Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Алхемии со бројките за невработени

Статистиката контра стопанството, кој е вистинскиот барометар на состојбите?

Маја Томиќ

Расте сиромаштијата во земјава, од месец во месец паѓа бројот на вработените во преработувачката индустрија, индустриското производство бележи намалување, а невработените место да се множат ги има се' помалку. Контрадикторно и нелогично со економското секојдневје на компаниите и на работниците, коментираат стопанствениците и експертите, кои се прашуваат, како и врз која основа Статистика и Агенцијата за вработување регистрираат се' помалку невработени и пад на стапката на невработеност.

Да потсетиме, стапката на сиромаштијата во 2009 година изнесува 31,1 отсто, наспроти 28,7 во 2008 година. Отказите се множат во индустријата. Таму бројот на вработените не престанува да се намалува и од почетокот на годинава до крајот на август, во однос на истиот период лани, тој е помал за 5,9 отсто. Во август годинава, пак, во однос на истиот месец лани, работници во индустријата има за 1,9 проценти помалку. Според статистиката, тоа се должи, пред се', на растот на отказите во преработувачкиот и во текстилниот сектор. Поради кризата, во тек��т на една година, август 2009 - август 2010 година - во индустријата се отпуштени повеќе од 8.400 работници, од кои 4.500 од текстилната останале без работа. Истовремено, и индустриското производство во август забележа пад од 1,5 отсто во однос на истиот месец лани.

Наспроти овие податоци, според најновата статистика, стапката на невработеност во вториот квартал од годинава е пониска за 1,4 отсто во однос на првиот квартал, а само за 0,2 отсто е поголема од истиот период лани. Истовремено, и според Агенцијата за вработување, бројот на невработените паѓа. Додека во првиот месец од годинава имало 343.967 невработени, во август тие паднале на 326.154. Не е премногу да се каже дека АВРМ неодамна ја смени политиката на регистрирање на невработените. Тие до август годинава се пријавуваа на секои четири месеци и тоа можеа да го направат во период од 30 дена. Од септември пријавувањето е на два месеца и точно на одреден датум во месецот. Во спротивно, лицето се брише од евиденцијата и нема право да се пријави повторно како невработено во рок од една година.

Според тоа, колку прикажаните бројки се одраз на реалната слика во економијата?

„Не знам како институциите ги пресметуваат податоците, не сакам да коментирам, ама мислам дека ние сме вистински барометар на реалните состојби во економијата. Камо среќа да расте извозот и да вработуваме што повеќе работници, ние би биле пресреќни. Но, не е така подолго време, ситуацијата е се' полоша во стопанството, а во кризата само банките работеа и работат добро. Тука нема никаква логика“, вели Димитар Стојановски, претседател на Здружението на работодавци и директор на битолски „Пелистер“. Исто така, не му е јасно како Статистиката бележи и зголемување на извозот, а спротивно на тоа извозот на текстилот опаѓа, а тоа е трета по ред извозна гранка, која создава 27 проценти од вкупниот извоз и ангажира 25 отсто од сите вработени во земјава.

Според аналитичарот Ден Дончев, добро би било ако падот на невработеноста е резултат на нови вработувања во приватниот сектор, но тоа не е така. Веројатно има повеќе вработувања во државната администрација, за сметка на што статистички е добиена пониската стапка на невработени.

„Одамна во државава недостасува една навистина реална слика на состојбата со вработените и со невработените. Мислам дека бројките паѓаат затоа што лицата едноставно не се пријавуваат редовно во АВРМ, бидејќи сметаат дека така нема да најдат работа и така се добиваат се' помалку невработени “, вели Дончев.

Инаку, според АВРМ, од јануари до крајот на август годинава се вработени фантастични 148.146 лица, од кои само 37.098 се од списоците на Агенцијата. Оваа институција не води евиденција каде се вработиле тие, дали во приватниот или во државниот сектор.


#
Статијата е прочитана 1083 пати.

Испрати коментар

Од: Jan
Датум: 07.10.2010 12:20:11
Mnogu lesno.Ne se namaluva nevrabotenosta,tuku se poveke luge vo zavodot za vrabotuvanje gi otpisuvaat pod razni izgovori. Bil pretsedatel na NVO,go otpisale,pretsedatel na kuken sovet,go otpisale,mu falelo ova,pa ona i taka vo beskraj.
Од: eu
Датум: 07.10.2010 13:39:57
ova se detski raboti od vmro pa neli ce gi izramnat zakonite so eu???a vo eu ako nese prijavite odreden den bez da dadete razlog tocno ve brisat ama utre den da se prijavite pak ste na spisok nevraboteni...vmro odete ovie raboti prodavajtye vo gradinka.
Од: Трпе
Датум: 07.10.2010 19:23:49
Народот сака вистинско вработување.Прекуглава му е од статистичко намалување на невработеноста.Со илузии не се живееее.

Најди! во Утрински
Политика
На новинарите им треба силен синдикат
Се готви десничарски пакт против Груевски
Истрагата за педофилот заглавена во преписки
Коњановски на средба со американски конгресмени
Писмена опомена за А1 од СРД
 


'Wrong answers' on Kosovo could block Serbia's EU candidacy
Ally threatens to abandon Borisov over praise of Zhivkov
EPP president criticises commission's report on Albania