto i Makdonskite politicari se tolku kadarni da go vodat narodot, ili pak se zarobenici na nekoi kvazi-strukturi koi sto gi nosat na vlast. Potrebni se mnogu podlaboki reformi, pred da zapocnat ekonomskite.
Од: Министерска вицотека
Датум: 28.07.2010 08:38:57
Лично се срамам, кога ќе помислам на празните фрази кои нашиве дечки ги пласираат пред надворешниот свет. Не само пред Европејците. Можам да си замислам, што размислуваат сите оние озбилни, искусни, политичари, кога нашиве им продаваат од вмровската магла. А, тек, кога ќе сакаат да бидат вицкасти, па спомнуваат острови, немање комшии! Леле, леле мајко! Уште некоја клетва, во смисла на „фаќање чума за душманите“ недостигаше.
Од: Hari
Датум: 28.07.2010 08:44:35
Kakva Grcija kakvi gluposti, i ostrovska zemja da bevme togas veterot pokraj moreto ce ni beser vinoven. Partizacijata vo sekoj del od opstestvoto, unistuvanje na zdravstvoto, fakultet na sekoja rosna livada, partisko sudstvo , montirani politicki apsenja, imnogu drugi raboti i toa li e ispolnuvanje na uslovite da bideme evropska drzava???? Samo za Gjimi -Felix a moze i Kimov??????
Од: vladimir petrovski
Датум: 28.07.2010 09:21:59
vo start pogresno napisana statija zatoa sto fule go interesira sistemsko resavanje na pravna drzava-sudski sistema ne sds interesi..............na odmor sum na plaza po da ne se zamaram .......a kade e frckovskida ne se vraka vo sk ako ne si zavrsi obvrskite.....

Најди! во Утрински
Втора страница
Иванов -обединителот
Бензинот зароби илјадници Македонци во Грција
Вербатим
Грција и Бугарија ги здружуваат силите?