29.03.2012, 12:30 Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Тимот на Мобилната единица за прекуграничен криминал при Секторот за гранични работи и миграции (СГРМ), по извршена контрола на камион „мерцедес“, со кумановски регистерски ознаки, пронајде и одзеде поголема количина парфеми и рачни часовници со сомнително потекло.
Камионот, сопственост на фирмата „Лека транспорт“ - Куманово кое превезувало разна стока на релација Бугарија-Македонија-Косово, а увозник била фирмата “Дона турс“ од Приштина, е сопрено поради претходно добиени опративни сознанија дека во него се превезува криумчарена стока, информира МВР.
- Во содејство со Царинските служби скината е пломбата на камионот и на царинскиот терминал Дени-Интернационал беше извршен детален преглед на возилото. Притоа, беше пронајдена и одземена криумчарена и брендирана стока и тоа парфеми: „Paco Rrabane“ - 32 парчиња; „Emporio Armani“ - 10 парчиња; „Lacosta“ - 7 парчиња; „Calvin Clein“ - 4 парчиња; „Gucci“ - 3 парчиња; „Hugo Boss“ - 6 парчиња. Потоа следните марки рачни часовници: „Calvin Clein“ - 102 парчиња; „Emporio Aarmani“ - 9 парчиња; „Dolche Gabana“ - 120 парчиња; „Ferarri“ - 102 парчиња; како и 198 парчиња електрични сијалици „Phillips“ и 84 комплети телескопски метални палки „Police”, се вели во соопштението од МВР. |