03.04.2012, 09:01 Фатален пожар на московски пазар
Најмалку 15 мигранти се жртви на пожарот што се случи утрово. Неколку часа претходно гореше облакодер во Москва
Бројот на жртвите во пожарот, што се случи изутринава на пазар за градежни материјали во јужниот дел на Москва достигна 15 лица, соопшти прес службата на градската полиција.
Претходно беше соопштено дека загинале 12 лица.
Според московските органи на редот, жртвите се граѓани на Таџикистан, кои живееле и работеле на самиот пазар. Првичните информации на федералната служба за имиграција покажуваат, дека најверојатно станува збор за лица без регулиран престој во Русија.
Телата се откриени во изгорена двокатна доградба на пазарот. Во градбата живееле 15 странски работници. Најверојатно причина за пожарот е расипан електричен апарат.
Формирано е кривично дело за прекршување на нормите за противпожарна безбедност, што доведе до смрт на две и повеќе лица.
Во врска со инцидентот Министерот за вонредни ситуации Сергеј Шојгу предложи заеднички проверки со федералната служба за имиграција на местата, каде работниците жи��еат во несоодветни услови. - Треба да откриеме кој ги сместил таму, истакна тој.
- Загинаа луѓе и несоодветно е некој да се оправдува дека тие биле работници или гастарбајтери. Прашањето е друго. Тоа се луѓе. И кога веќе живеат таму, треба да им бидат обезбедени сите услови, нагласи Сергеј Шојгу
Пожарот се случи неколку часа по пламените јазици во еден московски облакодер во кој никој не беше повреден. |