Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Култура

„Кавкаскиот круг со креда“ премиерно во Прилеп

Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Кавкаскиот круг со креда“, работена по текст на Бертолт Брехт, во режија на Мартин Кочовски. Ќе настапат актерите: Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Ѓорѓијоски, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Јасмина Мицовска- Станкоска, Никола Настоски, Наташа Наумоска, Милан Секулоски, Марија Спиркоска - Илијески, Александар Степанулески, Даниела Стојковска, Александар Тодески, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова и Катерина Чакмакоска. Преводот на Брехтовиот текст е на Благоја Ивчески, драматург е Владимир Ѓорѓијоски, автор на дизајнот на плакатот, Филип Јовановски. Сценографијата е на Јулијана Војкова - Најман и Филип Јовановски, а Војкова - Најман е автор и на костимите. Музиката е на групата „Фолтин“.

Ова е втора претстава на Кочовски работена по текст на Брехт, по наградуваната „Тапани во ноќта“ и прва премиера на театарот во оваа година.

„Се работи за претстава со интересна сценографија, костими, која ја движат актерите кои вложија голем труд и енергија. Моќна е, полна со драма. Проблематиката што ја третира текстот на Брехт е интересна. „Кавкаскиот круг со креда“ е доцниот Брехт, иако е пишуван пред 60 години е актуелен. Во него се зборува за проблемот на едно парче земја, за тоа чија е, кому таа му припаѓа, на староседелци или на нови луѓе? Од денешен аспект гледано, тоа нам ни се случува во Македонија. Публиката ќе види претстава која силно удира во најболните точки на општеството“, изјави режисерот. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар

Од: albanec
Датум: 30.04.2010 00:37:01
Kako ne vi e sram demek KULTURNO, a pravite Antialbanski prestavi, samo prodolzete..... i kulturata ja politiziravte. Uste grujo fali na prestavata

Најди! во Утрински
Култура
Македонската азбука се потврди низ времето
И дела на Дејвид Грас за акцијата „Можеш ако сакаш“
Македонија со богата активност на маркетот во Кан