27.03.2012, 09:59 Раниери доби отказ од Интер
Клаудио Раниери веќе не е тренер на Интер, откако синоќа раководството на повеќекратниот италијански првак му врачи отказ
Серијата слаби резултати и последниот пораз во неделата од Јувентус беа причината првиот човек на „нероаѕурите“ Масимо Морати да се одлучи за смена на тренерското место.
За в.д. прв тренер на Интер назначен е досегашниот член на стручниот штаб Андреа Страмачони.
Раниери е четвртиот тренер по „ерата“ на Мурињо, кој пред истекот на договорот го напушта клубот. Претходно Џампјеро Гасперини, Леонардо и Рафаел Бенитез добија откази поради слаби резултати.
Во моментов Интер е на осмото место на табелата во Серија А и неизвесен е неговиот настап во еврокуповите следната сезона.
Според медиумите во Италија 36-годишниот Страмачони е само преодно решение до назначување нов шеф на стручниот штаб, место за кое најсериозно конкурираат Синиша Михајловиќ, Андре Вилаш Боаш, Валтер Ѕенга и Лорен Блан. |