Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Од Заев се „исплашија“ и Синдикатот и Унијата

Не стивнуваат реакциите откако медиумите ги пренесоа контроверзните делови од настапот на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред партиското членство во Валандово. „Ако било така изјавено, тоа е целосно неприфатливо. Дури и да е кажано во шега, тоа не е говор за еден избран политички претставник“, оцени евроамбасадорот Ерван Фуере. Според него, ако изјавите се точни, тие го отсликуваат ниското политичко ниво во државава, за што се одговорни сите партии. „Сметам дека сите политички учесници се свесни за големите предизвици со кои се соочува Македонија во создавањето професионална јавна администрација“, изјави Фуере.

Од опозициската партија се огласија со соопштение во кое посочија дека немаат никаква намера на каков било начин да се пресметуваат со администрацијата. „СДСМ се залага за департизирана, професионална и високообучена администрација во која вработувањето, напредувањето и оценувањето ќе се одвива исклучиво според објективни критериуми за стручност, професионална надградба и чесност. Сите поинакви позиции и изјави ниту биле ниту се политика што ја застапува СДСМ“, се тврди во соопштението.

Изјавите на струмичкиот градоначалник, како што се „ќе јадеме живи луѓе“, „ќе бркаме од работа“, го кренаа на нозе Синдикатот. Со протестна нота вчера се огласи и СОНК, од каде што оценија дека изјавите на Заев претставувале навреда за сите граѓани и биле „длабоко антицивилизациски и антиевропски“, како и спротивни на Уставот и на законите.

„СОНК е вчудоневиден како еден толку висок партиски функционер во 21 век поттикнува канибализам и сосема е нормално да бидеме згрозени од таквата нечовечна и срамна изјава“, се наведува во реакцијата. Од СОНК велат дека нема да дозволат некој да биде бркан од работа поради партиска припадност или политичка определба, „ниту, пак, да биде мени за налудничави амбиции на толку висок политички функционер“. Владејачката СПМ ги повика надлежните институции да го анализираат говорот и да оценат дали во него има елементи за кривично гонење.

Од СДСМ, пак, наведоа дека самиот Заев јавно изразил жалење и извинување за различните интерпретации на неговиот јавен настап и појаснил дека станува збор за тенденциозна монтажа, со цел да се остави погрешен впечаток и контекст, а за да му се нанесе штета на угледот на партијата. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 997 пати.

Испрати коментар

Од: vesela
Датум: 21.12.2010 12:24:24
Лично сметам дека после оваа неспретна изјава, без разлика колку направил како градоначалник за Струмица Зев треба или да си даде оставка од функцијата потпреседател на партијата или да биде сменет. Ова е политички гаф од големи размери рамен на политичко самоубиство. Сеедно колку синдикатите се поткупени од власта, недоследни и корумпирани, а Власта го прави истото, Опозицијата не смее да си дозволи вакви гафови.
Од: sveto
Датум: 21.12.2010 12:50:11
Mnogu me interesira dali sorosovite nevladini organizacii co govorot na Zaev ke prepoznaat govor na omraza. Sekako ne. Ili ne daj boze nepotizam. Koje razbira nikoga go nemalo koga SDSM e na vlast.
Од: забеган.
Датум: 21.12.2010 12:54:26
И треба да се исплашат,,,,,,,,,Што мислат ќе има л��пејне кој ќе дојде на влас со него.Е ќе умре тоа.
Од: Збогум СДСМ
Датум: 21.12.2010 13:36:04
Од секогаш сум тврдел дека ВМРО-вциве се многу меки. Заев треба итно да се уапси поради јавно ширење на омраза. Во СДСМ не се свесни колку штета им направи Заев. Но мене ме загрижува штетата што тој со неговите глупава изјави и ги нанесува на мојата држава Македонија. Ако нема самиот доблест да си оди, Струмичани треба веднаш да побараат предвремени локални избори.
Од: prikazna od mojata ulica
Датум: 21.12.2010 14:50:10
Bidejki sum obicen smrtnik i ne gi poznavam politicarite (koj jade luge, koj krade koj raboti ili ne), ke kazam za ona sto go znam. Sosedot Jovan pred nepoln mesec mi kazuva deka sinot na Mite od kogo pistese cela ulica bil primen na rabota vo drzavna sluzba iako nema soodvetno kolo tuku preku partijata.I veli deka toa e navistina sramota koga mnogu uceni deca sedat bez rabota so godini. E vcera istiot toj Jovan mu veli na Mite "zamisli be Mite kako ne mu e sram na onoj Zaev saka da go izbrka sin ti od rabota, pa koj ke ja raboti taa rabota sigurno nekoj nepismen". A najgrozno od se e e toa sto jas premolciv. Sto luge stanavme.
Од: Do Zbogum SDSM
Датум: 21.12.2010 15:16:40
Mislam deka tebe ti e zal za tvoeto rabotno mesto-ili na nekoj tvoj blizok.A za drzavata ne se gajli-taa ke ozivee ako se namali br.na paraziti vo drzavnata administracija.E sega sto najgolem del od niv se VMRO-vci kriv e toj sto gi trpa vo drzavna sluzba bez nikakva milost sprema drzavata i sprema nas-ostanatite sto ja ranime taa prenatrupana bagra.
Од: Biba
Датум: 21.12.2010 15:34:44
Od Zaev ne se isplasija tuku naprotiv se posramotija site od negovata partija... sramota nevidena. Sega sto i da kazuvaat vo negova odbrana se im e popusto koga toj si go kaza svoeto a i na negovite sopartijci.
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 21.12.2010 16:33:09
Mnogu e zalno toa sto toj se uste se brani so takanarecenata montaza.A bre Zaev, Zaev, zemi izvini se ubavo kako sto dolikuva ,barem tie tvoite ke ti prostat sto gi izbruka,a za narodot se znae-toj ne prostuva vakvi raboti,toj e napaten od takvite kako tebe.I moli se za fotejlata, oti ti bega tloto pod nozete.Nie ne sakame vakvi Gradonacalnici.
Од: љубица
Датум: 21.12.2010 16:44:32
Зар може да бидат изненадувачки изјавите налик на гореспоменатата ? - од кого е, и не е за чудење ... Ако критериумите за објективност и стручност подразбираат канибализам и отпуштање од работа на луѓе со контра-партииско убедување , тогаш ги поколебаа и луѓето кои гласаа за нив... Ова е само една од ,,нивните,, тенденциозни изјави за самодокажување и потврдува дека нивните глупости немаат крај...
Од: "vodolija"l
Датум: 21.12.2010 16:50:18
Uste edna izreka:"TRLA BABA DLAN DA JOJ PRODZE DAN" Zosto? Vuk Karadzic rekol" Pisuval kako mislis,a citaj izricito onaka kako e napisano,taka smislata na napisanoto nema da ja izgubi mislata na toj sto pisuva"!!!Znaci: Zaev e javno kritikuvan deka izgovoril nepristojni zborovi, a Zaev tvrdi deka e toa montaza!!! I,SEGA KOJ E VO PRAVO!!!??Pa na taa tribina na bil samo eden snimatel!? Poveke! Pa daj da gi usporedime snimkite dali site govorat isto? Pa posle da kritikuvame!!! Zatoa sto site kritiki pocnuvaat SO AKO E TAKA??? Znaci USLOVNO KAZANO AKO E TAKA???Procitaj te sto rekol Vuk Karadzic !!!! Pozdrav
Од: Denker
Датум: 21.12.2010 17:01:09
Vednas da si dade ostavka od site partiski funkcii; so takvi gnevni, pristrasni i samobendisani individui nema napredok. PS: Za zal takvi predvodat, kako vo vladejackata, taka i vo opozicionata partija - zatoa nemozat skoro nisto da resat!

Најди! во Утрински
Политика
Сите ги знаат „пушачките“ кафеани, ама никој ништо не им може
Политиката на секоја држава треба да биде балансирана
Дивоградбите ќе прават проблеми
Првиот струмичанец влезе во Собрание
Ахмети не си замина
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks