Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
31.03.2012, 18:57

МВР пресече меѓународен хероински канал

Македонската полиција вчера пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација Македонија – Грција и понатамошен транспорт во Шпанија во рамки на акцијата „РЕАЛ“.

Како што соопшти МВР, идентификувани се осум членови на криминалната група, македонски државјани на возраст од 25 до 63 години.

Одделот за недозволена трговија со дрога (ОНТД) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе поднесе кривична пријава против лицата Б.И.(1986) од село Студеничани, М.А.(1972) и М.П.(1971) двајцата од Велес, А.Г.(1948) од Охрид, М.Н.(1965) од село Калишта, Струга, Д.Д.(1982) од село Ливада и Струга, О.М.(1978) од Скопје за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а Б.С.(1983) од Велес, полициски службеник кој и помагал на криминалната група ќе биде пријавен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Од страна на Одделот за недозволена трговија со дрога подолго време е водена истрага против организираната криминална група од Македонија која се занимавала со недозволена трговија со хероин, при што вчера во 14 часот при преземени координирани мерки и активности на граничниот премин „Богородица”, сопрено е патничко возило „опел омега” со скопски регистарски таблици, управувано од О.М. (1978) од Скопје. При извршениот преглед на возилото во задната лева фабричка шуплина на багажниот простор пронајдени се пет пакувања во правоаголна форма облепени со широка бела селотејп лента, во кои имало два килограми и 460 грама високо квалитетен хероин.

Вредноста на запленетиот хероин на наркопазарот во Европа се проценува дека изнесува околу 100.000 евра на големо, додека на мало може да достигне три пати повисока цена.

При реализација на случајот извршени се пет претреси во домови и други простории на подрачјето на Скопје, Велес, Струга и Охрид, при што не се пронајдени предмети од интерес на службата.

Осомничените и претходно и се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се процесуирани кривични пријави, а за дел од нив постоеле оперативни сознанија дека се дел од таканаречената „Франкфурт мафија“.

Од ОНТД ќе бидат преземени дополнителни мерки и активности заради утврдување на други лица припадници на криминалната група и целосно расчистување на случајот.


Статијата е прочитана 1153 пати.

Испрати коментар



Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
ОХИС повторно се продава
Пожар во фабриката за безалкални влакна
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени
Албанска партија промовира обединување на Албанија и Косово
Џорџ Буш постариот ќе го поддржи Мит Ромни
Борисов- Бугарија ќе стане гасоводен центар на Балканот
Грчката полиција пронајде статуа стара 2.500 години во близина на Атина
Европскиот парламент може да го отфрли договорот АКТА
Пад на индустриското производство за 8,8 проценти
Уставниот суд укина 12 члена од Законот за лустрација
Иванов го разреши Боцинов од директор на Агенцијата за разузнавање
Работник загина при ископ во Лисиче
Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за половина денар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 2°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |