Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
31.03.2012, 11:45

Меркел: Иднината на ЕУ е политичка унија

Германската канцеларка, Ангела Меркел е оптимист и верува дека заедничката европска валута, еврото има смисла и покрај проблемите кои ги имаат Грција, Португалија и Шпанија, јави дописникот на МИА од Прага.

- Во секој случај е грешка дека сме се уште далеку од политичка унија. Тогашната одлука за заедничка валута, беше историски исправен и решавачки чекор. Но, денеска гледаме дека и така важен стабилизирачки пакт речиси не беше добро закотвен. Правилата не се заоструваа, туку „омекнуваа“ и тоа сметам дека беше сериозна грешка, изјави Меркел за чешкиот весник „Лидове новини“.

Идната политичка унија, според канцеларката, би требало да изгледа така што Европската комисија би била како влада на ЕУ, а Европскиот парламент би бил нејзин орган за контрола.Европскиот совет составен од шефовите на владите на одделни членски земји би можел да бидат втора Комора на Парламентот.

Останува прашањето, колку сложен процес би бил патот на таквата федерализација на Европа.

За Меркел, важен чекор за идната политичка унија е оствареното потпишување на фискалниот пакт на ЕУ за одржување на буџетската политика од страна на сите потписници. Иако Чешка и Велика Британија не го потпишаа Договорот, за Меркел тоа не значи дека чешката држава ќе биде изолирана во рамки на Унијата. Таа упати пофалби за работата на Владата на Петр Нечас и реформите кои се обидува да ги спроведе.

- Ја почитуваме одлуката на Чесите да ја користат нуклеарната енергија, нашите соседи за тоа одлучуваат самостојно, одговори Меркел на прашањето во врска со користењето на нуклеарната енергија, со оглед на тоа што Германија одлучи да ги затвори нуклеарките по 2022 година.


Статијата е прочитана 514 пати.

Испрати коментар



Инцидент при отворањето на новиот салон на „Нептун“
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
ОХИС повторно се продава
Пожар во фабриката за безалкални влакна
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени
Албанска партија промовира обединување на Албанија и Косово
Џорџ Буш постариот ќе го поддржи Мит Ромни
Борисов- Бугарија ќе стане гасоводен центар на Балканот
Грчката полиција пронајде статуа стара 2.500 години во близина на Атина
Европскиот парламент може да го отфрли договорот АКТА
Пад на индустриското производство за 8,8 проценти
Уставниот суд укина 12 члена од Законот за лустрација
Папата се сретна со кубанскиот претседател Раул Кастро
Иванов го разреши Боцинов од директор на Агенцијата за разузнавање
Работник загина при ископ во Лисиче
Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за половина денар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Понеделник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |