23.02.2012, 11:30 Уште еден српски осуден убиец се крие во Македонија?
Бегалецот Ѓорѓе Прелиќ, осуден на 15 години затвор поради организирање на убиството на францускиот навивач Брис Татон, според сознанија на српската полција, се крие во Македонија, пишува српскиот весник „Ало!"
Според весникот, српската полиција пред седум месеци открила дека Ѓорѓе Прелиќ најверојатно се крие во Македонија, откако во јули на охрискиот аеродром пристигнал и Милош Радисављевиќ - Кими, водач на навивачката група „Алкатраз", кој пред два дена беше уапсен во Скопје. Прелиќ, инаку, е член на оваа навивачка група.
„Ние пуштивме писмо до македонската полиција одамна и за двајцата (Радосављевиќ во Македонија мина седум месеци – н.з.). Кими е уапсен во вторникот и веднаш е екстрадиран, додека за Прелиќ се уште не сме добиле никаков одговор од колегите од Македонија“, велат во српското МВР.
За Прелиќ, српската полиција трага од 17 септември 2009 година, и според изворот, тој постојано се движи во земјите од поранешна Југославија под лажен идентитет. Неодамна српските власти, апсејќи го еден од најголемите мафијаши, Лука Бојовиќ откри канал во кој, мафијашките структури под лажни имиња имаат регуларни хрватски пасоши, па не е исклучена можноста, Прелиќ во Македонија да влегол со таква исправа. Тој беше осуден на 35 години затвор, но апелација му ја преполови затворската казна на 15 години.
|