| 31.03.2012, 19:08 Само бод за Манчестер Сити против Сандерленд во Премиер лигата  
 Последниот натпревар од оваа рунда Блекбурн – Манчестер Јунајтед се игра в понеделник Екипата на Манчестер Сити полека ја губи борбата за шампионската титула откако попладнево во натпревар од 31.коло одигра нерешено 3:3 со Сандерленд пред своите навивачи.
 Популарните „граѓани“ со двата гола во последните минути успеаја да освојат еден бод и сега со натпревар повеќе имаат два бода помалку со Манчестер Јунајтед.
 
 На другите натпревари денеска беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – Челзи 2:4, Евертон – БВА 2:0, Фулам – Норвич 2:1, Квинс Парк Ренџерс – Арсенал 2:1, Виган – Стоук 2:0 и Вулверхамптон – Болтон 2:3. Утре играат: Њукасл – Ливерпул и Тотенмхем – Свонси.
 
 Последниот натпревар од оваа рунда Блекбурн – Манчестер Јунајтед се игра в понеделник. Табела: Манчестер Јунајтед 73 бодови (натпревар помалку), Манчестер Сити 71, Арсенал 58, Тотенхем 55 (натпревар помалку), Челзи 53, Њукасл 50 (натпревар помалку), Евертон 43, Ливерпул 42 (натпревар помалку).
 |