Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.03.2012, 15:51

Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште

Пријавите се поднесени од полицијата за физички напад, а многу е веројатно дека ќе следуваат дополнителни санкции од училиштето

Двајцата професори од Државното средно хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“, кои беа инволвирани во завчерашниот инцидент, ќе се гонат со прекршочни пријави. Како што потврдуваат од Министерството за внатрешни работи, за професорите Ј.Б.(29) и Б..Х.(25) веќе се поднесени пријави за сторен физички напад.

Какви мерки ќе преземе раководството на училиштето засега е неизвесно бидејќи, како што велат оттаму, тие ќе причекаат на службеното известување на полицијата, па дури потоа ќе решаваат какви санкции ќе бидат преземени.

„Се' додека не го добиеме полицискиот извештај нема да бидат преземани никакви чекори. Доколку навистина се потврди дека за двајцата професори ќе бидат поднесени прекршочни пријави, тогаш ќе одлучиме што ќе правиме. Ние во училиштето имаме кодекс на однесување, кој не важи само за учениците туку и за наставниот кадар, што, пак, значи дека кодексот треба сите да го почитуваат“, вели Павле Павлов, директор на средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“. Тој појаснува дека токму професорите по хемија и англиски јазик имаат договори кои се на сила заклучно со 31 август оваа година.

Најновниот инцидент во средното хемиско училиште, всушност, претставуваше инцидент во низа. Имено, се' почнало кога еден ученик од втора година удрил по рамо една година помлада соученичка. За ударите девојчето го информирало професорот по хемија Б.Х., кој нападнал еден од учениците. Го спасило обезбедувањето на училиштето. Потоа следел уште еден инцидент, кога професорот по англиски јазик нападнал друг ученик и го турнал по скалите. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 716 пати.

Испрати коментар



МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
��очина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
ОХИС повторно се продава
Пожар во фабриката за безалкални влакна
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени
Албанска партија промовира обединување на Албанија и Косово
Џорџ Буш постариот ќе го поддржи Мит Ромни
Борисов- Бугарија ќе стане гасоводен центар на Балканот
Грчката полиција пронајде статуа стара 2.500 години во близина на Атина
Европскиот парламент може да го отфрли договорот АКТА
Пад на индустриското производство за 8,8 проценти
Уставниот суд укина 12 члена од Законот за лустрација
Папата се сретна со кубанскиот претседател Раул Кастро
Иванов го разреши Боцинов од директор на Агенцијата за разузнавање
Работник загина при ископ во Лисиче
Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за половина денар



mario.usa, 30.03.2012 22:10:06
nemoj da gi osuduvate profesorite.denesnive deca[neka ni se zivi i zdravi]nemaat nikakva kultura[so isklucoci,se razbira] i se odnesuvaat kako divjaci i kreteni.kreteni zatoa sto roditelite im se kreteni i ne gi vospitale.koga na takvite kreteni nekoj ce im stapne na vrat oti ne moze vece da gi trpi,togas malite kretencinja gi vikaat mama i tato kretenite da pokazat sila nad profesorite.zatoa i ni se slucija site onie kretenski raboti po avtobusite i skolite.obicna bandi od kreteni podrzani od nivnite roditeli kreteni.me interesira dali policijata prevzema merki protiv ovie kreteni ili i taa se kretenizira?.
Biljana, 31.03.2012 00:08:37
A zasto se krie identitetot na profesorite?Ne se maloletnici pa da gi pisuvate so inicijali.
Nikogo, 31.03.2012 08:40:39
Eh bre Biljana, ako se otkrije identitetot togas nema dobri oceni bez da se uci. Pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |