26.02.2012, 20:05 Грчки стравови од Македонија во НАТО
Што ако на состанокот во Чикаго во мај, сепак, биде покренато прашањето за македонското членство
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - И покрај уверувања од грчкиот државен врв дека шансите Македонија да добие покана за прием во Алијансата се непостојни ако нема решение за името, и покрај „смирувачката изјава“ на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен, некои медиумите во Грција го поставуваат прашањето што ако на состанокот во Чикаго во мај, сепак, биде покренато прашањето за македонското членство.
Во анализа на оваа дилема, грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека европските држави и САД држат дистанција од спорот за името и не притискаат за членство на Македонија во меѓународните организации со цел да избегнат создавање нови социјални нереди и проблеми.
„Европејците и Американците се плашат дека едно понижување околу спорот за името би можело да предизвика експлозија и излив на гнев кој постојано расте во грчкото општество поради економската криза. Таква експлозија нема да создаде проблеми и пресврт само внатре во државата, туку е можно да ги дестабилизира и другите слаби алки на еврозоната, што би довело, пак, до дополнително влошување на кризата на еврото“, се вели во анализата на „Катимерини“. Според весникот, ова е главна причина зошто Вашингтон не одговара на постојаните барања за помош од македонскиот државен врв, како и причина зошто германската канцеларка Ангела Меркел при средбата со премиерот Никола Груевски останала на ставот дека мора да име решение за името за Македонија да стане членка на Алијансата.
Хашката одлука, која како главен аргумент ја користат македонските политичари, според грчкиот весник, не е доволно силна за да издејствува покана за нашата држава во Чикаго.
„Генералниот секретар на НАТО и САД не сакаат да дозволат одлука од Хаг да биде одлучувачки критериум. Нешто такво би создало непожелен преседан“, коментираат од „Катимерини“. Во анализата се забележува дека средбата на медијаторот Метју Нимиц со македонската и грчката страна покажала дека македонскиот премиер планира многу силно да ја искористи одлуката од Хаг како карта за прием во НАТО, поради што и дипломатски е активиран за подготовка на теренот пред самитот во мај. Се споменува и тоа дека македонскиот државен врв почнува да игра со идејата да влеземе во НАТО под привремената референца наместо под уставното име. „Меѓутоа, да потсетиме, кога и да се има случено ова (Македонија да биде примена во организација под референцата н.з.), Славомакедонците се обидуваат потоа да наметнат користење на нивното уставно име“, пишува весникот. Според „Катимерини“, засега никој не реагира на играта на македонскиот премиер. Весникот коментира дека иако постои еден вид институционална пречка за прием на нашата држава во НАТО, поставена со одлуката на Самитот во Букурешт во 2008 година дека е потребно решение за името, сепак, тоа не е доволно да се спречи покана за наше членство на претстојниот самит и е потребно да биде придружено од политичката волја на членките на Алијансата. Весникот смета дека никој нема да поттикне прашање за покана со цел да не предизвика поголеми проблеми во Грција и еврозоната. „Меѓутоа, големите членки на Алијансата можеби не го охрабруваат Груевски, но не го ни обесхрабруваат.
Со поддршка од Турција и од Словенија се обидуваат да си обезбедат поддршка и од други членки со цел на самитот во мај да биде иницирано прашањето за членство или барем да дојде до подобрување и унапредување на сегашната врска која ја имаат со НАТО“, смета грчкиот весник. Освен Турција и Словенија, „Катимерини“ и „То вима“ забележуваат дека Македонија се надева и на поддршка од Велика Британија, која засега не ги отвора картите за ова прашање. Според грчки извори, можно е нашата држава да добие британска поддршка поради одредени геополитички интереси на Британија поврзани со Балканот и еврозоната. |
|
Статијата е прочитана 5854 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Alek, 27.02.2012 00:19:11 | Kameron e reshenieto! Mnogu britanski politichari otvoreno zborat deka sme vo pravo i da e nepravedno toa shto ni se pravi. Da se nadevame. |
| ништо ново, 27.02.2012 08:05:38 | Овој текст има потполно погрешен наслов.Се` што во текстот е прикажано како грчки стравови се во стварност надежите на Македонија.Она што е прикажана како страв на Грција дека прашањето за членство на Македонија во НАТО може да се покрене на Самитот во Чикаго и дека ние би можеле да добиеме подршка од Велика Британија,не се грчки стравови,туку Македонски надежи.Грција ја има на своја страна заедничката одлука од Букурешт на која никој,па ни Велика Британија,не се спротистави.Исто така го имаат и правото на вето дури и ако сите др.земји чл.на НАТО одлучат поинаку.Останува на нивна страна и Резолуцијата на СБ,која бара решението на проблемот да произлезе од преговори.За жал. |
| pameten, 27.02.2012 08:38:18 | Golema Britanija ima golem grev kom Makedonija od vreme na Berlinskiot kongres. No Britanija nikogash nemala prijateli i neprijateli, samo interesi. A Grcija sekogash bila element od Britanskata sfera na interesi! |
| miki, 27.02.2012 08:51:38 | Dobra e analizata na Katimerini, sporot se ostava na strana. Vo prilog odi i totalnata kontrola od Gruevski i Ahmeti vo Makedonija, ostvarena se razbira so teror i fasisticki metodi, no korisna vo momentalnata situacija..Se razbira pokana nema da dobieme, Makedonija ke prodolzi da gnie na sekoj plan, a toa pak izgleda se poklopuva so nekoi podolgorocni strategii na Balkanot! |
| AMSTERDAM – NOVIOT GRCKI BANKROT SE VIKAT IRAN, 27.02.2012 09:33:24 | GRCIJA NEMAT NAFTA. EU –ZAPAD (NATO) NE DAVAAT POVEKE ZASTO GRCIJA NEMOZE DA PLATIT. DVATA NAFTOVODI KOJI TREBASE DA POMINUVAAT NIZ GRCIJA ZA DA MOZE “NAFTENO “DA SE SAMOFINANSIRA , NE POMINUVAAT NIZ GRCIJA,..A POVEKE OD EDNA TRETTINA( 40 % POSTO ) OD NAFTATA DOAGAT OD IRAN, KADE STO VEKE POCNA NAFTENA VOJNA- IRAN – NATO (ZAPAD) .PA TAKA VCERA PROCITAV EDNA VEST KOJA VELIT : IRAN ODLUCI DA NEDAVAT POVEKE NAFTA ZA GRCIJA, GRCIJA NEKA SE SNAOGAT SAMA. SEGA GRCIJA SE NAOGAT KOMPLETNO PRED KOLAPS. NOVIOT PLAN SEGA E EU I NATO POFTORNO DA NAPRAVAT “MAGLA “ OKOLU GRCIJA , ZA DA OBJASNAT DEKA PRETHODNITE 120 MILIJARDI I OVIE 130 NOVI MILIJARDI KREDIT BILE SAMO DEL OD POTREBIE,KOJI NE SE FKUPNATA POTREBA. ZNACIT DEKA GRCIJA BI SE TRGNALA OD SETA IRANSKATA VOJNA ,..”POFTORNO” PORADI KRIZATA VO GRCIJA ILI NATO(EU) ,MORA POFTORNO DA KUPUVAAT NAFTA ZA GRCIJA I DA ZATVORAAT NOVI NEPLANIRANI DUPKI ,ZA DA NE DOJDE DO EKSPLOZIJA NA NARODNO NEZADOVOLSTVO VO GRCIJA ??DRUG PRIMER E ESTONIJA. ESTONIJA |
| зоре танески скопје([email protected]), 27.02.2012 09:56:27 | Ако и малку Нато како политичка безбедносна меѓународна организација држи до меѓународното право тогаш нема дилеми дека Р.Македонија под приврменета референца треба да добие покана за прием.Но сепак постоечките меѓународни односи не се така розови и правдољубиви и затоа добивањето на покана за прием во Нато е неизвесно.Политичкиот врв на Р.М.треба да стори се што е во нивна надлежност и да ја искористат максимално позитивната одлуга на Судот во Хаг.СРЕЌНО.А Грција и вака и така и пред и после состаниокот на Нато во Чикаго ќе биде до бездната и неминовниот финсиски банкрот |
| od ostrijot, 27.02.2012 10:15:52 | grcki stravovi ili vmro-ovski finti umot gilaze nema koj daim kaze. |
| logicen, 27.02.2012 11:08:07 | Grckite stavovi okolu dobivanje pokana na MK na samitot na NAto vo Chicago se od tipot na igrite za 3 svetska vojna sto bi se slucilo ako se sluci?? Se e jasno deka Mk nema da bide primena se dodeka ne se resi problemot ,zar stvarno nekoj poinaku pomislil deka ke ne primat vo NATO i EU bez resavanje na problemot so Grcija i posle Grujo i Druzinata od VMRO da trubat po cel svet za antickata gorda nacija kooja go stavila svetot na kolena a bese sozdadena na 02.08.1945 na zasedenieto na ASNOM. |
| pile, 27.02.2012 11:41:01 | Ja pozdravuvam odlukata na Belgrad i Pristina za postignavanje na dogovor.Visoko bezbednosno etabliran i ekonomski jak sosed, znaci i pogolema bezbednost i stabilnost na regionot od Zapaden Balkan, na ovoj mal del od svetot, koj sto vo celina se stremi kon vrednostite na moderna i obedineta Evropa.Malata i krevka demokratija vo R.Makedonija koja seuste gi lekuva ranite od begalskata kriza vo 1999 godina i voeniot konflikt od 2001 godina, koga i oficijalni politicari od R.Grcija javno se proiznesuvaa deka zemjata treba da e clenka vo NATO Alijansata, i deka istite vednas ke predlozjat priem, ne mozje i nesmee da bide ,,eksplozija i izliv na gnev`` vo sosedna Grcija.Radikalnoto odobrovoluvanje od strana na sosedna Grcija,mozje da bide nagovesteno so soglasnost za deblokiranje na patot kon evroatlanskite integracii na R.Makedonija so fusnota od VS od 1995 godina i Presudata od MSP vo Hag od 05.12.2011 godina, so sto ke se pomogne na zaednickite prijateli i sojuznici od EU i posiroko. |
| citatel, 27.02.2012 11:48:58 | Kalimero baral pravda ama...ne ja nasol taka i nie Evropa ne ne saka i dosta samo se zalazuvame samite sebe i se ukrivuvame edni so drugi koj i da e na vlast ista pesna e pa zar ne vi e jasno veke kako pesna dega Grcija ima i te kakva podrska od evropa t.e germanija i francija sto ne vi e jasno uste ??? |
| Поголемо понижување од банкротот нема, 27.02.2012 13:37:04 | Европејците и Американците се плашеле дека едно понижување околу спорот за името би можело да предизвика експлозија и излив на гнев во грчкото општество??? А дали им е малку гајкле за нашиот гнев и понижувањето што го трпиме со години??? |
| РНД, 27.02.2012 13:47:54 | Ајде нека помине и 2012 па во 2013 нека се отвори Букурешкиод договор од пред 100 години па светот да види “чиј задник е валкан“. Доста беше глумење на добрососедсвто и понизност пред западот - тие не имаат ставено во јамата - тие нека не извадат... Нема потреба од менување на име или идентитет. Ние сме тие што сме - без разлика што велат лоповите од југот !!!! |
| До РНД, 27.02.2012 15:49:10 | Букурешкиот договор е одамна отворен и јавен. Во него нема ништо тајно.Таму се дефинирани новите граници на државите ,кои учествувале во Балканските војни и репарациите што треба да ги платат поразените земји.Македонија во него не се ни спомнува. |
| von kragh, 27.02.2012 17:40:49 | Se nerviram vaka koga citam,mi e krivo za Mak. moja zemja e... No toa e toa, po se izgleda deka kako Gospod nikoj ne e... Pravime se, da bideme del od toa j..... semejstvo, i ne i ne i ne... Lele Boze moj ako samo bidne taka kako ti sto mi kaza, lele cija majka ke kuka, koj ziv alot ke im go gleda... Daj Boze moj mili prati go Princot od Kitim kako sto stoi i pisuva za ednas zasekogas da se stavi tvojot zakon za zakon... Da temnite deca (sons of darkknes) dobijat toa sto go zasluzuvaat... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ведро
|
Среда
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 2°C
|
Четврток
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|