29.03.2012, 16:27 Пожар во фабриката за безалкални влакна
Гостивар - Изгоре магацинот за картонска и пластична амбалажа на Фабриката за безалкални стаклени влакна и финални производи во индустриската зона на Гостивар. Во гостиварската противпожарна единица пожарот бил пријавен вчера во 12,15 часот. Десетина пожарникари со четири возила за кратко време успеале да го стават огнот под контрола и да не дозволат да се прошири на производствените погони. Фабриката веќе седум години е под клуч.
Според неофицијални извори, пожарот бил предизвикан од непознато лице, кое на источната страна на фабриката, покрај жичената ограда, ја запалило меѓата на сува трева. Огнот за кратко време се проширил во дворот на фабриката и го зафатил магацинот за картонска и пластична амбалажа, кој целосно изгоре.(К.К.)
|