Како се измешаа приоритетите во главниот град - јавниот превоз остана последен на листата, спомениците и катните гаражи дојдоа на врвот
Деспина Трајковска
Од приоритетен проект на претходната градска гарнитура трамвајот како да пропадна в земја. Иако поранешниот градоначалник Трифун Костовски речиси стаса на чекор до негова теренска реализација, актуелната власт го стави на маргините на градските проекти. Според многумина, неоправдано, оти трамвајот како алтернативен јавен превоз според десетици студии е спас за јавниот сообраќај во главниот град.
Сепак, експресно и изненадувачки компензација за него станаа двокатните автобуси, кои се искачија високо на врвот на приоритети за Скопје и тоа по директива на централната власт. Владата полека, но сигурно почна да ја исцртува скалата на проекти, за чија реализација не жали ниту пари.
Од двокатни автобуси, жичарница преку споменици и мостови сега можеби приматот за реализација ќе го добие педесетметарското панорамско тркало што е предвидено да се гради во срцето на Скопје. Ова панорамско тркало преку ноќ се зацрта во последната верзија на урбанистичкиот план „Мал ринг“, кој, дефинитивно, е од стратегиско значење на државата преку кој се реализира и „Скопје 2014“. Наводно, идејата за негова изградба е на авторите на планот, иако јавна тајна е оти „Мал ринг“ се „црта“ по нарачка на Владата. Не е исклучена можноста, како што на шега коментираат многумина, дека тркалото е изродена идеја и на градоначалникот Коце Трајановски по неговите посети низ неколку европски градови каде што веќе со години постојат такви зданија, но освен во Лондон, сите се во забавни паркови.
Официјално, од Општина Центар, која урбанистички го визираше овој проект информираат дека панорамското тркало е дело на планерите, урбанистите и проектантите вклучени во изработката на ДУП-от.
„Како идеја го предложија врз база на нивни сознанија дека овој вид реквизит го има во сите поголеми светски метрополи и градови во нивниот централен дел при што од наша страна беше разгледан и прифатен. Тркалото е за рекреација и за забава во функција на активноста на отворено-тематски парк за рекреација, забава и панорамско разгледување на градот“, велат од Општината. Оттаму, наводно, немаат сознанија дали и кога тоа ќе се изгради и кој ќе биде негов финансиер.
Колку и да овој проект биде скап и несекојдневен за Скопје, кој од ден на ден се задушува со комунални проблеми, факт е дека во еден главен град треба да постои соодветен објект за панорамски разглед на градот. Во случајов, сепак, дискутабилна е избраната локација. Недозволиво е, гледано од естетски аспект, едно такво здание да се вклопи во средина во која се наоѓа историскиот Камен мост, на чекор до него се градат зданија со модерни архитектури, а капсулите на панорамата речиси би допирале до сводовите на планираната барокна катна гаража.
Од друга страна, пак, ако идејата за изградба на панорамата се копира од европските метрополи, несфатливо е зошто да не се преслика и изборот на локацијата. Единствено во Лондон панормата е речиси во центарот на градот како засебно здание, изградено во 1999 година како објект што го симболизира преминот од еден во друг милениум. Во низа други европски градови, меѓу нив Барселона, Виена, Копенхаген, панорамите се дел од забавните паркови. Токму тој пример се чини треба да го следи и Скопје.
Не само што ќе добие објект за панорамски разглед на градот на дланка туку ќе заличи и запуштениот забавен парк, кој, дефинитивно треба да биде еден од репрезентативните делови на Скопје.
Инаку, доколку идејата од хартија наскоро се префрли на терен, изградбата на тркалото за Скопје ќе се совпадне со реализацијата на идентичен проект што се најавува и во Берлин, но тој треба да се гради близу Зоолошката градина и на чекор од огромниот парк „Тиергартен“. Ова панорамско тркало треба да биде високо 185 метри, ќе чини 120 милиони евра и за него ќе бидат собрани пари како донации од приватни компании.
E ajde de! Ima nekoj j.jca da go zapri ova nema. Pa zatoa i ova go pravat. Znaat so koi si imaat rabota.
Jas da sum na vlast ke go krenam i Vardar na nivo da teci ,pa pak da se spusta.
Ke mi napravi nekoi nesto.
Kako ne mu dojde na ideja vo centarot i bacilo so ovci da napravat.
Од: Трпе
Датум: 10.10.2010 10:38:52
Тркалото е пронајдено за полесно движење.Но нашиве илузионисти кажуват дека тркалото треба да се врти во место.Никако да се одлепат од нишањето на возот за наивниот народ да смета дека се движи,Добар илузионизам висок рејтинг од наивни луѓе,нема што.
Од: deli
Датум: 10.10.2010 10:51:09
Ovo, što se dešava vo Skopje, e dosta nesfatlivo, barem za moj selski pamet. Vladata se inspirira vo stari evropski gradovi i saka Skopje da go približi kon niv (spomenici, baroko, triumfalna kapija, trkalo - šteta, tramvajot ne inspirira tolku, za da bide i toj realiziran). No site (?) znaeme, deka Paris, London, Rim, Praga, Viena, postojat stotici i više godini a vo tie dolgi vreminja bile postepeno izgraduvani, prepravani prema togašnite stilovi itn. Sekoj grad ima svoja istorija a taka i Sk. Tragedija e, što ne se najde arhitekt, što bi bil kadar da nacrta slika na Sk. za vo idnina, so ogled na toa, što veke postoi (golemi kuli, gradski zid isl. baš ne me impresionirat, no tuka se..). Se plašam, deka Skopje ke stane čudovište, hibrid na nešto, što ednostavno neodi zaedno, i smeška na cel svet. Nikoj deneska ne gradi vo barok! Denes e 21. vek!