КВИЗ 1
Простувањето на Пеле
„Кралот на фудбалот“ на СП во Мексико 1970 година го одигра последниот меч за Бразил
Во 1970 година, во Мексико, Купот Жил Риме го доживеа својот крај. Според правилата, репрезентацијата што трипати ќе стане светски фудбалски првак ќе може да го задржи пехарот во трајна сопственост. Во финалето се сретнаа Италија и Бразил, кои веќе го имаа освоено трофејот по двапати. Бразил замина со Римеовиот пехар во Рио де Жанеиро, а легендарниот Пеле со солзи го одигра последниот меч, во кој ја освои третата титула.
Имаше три големи победници на тоа СП. Бразил, кој го освои во трајна сопствениот пехарот на Жил Риме, легендарниот “крал на фудбалот” Пеле. Меѓутоа, победник беше и самиот фудбал - многу средби и играчи влегоа во легендата. Три од најубавите фудбалски претстави на сите времиња беа играни токму во Мексико, пред голем број гледачи: Англија - Бразил, Англија - Германија и сензационалното полуфинале Италија - Германија. Пеле, пак, неверојатно, се обиде да го лобува чехословачкиот голман Виктор со удар од 50 метри. Најспектакуларниот тим, Бразил, имаше незаборавен напад: Жеирзињо, Тостао, Пеле и Ривелињо.
Квалификациите за тоа СП не ги минаа тогаш велесилите Португалија, Унгарија, Франција, Шпанија, Аргентина....а дебитираа Израел и Мароко, прв тим од Африка по подолго време на СП, еден од најатрактивните во првиот круг на средбите, заедно со Перу, кој во четврт-финалето загуби од Бразил 2-4. Во четврт-финалето играа финалистите од претходното СП: Англија и Германија. По само 20 минути Англија водеше 2-0, но Германците се созедоа и победија со 3-2 по продолженија.
Меѓу најпопуларните личност на Мундијалот беше официјалната маскоте - Хуанито
Статистика
Учесници (16): Белгија, Мароко, Англија, Италија, Чехословачка, Шведска, Бразил, Перу, СР Германија, Мексико, Ел Салвадор, Уругвај, Бугарија, Романија, Израел, СССР.
Вкупно гледачи: 1.673.975 на 32 натпревари
Најдобар стрелец на првенството: Герд Милер ( Германија) 10
Градови: Гвадалахара, Леон, Мексико сити, Пуебла, Толука.
Маскота: Хуанито - момче
Во квалификациите учествуваа 71 репрезентација од целиот свет. |