Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
30.03.2012, 14:23

Овации за Фишер во „Стејплс центар“, Оклахома ги доби лејкерси

Дерек Фишер на паркетот мина 16 минути и учествуваше со седум поени во триумфот на Оклахома над „езерџиите“ со 102:93

Дерек Фишер беше дочекан со овации од публиката во неговото прво враќање во „Стејплс центар“ по долгогодишната соработка со тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Во игра влезе од клупата, на паркетот мина 16 минути и учествуваше со седум поени во триумфот на Оклахома над „езерџиите“ со 102:93. Најзаслужни во петтата победа на тандерси, според очекувањата, беа Расел Вестбрук и Кевин Дурант кои комбинирано уфрлија 57 коша, но екипата за првпат по четири натпревари падна под 50 отсто успешност при ударите од поле. Прв стрелец во домашниот состав беше Ендрју Бинам со 25 коша и 13 скока, Коби Брајант постигна 23.

Екипата на Мајами, пак, ја прослави 15. победа на домашен терен. „Жешките“ беа убедливи против Далас со 106:85 во реприза на минатогодишното финале во НБА-лигата. Дури шест играчи во победничкиот состав завршија со двоцифрен број уфрлени поени. По 19 дадоа Крис Бош и Леброн Џејмс, по 16 впишаа Двејн Вејд и Удонис Хаслем. Мајами го обезбеди 36. сезонски триумф во последниот период од средбата што го доби со 26:13. Лидер на маверикси беше Дирк Новицки со 25 поени, 12 додаде Ламар Одом, по 11 уфрлија Винс Картер и Брендон Рајт.

Резултати: Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома 93:102, Мајами - Далас 106:85, Портланд - Њу Орлеанс 99:93, Индијана - Вашингтон 93:89.


Статијата е прочитана 555 пати.

Испрати коментар



Само бод за Манчестер Сити против Сандерленд во Премиер лигата
Милан и Барселона тактички, Баерн подобар во гости
Оклахома не запира, нова вечер за паметење на Брајант
Денис Родман банкротирал и е тешко болен
Реал пресилен за Апоел (0:3), Челси со гол предност пред Бенфика
Одредени двојките за четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони
Раниери доби отказ од Интер
Манчестер Јунајтед се врати на чело на табелата во Премиер лигата
Металург нема да го игра натпреварот со Вардар Про од СЕХА лигата
Ракометарките убедливо поразени во Франција
МЗТ Скопје Аеродром победник на кошаркарскиот Куп на Македонија
Фернандо Алонсо најдобар во Малезија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |