05.04.2012, 11:31 НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Ова го оценува Сали Пеинтер главен оперативен директор на „Блу Стар стратегии“ во анализата објавена во весникот „Хил“ на американскиот Конгрес
Централниот столб на НАТО – проширувањето, е отфрлено од агендата во Чикаго. Тоа мора да се поправи. Одбивањето прием на земјите како што е Македонија, која ги исполни сите потребни услови и постојано придонесува во колективната одбрана на Алијансата, ги ослабнува клучните регионални цели на безбедноста, стабилноста и просперитетот.
Ова го оценува Сали Пеинтер главен оперативен директор на „Блу Стар стратегии“ во анализата објавена во весникот „Хил“ на американскиот Конгрес.
- Со пресудата на Меѓународниот суд на правдата се расчисти законскиот и политички пат за заокружување на зачленувањето на Македонија, а тоа ќе ја натера Грција да прифати компромисно решение и да се откаже од отровниот етнички спор. Таков чекор ќе ја потврди определбата на НАТО за зајакнување на Алијансата, која, како што напиша и самиот генерален секретар, мора да биде „Алијанса што постојано ќе се менува за да може да се справува со денешните и со утрешните безбедносни предизвици.“ Самитот во Чикаго е времето и местото каде сојузниците на НАТО да покажат лидерство и спремност за проширување и политика на „отворени врати“ за сите членки што ги исполниле условите, оценува Пеинтер.
Таа потсетува дека Северноатлантската алијанса предвидува оти секоја европска држава што е квалификувана за членство и може да придонесе во сигурноста на Алијансата е достојна за членство, а Македонија, вели, ги исполнува обата услова.
- Македонија долго придонесува во целокупната безбедност на НАТО, учествувајќи во регионалните мировни мисии во 1999, како и во војните во Иран и во Авганистан. Таа го заврши Акцискиот план за членство во 2008 – што обично е конечниот чекор пред приемот – пред да биде блокирана од грчкото вето, вели Пеинтер.
Судот во Хаг, појаснува таа, решително заклучи дека проблемот со името не може да се користи како изговор за да се одбие членството на Македонија, а генералниот секретар Расмунсен сепак останал на тоа дека таа одлука не менува ништо и дека приемот на Македонија може да следува само откако ќе се реши проблемот со името, што го одложува процесот на прием на неодредено време.
Во тој контекст таа со прашање зошто се одложува проширувањето кое, вели, може да има негативни последици врз регионалната стабилност и да покрене проблематични прашања за институционалната сила на Алијансата.
- Одбивањето на Македонија претставува опасен преседан за другите регионални ривали дека една земја може бесконечно да го попречува приемот на друга земја. Ова може да се покаже како поттик за држење на приемот во НАТО како заложник на билатералните неправди. НАТО треба да претставува сила на уште поголемо зближување на европските нации низ заемни жртви и низ заеднички интереси, а оваа позиција го има спротивниот ��фект, порачува Сали Пеинтер главен оперативен директор на „Блу Стар стратегии“, која посготвува анаализи и стратегии за потребите на влади, меѓународни организации и институции.
|